Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација
1Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација
3Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
ФудбалФенербахче разгледува опции за влез во друга европска лига Во Турција продолжуваат да се шират информации дека Фенербахче е подготвен да го напушти локалниот шампионат, па дури и да се обиде во иднина да влезе во друга лига од Европа.Според фудбалскиот коментатор Ертем Сенер, раководството на турскиот клуб разгледува неколку опции кои звучат сензационално. Станува збор за првенствата во Белгија, Холандија, Шпанија, Франција и Италија. Секако, дури и да се донесе таква одлука, не е јасно дали споменатите федерации би се согласиле да го вклучат 19-кратниот шампион на Турција во нивните првенства. Во Фернербахче почнаа да размислуваат за ваква невидена одлука по скандалите по мечот со Трабзонспор, кога навивачите на ривалот нападнаа играчи на „жолто-сините“. Клубот е крајно разочаран што сè уште не е преземено посериозно дејствие по инцидентот и генерално се на мислење дека клубот бил неправедно третиран од властите во Турција во последните години. Информациите од Турција велат дека клубот свикал вонреден состанок на 2 април за да одлучи дали тимот ќе продолжи да игра во Супер лигата или ќе ја напушти целосно Турција. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилацијаСкопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала. Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музејГрадоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка.Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј. Согласно договорот, учениците од основните училишта во Карпош во текот на учебната 2026/2027 година ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки. Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и природното наследство, но и наставните содржини да се изучуваат на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современо образование и создавање нови можности за учење и развој на најмладите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возењеСо учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина. При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL. Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.Тагови: ROADPOL Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21