Ексклузивно: Стефанова не дава согласност за времен пасош за Камчев и Панделевски - Канал 5

Ексклузивно: Стефанова не дава согласност за времен пасош за Камчев и Панделевски

Обвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење по барањето на Орце Камчев за времен пасош.

Ексклузивно: Стефанова не дава согласност за времен пасош за Камчев и Панделевски

Информацијата за Канал 5 ја потврдија од обвинителството од каде велат дека мислењето веќе е доставено до Кривичниот суд кој треба да се произнесе. Камчев е осомничен во случајот „Империја“ а времениот пасош кој претходно го доби со одобрение од екс специјалната обвинителка Катица Јанева му истече во петокот.

Минатата недела тој повторно достави барање за нов времен пасош во траење од една година. Освен него таква патна исправа бараше и Цветан Панделевски кој исто така е осомничен во империја, но и за него обвинителката Стефанова исто така дала негативно мислење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија.

„Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот.

Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт.

Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата.

„Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб.

Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата.

Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски напад со дронови среде сообраќајниот шпиц кај Киев, има загинати (ФОТО)

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во напад со руски дрон што утринава погоди колона возила во областа Холосиевски во Киев.

Руски напад со дронови среде сообраќајниот шпиц кај Киев, има загинати (ФОТО)

Локалните власти ја потврдија информацијата, објавува Киев Индепендент.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека дронот се урнал во близина на бензинска пумпа. Украинската државна служба за вонредни ситуации објави детали за жртвите и рече:

„Непријателот повторно цинично напаѓа цивили. Зад секој таков удар стојат човечки животи, болка и уништени судбини.“

Обвинителството на Киевската област објави фотографии од местото на нападот, на кои се гледаат неколку запалени автомобили по автопатот Киев-Одеса. Обвинителството соопшти дека започнало истрага за инцидентот за кршење на законите и обичаите на војување.

Украинските служби за вонредни ситуации објавија уште еден напад што се случил порано тоа утро. Три лица загинаа, а најмалку шест други беа повредени во напад врз производствен и магацински објект во Обухив, град јужно од Киев.

Гувернерот на регионот Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите се две жени и еден маж. Тој додаде дека пожарот во погодениот објект е изгаснат.

Според соопштението на украинските воздухопловни сили, Русија ја нападнала Украина со 165 беспилотни летала „Шахед“ и други беспилотни летала во текот на ноќта меѓу 19 и 20 октомври. Од нив, 105 биле со млазен погон.

Воздухопловните сили соопштија дека 115 руски беспилотни летала биле соборени или електронски неутрализирани на 30 локации, од кои 73 биле со млазен погон.

Киев и другите градови се повеќе се цел на беспилотни летала со млазен погон, кои беа поретки минатата зима. Овие авиони се побрзи и летаат на поголеми височини од постарите руски модели со пропелер, што ги прави потешки за пресретнување од страна на украинската воздушна одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: Ова е хибридна војна, никој не може да ме собори со насилство

Албанските студенти влегоа во осмиот ден од масовните протести во Тирана, а утринава им се приклучија и универзитетските професори, кои заедно маршираа кон зградата на Владата.

Рама: Ова е хибридна војна, никој не може да ме собори со насилство

Премиерот Еди Рама се обиде симболично да понуди дијалог, поставувајќи празни столчиња пред својот кабинет, но демонстрантите ги отстранија, порачувајќи дека нема компромис без оставки и системски реформи.

Изминатите денови демонстрантите фрлаа камења, петарди и молотови коктели, додека полицијата интервенираше со солзавец и водени топови.

Според албанските медиуми, билансот од повеќедневните протести е над 300 повредени и стотици приведени лица. Меѓу повредените има околу 190 полицајци, 88 демонстранти и 31 случаен минувач. Во немирите има и запалени објекти и голема материјална штета.

Албанскиот премиер тврди дека насилните протести се злоупотребуваат за хибридна војна, дестабилизација на земјата и попречување на евроинтеграциите, најавувајќи строги санкции за учесниците во насилствата.

-Овие предупредувања и закани главно ги упати кон најмладите, бидејќи на протестите има тинејџери од 14, 15 и 16 години кои се приведени од полицијата, а полицијата не може да ги процесира и да разликува кој е под, а кој е над 18 години. Затоа ги даде тие закани. И денеска кажа нешто дополнително: дека ќе се менуваат Кривичниот законик и кривичното законодавство во Албанија. Досега морате да имате 18 години за да завршите во затвор, а сега тој најавува дека и лица од 16 години би можеле да се соочат со кривични обвиненија – објаснува новинарот,- изјави – Нолјан Лоле, главен и одговорен уредник на „РТШ 24“, Албанија.

Според Лоле, протестите и понатаму имаат поддршка од граѓанскиот сектор, но таа поддршка не значи и оправдување на насилствата што изминатите денови ја потресоа Тирана.

-Граѓанскиот сектор ги поддржува протестите, но се противи на насилството. Тоа е најпрецизниот начин да се каже – вели– Нолјан Лоле, главен и одговорен уредник на „РТШ 24“, Албанија.

Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франција, по насилните судири со полицијата, во делови од Париз и други градови е воведен ноќен полициски час, а најавени се и засилени истраги.

Тензично е и во Италија, каде по дводневните немири во Милано се приведени 271 лице, од кои 220 малолетници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер