Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
ЕвропаРама: Ова е хибридна војна, никој не може да ме собори со насилствоАлбанските студенти влегоа во осмиот ден од масовните протести во Тирана, а утринава им се приклучија и универзитетските професори, кои заедно маршираа кон зградата на Владата. Премиерот Еди Рама се обиде симболично да понуди дијалог, поставувајќи празни столчиња пред својот кабинет, но демонстрантите ги отстранија, порачувајќи дека нема компромис без оставки и системски реформи. Изминатите денови демонстрантите фрлаа камења, петарди и молотови коктели, додека полицијата интервенираше со солзавец и водени топови. Според албанските медиуми, билансот од повеќедневните протести е над 300 повредени и стотици приведени лица. Меѓу повредените има околу 190 полицајци, 88 демонстранти и 31 случаен минувач. Во немирите има и запалени објекти и голема материјална штета. Албанскиот премиер тврди дека насилните протести се злоупотребуваат за хибридна војна, дестабилизација на земјата и попречување на евроинтеграциите, најавувајќи строги санкции за учесниците во насилствата. 🇦🇱 Las protestas masivas contra el gobierno en la capital de Albania, Tirana, siguen desde hace varias semanas, causando importantes daños y lesiones. Enfrentamientos diarios en las calles entre los manifestantes y la policía albanesa. https://t.co/nwIFSjQVdz — † Rafa Folgado נוֹצְרִי🇪🇸✋️ (@elsoberado) October 20, 2026 -Наставници, наставници! Оние што ги земаат учениците и ги изведуваат од училиштето, како што се случи во Лежа. Таа наставничка и тие наставници повеќе нема да ја видат вратата на училиштето. И повеќе нема да имаат никаква улога како државни службеници. Никогаш повеќе во државна служба! На сите семејства на тие малолетници им велам: Ќе платите! Финансиската сметка за сета таа штета ќе ве следи до крај. Оние студенти што излегуваат и вршат насилство врз државната полиција нема да добиваат стипендии, нема да имаат финансиска поддршка од државата. Ако сакаат да го продолжат студирањето... откако фрлале камења!- изјави – Еди Рама, премиер на Албанија Главниот и одговорен уредник на „РТШ 24“, Нолјан Лоле, за Канал 5 вели дека состојбата во Тирана се смирува, иако протестите продолжуваат. Според него, предупредувањата на Рама се насочени кон малолетните демонстранти, за кои власта најавува и законски измени. -Овие предупредувања и закани главно ги упати кон најмладите, бидејќи на протестите има тинејџери од 14, 15 и 16 години кои се приведени од полицијата, а полицијата не може да ги процесира и да разликува кој е под, а кој е над 18 години. Затоа ги даде тие закани. И денеска кажа нешто дополнително: дека ќе се менуваат Кривичниот законик и кривичното законодавство во Албанија. Досега морате да имате 18 години за да завршите во затвор, а сега тој најавува дека и лица од 16 години би можеле да се соочат со кривични обвиненија – објаснува новинарот,- изјави – Нолјан Лоле, главен и одговорен уредник на „РТШ 24“, Албанија. Според Лоле, протестите и понатаму имаат поддршка од граѓанскиот сектор, но таа поддршка не значи и оправдување на насилствата што изминатите денови ја потресоа Тирана. -Граѓанскиот сектор ги поддржува протестите, но се противи на насилството. Тоа е најпрецизниот начин да се каже – вели– Нолјан Лоле, главен и одговорен уредник на „РТШ 24“, Албанија. Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франција, по насилните судири со полицијата, во делови од Париз и други градови е воведен ноќен полициски час, а најавени се и засилени истраги. Тензично е и во Италија, каде по дводневните немири во Милано се приведени 271 лице, од кои 220 малолетници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook