ЕДНА Е МАЈКА

​Од понеделник до петок, по 21 часот!

Нефисе е млада мајка на четири деца. По смртта на нејзиниот сопруг таа станува глава на семејството и дава сè од себе за да ги израсне и изведе децата на прав пат. Напорно работи во еден ресторан, но никако не може да заработи доволно пари за да им го пружи сето она што им е потребно.

На разбирање наидува само од најстарата ќерка Зејнеп. Само таа ја разбира жртвата на мајка ѝ и прави се’ за да ѝ помогне.

Еден ден Нефисе нема кому да ја остави најмалата ќерка и ја зема со себе во ресторанот. Тој ден го губи работното место, на кое работи без никакво осигурување, и не може да си ја земе последната плата. Нефисе е во очајна ситуација и нема што друго да прави, освен да украде храна од ресторанот во замена за нејзината последна плата. Додека бега од ресторанот со храната, налетува на Музафер , кој што е ранет и му помага повикувајќи итна помош.

Музафер е средовечен успешен бизнисмен. Нападнат е од неговите конкуренти, но на крајот, благодарение на Нефисе, сепак успева да преживее. Откако ќе се разбуди во болница, сака да ја пронајде убавате жена која го спаси. Но, тој не знае ништо за неа – ниту нејзиното име, ниту адресата на живеење.

По чиста случајност, Нефисе и Музафер се среќаваат наскоро потоа. Роднина на Нефисе работи за Музафер , па така ќе најде работа и за Нефисе. Кога и да ја погледне Нефисе, Музафер е воодушевен од нејзината чистота и срамежливост. Ѝ нуди една сосема поинаква работа: Нефисе да биде лицето на неговата компанија.

Во меѓувреме, Онур, полубратот на Музафер, се среќава со Зејнеп во компанијата. Следуваат бурни промени и во животот на Зејнеп, не само на Нефисе.

Ќе успее ли Нефисе да им обезбеди на своите деца можност за добра иднина? Што ќе стори Музафер кога ќе дознае дека Нефисе има четири деца? Дали Ахмет ќе ја напушти Зејнеп и ќе ѝ дозволи да пронајде вистинска љубов? Дали Онур и Зејнеп ќе ги надминат пречките и на крајот ќе најдат вистинска љубов? Сите одговори доаѓаат на програмата на Канал 5, во новите епизоди од „Една е Мајка“, од понеделник до петок по 21 часот.

Главни ликови:

Музафер: моќен и авторитативен деловен човек. Потекнува од богато семејство. Животот драматично му се менува откако ќе ја запознае Нефисе.

Онур: полубрат на Музафер. Успешен, млад и надежен бизнисмен. Со неговата љубов кон Зејнеп подготвен е да стори сè за да ги отстрани бариерите меѓу нив, како што се социјалните, културолошките и економските разлики.

Нефисе: мајка која ќе стори сè за своите деца. Се обидува со сите сили да го одржи семејството.

Зејнеп: најстарата ќерка на Нефисе. Млада е, но истовремено и зрела и сака да придонесе за доброто на семејството. Импресионирана е од љубовта на Онур кон неа.

Азиме: золва на Нефисе и слугинка во куќата на Музафер. Амбициозна е и итра и не може да одолее ако нешто може да ѝ донесе пари.

Сончево време со мала облачност на последниот ден од летото

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На последниот ден од летото, минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, а максималните од 23 до 29 степени. Во Скопје минимална температура до 10 степени, максимална до 29 степени.

УХМР и за првиот ден од есента најавува сончево време со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре ќе се бираат замениците-министри во Владата

Утре почнува собраниска седница на која треба да бидат избрани замениците-министри во Владата. На официјалниот сајт на Собранието, седницата е закажана за 11 часот.

Предлогот со заменици-министри, Владата го достави до Собранието во петокот.

Во одбраната за заменик-министер е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство.

Доктор Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство. Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска. /МИА

„Монструм" продолжува со сведоци на одбраната

Одбраната на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година, на денешното рочиште ќе ги престави своите сведоци.

Судскиот предмет „Монструм” е во фаза на доказна постапка. На претходните рочиште сведочеа разни полициски службеници како од Крим техника, така и од Одделениото за претрес, односно од Центарот за известување и командување на МВР. Заедничко нешто на сите овие сведоци беше дека не се сеќават добро на настанот, од причина дека се поминати повеќе години.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. /МИА

притисни ентер