Трикратниот шампион Игор Иџе Стефановски во поход по нова европска титула - Канал 5

Трикратниот шампион Игор Иџе Стефановски во поход по нова европска титула

Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Трикратниот шампион Игор Иџе Стефановски во поход по нова европска титула

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.

Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Најмалку 15 лица се удавија додека се обидуваа да стигнат до Сеута. Локалните власти апелираа до Мадрид за помош по неодамнешното зголемување на обидите за преминување на мигрантите, но вчера имаше хаотични сцени бидејќи граничните контроли не можеа да ги запрат.

Врховниот суд на Шпанија,овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат по брза постапка да бидат вратени во Мароко.

Шпанското министерство за внатрешни работи ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека го искористуваат тоа за „поттикнување на протокот на мигранти“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во Софија вчера се одржал првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на коридор 8.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот, соопштија од минситерството за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер