Николоски од Росоман: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско

Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи.

Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи, секако тука е делот на реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи и за тоа се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки некаде по стотини милиони евра. Понатаму враќање на системот за субвенции кои што е правичен и кој што значи според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја каде што огромни површини на земји ги земаат луѓе кои што не се по потекло од општината во која што добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ја подобрат состојбите во земјоделството, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Росоман во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски во текот на своето обраќање пред граѓаните од Росоман и на експресниот пат Прилеп-Градско кој е многу значаен за овој регион. Николоски вети дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши овој пат до 2027 година.

-Исто така тука е и инфраструктурата, тука поминува една од најзначајните артерии за целиот пелагониски регион, за цела централна Македонија, тоа е експресниот пат Прилеп-Градско кој што е симбол за неспособноста на СДС и ДУИ. 7 години не успеа да го изградат, но исто така е симбол и за криминалот на СДС и ДУИ затоа што бројни афери се поврзани за изградбата на овој пат. Ние ветуваме дека до 2026 година ќе се завршат двете фази од експресниот пат кој што требаше одамна да бидат завршени и третата фаза која што воопшто не е почната до сега, ќе биде завршена до 2027 година како би целосно се комплетирал овој експресен пат кој што треба да ја промени состојбата со економијата, со стопанството во целиот регион, потенцираше Николоски.

На крај тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ има уште многу други бројни проекти кои се значајни за граѓаните од овој период.

-Имаме и бројни други проекти кои се поврзани со сите области кои се од витално значење за сите вас со цел тука да остануваат луѓето, а не да бегаат надвор и да останува полето необработено, порача тој, се наведува во партиското соопштение.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Со цел да ги заштити своите војници од влијанието на оружјето произведено од Запад, Русија треба едноставно да ги повлече од територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.

-Ако (Владимир) Путин и руските официјални лица се загрижени дека нивните трупи во Украина би можеле да бидат погодени од оружје произведено во други земји, најлесниот начин да се избегне тоа е едноставно да ги повлечат своите трупи, вели Кирби.

Тој додава дека во моментов администрацијата не гледа вистински чекори од страна на Руската Федерација во однос на можна употреба на нуклеарно оружје и „покрај агресивната реторика“. /МИА

притисни ентер