Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов - Канал 5

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава.

АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

За две од лицата опфатени со кривичната пријава е определена мерка притвор, односно домашен притвор, а останатите три лица во моментот се на издржување казна затвор, односно мерка притвор во Казнено поправните установи за кривични дела поврзани со тероризам.

Наведените активности се преземени врз основа на претходно обезбедени информации од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и информации обезбедени во рамки на меѓународната стратешка соработка.

Според информациите со кои располага Агенцијата за национална безбедност, лицата како идеолошки поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“ во изминатиот период спровеле активности за воспоставување конекции со медиумски пропагандни канали на споменатата организација, но и создавање на локална мрежа преку која дисеминирале екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување на терористички активности во земјата. Како дел од групата, споменатите давале и логистичка поддршка на други лица, претходно веќе опфатени во контратерористички активности на Агенцијата.

Агенцијата за национална безбедност останува посветена на својата примарна превентивна функција да работи на ефикасно и навремено попречување на ризиците и заканите по националната безбедност, со цел заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукер: „Гарантирам – Модриќ ќе се врати во Реал“

Легендарниот хрватски фудбалер Давор Шукер предизвика големо внимание со својата изјава дека трофејниот Лука Модриќ би можел повторно да се врати во Реал Мадрид.

Шукер: „Гарантирам – Модриќ ќе се врати во Реал“

Во интервју за Радио МАРКА, поранешниот голгетер и еден од најголемите хрватски фудбалери зборуваше за иднината на капитенот на хрватската репрезентација, кој се соочува со важна одлука за продолжување на кариерата летово.

На прашањето дали Модриќ ќе ја продолжи кариерата во Милано или Мадрид, Шукер интригантно одговори: „Мислам дека нешто ќе се случи со Реал Мадрид“.

Кога новинарите директно го прашаа дали верува дека Модриќ ќе се врати во кралскиот клуб, Шукер немаше никакви сомнежи. „Тој дефинитивно ќе се врати, но не знам на кој начин. Да почекаме додека не заврши Светското првенство и ќе видиме што ќе се случи“, рече Шукер.

Неговите зборови веднаш предизвикаа бројни шпекулации за тоа дали Модриќ би можел да се врати како фудбалер, тренер, клупски амбасадор или на една од функциите во спортската структура на Реал.

Сепак, поранешниот хрватски репрезентативец не сакаше да открие повеќе детали.

„Не можам повеќе да зборувам, пријателе. Да оставиме нешто за подоцна, не може сè да се каже“, одговори тој со насмевка.

Потоа Шукер ги подгреа гласините со нова изјава: „Тој сигурно ќе направи нешто со Реал Мадрид, тоа ти го гарантирам.“ На крајот, тој уште еднаш нагласи колку го цени Модриќ, кого го смета за најголем хрватски фудбалер на сите времиња.

YouTube video

„Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот и, секако, најдобриот што Хрватска некогаш го имала“, заклучи Шукер. За време на својата брилијантна кариера, Модриќ остави длабока трага во Реал Мадрид - одигра 13 сезони, се појави во 597 натпревари, постигна 43 гола, освои 28 трофеи (шест Лиги на шампиони).

Сега останува само да се види дали навистина ќе се врати на Сантијаго Бернабеу по Светското првенство и во каква улога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

Ова е прв пат откако претседателот Трамп го презеде мандатот да објавиме заедничка декларација на самитот на Г7 и да најдовме заеднички јазик за најважните прашања од надворешната политика и безбедноста на нашето време. 

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина.

- Ова е прв пат откако претседателот Трамп го презеде мандатот да објавиме заедничка декларација на самитот на Г7 и да најдовме заеднички јазик за најважните прашања од надворешната политика и безбедноста на нашето време. Го сметам тоа за вистински успех. Тоа носи нова атмосфера, поврзана и со трансатлантското единство и решителност - рече Мерц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер