Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
2Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“
МакедонијаДвижење ЗНАМ: Коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието Пратеничката група на Движењето ЗНАМ денеска обвини дека СДСМ, ДУИ и Левица се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието и носењето на важни закони.Координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски попладнево на прес-конференција во Собранието рече дека вакви обиди ќе има и понатаму, но дека како пратеничка група тоа нема да го дозволат. - Вчера овие партии успеаја да го обесмислат институтот опозициски пратенички прашања на тој начин што наместо самите да ги поставуваат прашањата, бараа паузи и одлагање на седницата. Денес, пак, најпрво Левица побара пауза, а ние мислевме дека тоа е за да ја соберат својата пратеничка група и да бидат присутни. По паузата ниту еден претставник на политичката партија Левица не беше присутен. Веднаш потоа нивниот главен коалициски партнер ДУИ повторно побара пауза, наводно затоа што не биле материјалите преведени и на албански јазик, иако сите се уредно преведени. Сега очекуваме нивниот најмал коалициски партнер СДСМ да побара пауза. Главната цел зошто ова го прават е друга - опструкција на работата на Собранието и на многу важни закони кои што се на дневен ред, а со кои ќе се одблокира процесот со кој околу илјада инспектори во државните инспекторати да си ја земат платата. Вчера да не ги правеа овие опструкции, најверојатно веќе денес овие инспектори ќе си ја земеа платата. Оваа коалиција која се официјализира во Собранието ни покажува дека не само во врска со ова, туку и за многу други теми заедно ќе соработуваат и понатаму ќе се обидат да ја опструираат работата на Собранието и целата реформска агенда, рече Карапејовски. Пратениците од македонската опозиција на почетокот на денешната собраниска седница реагираа во однос на тоа што седниците се закажуваат во последен момент и дека се закажуваат во петок кога обично имаат средби со граѓани. -Согласно член 8 став 1 алинеја 1 од Законот за Собранието пратеникот покрај редовната работа во Собранието, остварува и контакт со граѓани. Согласно член 36 став 2 од Законот за Собранието секој петок се определува како ден за контакт на пратениците со граѓаните, избирачите во избирачката единица. Од нашиот координатор бевме информирани дека на последната координација е договорено петок да нема седници за пратениците да можат да остваруваат контакт со граѓани во нивните избирачки единици. Јас не знам какво е ова одржување на седница во петок која е закажана од денес за денес. Решението е од 17 јануари. Од денес петок за денес. СМС добивме во 9:45 часот наутро дека за три часа ќе има седница. Дел од колегите од нашата пратеничка група имаа закажано средби со граѓани. И јас имав закажано средби. Среќа што ми откажаа за утре. И немаше да дојдам. И што ќе беше после муабетот? Овој не доаѓа и затоа нема право на патни трошоци. Ова сега се финти. Вака финти ќе правиме. Од петок за петок ќе закажуваме седници? За да правите земање патни трошоци преку 10.000 евра годишно, така? И како знае мнозинството дека денеска ќе има седница? Зошто опозицијата не знае?, рече Сашко Јанчев од Левица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија08:32
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“Во Тиват денеска се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот. Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп за средба меѓу Путин и Зеленски?; „Не знам...“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се сретнат и да постигнат договор за прекин на конфликтот.Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог. „Не знам. Мило ми е што можеби ќе разговараат за средба. Мислам дека имаме многу врска со тоа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат - треба да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, според Скај њуз. Тој потсети дека претходно ја поддржувал идејата за трилатерален состанок, на кој би учествувале тој, Путин и Зеленски. Претседателот на Украина синоќа испрати отворено писмо до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое вели дека Украина е подготвена за прекин на војната и директни преговори на ниво на лидери, а кратко потоа Кремљ соопшти дека Путин ќе биде информиран за писмото и дека Путин рекол дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва во секое време.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕУ го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан за укинување на роаминготЕвропскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, и за вклучување во моделот „роаминг како дома“, односно укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан.Моделот „Роаминг како дома“ ќе им овозможува на корисниците од шесте земји од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет додека патуваат во странство без да плаќаат дополнителни трошоци за роаминг, под истите услови како и дома.по денешната одлука, Европската комисија ќе започне преговори со секоја од шесте земји на Западен Балкан. Пред да се вклучат во зоната „роаминг како дома“ секоја од земјите треба да спроведе законски измени и целосно да се усогласи со европското законодавство во областа на телекомуникациите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската унија и Западен Балкан зависи од динамиката на унијата, а според оптимистичко сценарио, тоа би можело да се случи на 1 јануари 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook