Две лица по третпат заразени со Ковид-19 - Канал 5

Две лица по третпат заразени со Ковид-19

Здрав млад кавадарчанец кој не е вакциниран, по трет пат „фатил“ корона, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје.

Две лица по третпат заразени со Ковид-19

Според податоците од ИЈЗ, тој спаѓа во возрасната група од 30-39 години и нема никакви хронични болести. Првите два пати минал лесно, се водел како асимптоматски случај и не завршил во болница. Бидејќи пред само три дена по трет пат добил позитивен тест, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Велес и лекарите, засега ја следат неговата состојба. Ова не е единствен случај на трета корона инфекција. Претходно по трет пат позитивен корона-тест доби и вакциниран пациент со бубрежна болест што оди на дијализа.

Според микробиологот Д-р Никола Пановски ваквите случаи се ретки, а и не се знае дали некој пат имале лажно позитивен тест, па вели „не е страшно и да има реинфекции, па макар се заразиле десет пати едно по друго, се додека од заразата не се умира“.

Според Д-р Пановски, доколку се потврди дека новиот сој „омикрон“ навистина дава лесни симптоми кои траат три дена и наликуваат на настинка, тогаш може да се каже дека се ближи крајот на пандемијата.

Сепак, вакцината засега останува единствено оружје за превентива од хоспитализација и смрт, па дел од земјите, како што е Грција, препорачуваат да се вакцинираат и децата од 5 до 11 години кои инаку примаат третина од дозата за возрасни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп помилува десетици луѓе, меѓу кои и долгогодишниот соработник на Џеј Зи

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела помилува 30 лица, вклучувајќи го и Емори Џонс, долгогодишен соработник на рап-могулот Џеј-Зи, објави „помилувачката“ од Белата куќа, Алис Мари Џонсон.

Трамп помилува десетици луѓе, меѓу кои и долгогодишниот соработник на Џеј Зи

Џонс отслужи речиси 16 години во федерален затвор поради обвиненија за дрога, напиша Џонсон во објава на социјалните мрежи во која ги објави помилувањата. Џеј-Зи, чија компанија „Рок Нејшн“ работеше, исто така побара казната на Џонс да биде ублажена во писмо до судијата.

„Њујорк тајмс“ објави дека меѓу другите помилувани е и поранешен синдикален шеф во Филаделфија осуден за поткуп и поранешен морнар во морнарицата затворен за прекршоци поврзани со огнено оружје. Трамп одобри помилувања за кривични пресуди и ублажи и намали казни за повеќе од 1.700 лица од почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа

Немам јас што да додадам на тоа што е веќе кажано од претходните говорници, можам само да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме.

Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа

Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава.

До сега имаме издвоено како Влада некаде околу половина милијарда евра за проекти, повеќе од 1.200 проекти што се завршени, што се завршуваат, што се отпочнуваат, уште мал дел и ќе се завршат.

Така што очекувам еве до крајот на годината овој проект да биде завршен од децентрализираните средства, од централниот буџет кон општините и веќе во следната година да размислуваме за нови средства коишто ќе ги одвоиме за општините, за реализирање на капитални инвестиции коишто имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.

Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за инспиративната работа којашто ја врши како градоначалник, да се заблагодарам на советниците во Советот коишто ја поддржуваат неговата работа, на администрацијата без којашто овие проекти би биле невозможни да се решат, на пратеничката којашто доаѓа од Гевгелија којашто се бори за проект повеќе за Гевгелија и се разбира и за овој дел од Македонија, на колегите од Владата, на министерот за култура и туризам, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на поранешниот министер за култура и туризам сега национален координатор, на сите институции коишто учествуваа во реализацијата на овој проект и на овие проекти бидејќи без тимска работа реализирањето на вакви проекти е невозможно.

Така што уште еднаш нека ни е со среќа и нека ни се множат вакви проекти.“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци.

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест.

Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите.

За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници.

Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување.

Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.

Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук.

Ова се истите методи на Вучиќ во Србија.

Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ.

Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите.

Нема да ви помине!

Доаѓа време на вистина и правда.

Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат - ќе одговараат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер