Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ЕвропаСтив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа во Москва – Путин: Секогаш се добредојдени гости во Русија Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, денеска пристигна во Москва.Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, денеска пристигна во Москва, а на аеродромот Внуково го пречека специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, пренесува ТАСС. Авионот со Виткоф и Кушнер слета во 12:52 часот по московско време. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања од новинари, рече дека американските сојузници Виткоф и Кушнер се секогаш добредојдени гости во Русија и дека Москва со задоволство соработува со нив. Американскиот портал „Аксиос“ објави во четврток, повикувајќи се на извори, дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека испратил специјални пратеници за да преговараат за решение на конфликтот во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари кога разговараа со Путин.Тагови: Виткоф Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожариВо Скопје се уште се чуствува мирисот од опожарената шума во близина на границата со Косово.. Противпожарните екипи деноноќно на терен - гори шума и ниска вегетација во повеќе општини низ земјава. Но бројот на пожари е многу поголем од оној кој што се објавува од службите, бидејќи се работи за оган кој се гасне во прва фаза, информира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување - Стојанче Ангелов. Во Скопје пак, сеуште се чувствува мирисот на чад од огнот кој гори во општина Ѓорче Петров веќе два дена. „Овој пожар денеска се движи во насока на село Никиштане но таму се распределени доволен број на скопски пожарникари со поддршка на огнените тимови на Дирекцијата и не претставува закана за ова село. Овој пожар може да се забележи и доколку некој патува кон Косово // На овој пожар со дејство започна еден полициски хеликоптер и два ер трактори на ДЗС. Активен пожар има и кај село Белица, општина Македонски Брод кој се одвива многу високо на тешко или целосно непристапен терен, но очекувам во текот на денот врз него да биде воспоставена целосна контрола.“ Искра од машина за косење трева управувана од 84 годишен маж утрово предизвикала вистинска драма на територијата на ловиштето Јасен - во гаснењето на пожарот бил вклучен и воздухоплов. Една искра е доволна за трагедија алармира Ангелов. Овој пожар е пример како пламените јазици лесно се распламтуваат и брзо се шират. Кога пристигнавме овде, навидум имаше само безопасен чад, за после само пет минути, убедливо да го зафаќа веќе целиот рид. Позади мене, исто така има хеликоптер кој е дојден да го гасне пожарот кој веќе ја зафати и територијата на Косово. Опасноста од пожари на отворен простор е се уште на многу високо ниво, со оглед на високите температури, предупредува Ангелов. Општинските пожарникари, огнените тимови на ДЗС како и екипа на Национални шуми и денеска продолжуваат со борбата против огнот кој ги демне македонските шуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живееМинистерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија.Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија. Реконструкцијата е реализирана со инвестиција од 41 милион денари. Старата чаршија, која од 2004 година е регистрирана како споменик на културата, повторно го добива заслуженото место во културниот и туристичкиот живот на Гевгелија. Во рамките на проектот се реставрирани фасадите на дуќаните, изведено е ново гранитно поплочување, просторот е опремен со урбана опрема и осветлување, а целосно е реконструирана и подземната инфраструктура. Со тоа, Чаршијата добива нов лик, притоа задржувајќи ги автентичноста и препознатливиот дух. „Денеска, овде во Старата чаршија во Гевгелија, зборовите ги заменуваме со резултати. Наша обврска е да го зачуваме културното наследство, но и да му дадеме нов живот и нова вредност“, истакна министерот за култура и туризам Сулејмани. Тој нагласи дека целта е ваквите места да не останат само споменици на минатото, туку да прераснат во живи културни простори, отворени за граѓаните, културните настани и посетителите. „Старата чаршија во Гевгелија сега станува современо културно-туристичко јадро. Ова е потврда дека со вложувањето во културното наследство вложуваме и во развојот на локалната заедница и туризмот. Старата чаршија денеска е обновена, но уште поважно е што таа повторно живее“, порача Сулејмани. Владата, Министерството за култура и туризам и локалните заедници ќе продолжат со реализација на проекти што носат видливи резултати и го прават културното наследство живо, достапно и препознатливо за новите генерации, соопштуваат од Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕрдоган најави продолжување на мировните преговори меѓу САД и Иран со Турција како посредникТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан. Двајцата лидери разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања, при што Ердоган рече дека Турција вложува напори за ублажување на тензиите меѓу Иран и САД, како и за решавање на други конфликти во регионот. Ердоган во разговорот потврди дека Турција ќе продолжи со своите дипломатски иницијативи насочени кон мир. Тој, исто така, нагласи дека Анкара се спротивставува на нападите врз соседните земји во регионот и нема да ги толерира.Тагови: Ердоган Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook