3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ХороскопДневен хороскоп за 17. октомври 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 17. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашата сила е во тоа што сте позрели од многумина и што знаете што сакате. Денеска ќе го препознаете тоа без проблем. Кариера Ви предлагаат службен пат на кој би можеле да договорите деловна соработка со тим од друга земја. Планирате како тоа да го реализирате. Здравје и совет Не треба да брзате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Отвореноста и љубезноста и денеска ќе направат да и бидете достапни на секоја личност од спротивниот пол. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе ве поддржат во вашите настојувања. На сите им е јасно дека сте работник со сериозни намери. Здравје и совет Бидете она што сте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ништо нема да и препуштите на случајноста. Знаете што може да очекувате и токму тоа ќе се случи на ваша радост. Кариера Се затвора кругот со кој ќе ги зајакнете своите деловни работи. Ќе бидете задоволни што е така , зашто ја сакате сигурноста. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се сами денеска би можеле да забележат нечии симпатии од работното место. Можно е да биде и обратно. Кариера Ќе работите со поголема леснотија , што за вас е необично. Во некои моменти ќе се чудите самите на себеси. Здравје и совет Некои ќе одат на козметичар. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се чини како се да е во рацете на саканата личност. Вашето влијание на настаните овој пат е минимално. Кариера во финансиските теми денеска ќе дојде до мало недоразбирање , што набргу ќе го решите. Здравје и совет Обидете се да живеете поздраво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата сензибилност и ранливост денеска ќе биде поизразена отколку другите денови. Во таква ситуација , се ќе ви пречи. Кариера Во големите деловни задачи работите се одвиваат одлично, но во една ситна работа денеска доаѓа до неуспех. Здравје и совет Искористете ја својата брзина. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе зрачите со шарм и убавина , па нема да ви биде тешко да ја привлечете личноста која ви се допаѓа. Обидете се да ја отворите. Кариера На дневен ред доаѓаат мали анализи , што не треба да ги одложувате. Ве нервираат , но што се мора ,се мора. Здравје и совет Вежбајте гимнастика или шетајте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Одличен ден за љубов , излегувања и поврзување со саканите личности. Не губете време затоврени , излезете надвор. Кариера Во дејностите во кои треба да работите со луѓе , работите ќе ви одат од рака. Се друго ќе ви биде малку здодевно. Здравје и совет Покажете се пред светот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мал недостиг на самодоверба накусо ќе го забави добриот развој на љубовната врска. Бидете тактични и трпеливи. Кариера Без оглед што релативно добро ќе соработувате, ќе дојде до финансиски издатоци , на кои никој не сметал. Станува збор за луксуз. Здравје и совет Послушајте го мислењето на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов И денеска ќе бидете премногу чувствителни и ќе нема многу работи што ќе ве задоволат. Најдобро е да се стрпите. Кариера Вработените во администрацијата би можеле да блеснат на свој начин. Ќе направат нешто што ќе им се допадне на сдругите. Здравје и совет Внимавајте на настинка. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе продолжите да развивате добри односи со личности од спротивниот пол. Ќе бидете отворени и комуникативни. Кариера освен што ќе имате проблем со самостојната дејност , денеска ќе се покажете како одличен и љубезен соработник. Здравје и совет Ќе го споите убавото со корисното. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе треба малку поголемно внимание да и посветите на саканата личност. Помирете се со тоа дека не може се да биде по ваше. Кариера Денот не е добар за претставување нови инапредни идеи. Затоа воздржете се и работете го само она што е неопходно. Здравје и совет Минлив душевен немир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Муцунски чита некој друг извештајМуцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита? Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување. Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада. Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“. Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање. Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо. Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока. Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители. Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните. Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагетиВо петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 морков 1 главица кромид 400 мл. доматно пире 400 гр. мелено месо 3 чешниња лук 3 лажици маслиново масло половина чаша црвено вино 100 гр. пармезан сол, бибер и босилок Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканОдреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилствоСудијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста. Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена. Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците. Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter