ЗабаваДенеска на You Tube каналот на Канал 5 - ФИНАЛЕ на „Коктел Мастер”Денеска во 17 часот на You Tube каналот на Канал 5 телевизија, дознајте кој ќе ја однесе титулата „Master of Mixology” и ќе освои награда од 30.000 евра!„Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“ е регионален натпревар за бармени организиран од страна на Бадел 1862, со можност за гледање на You Tube каналот на Канал 5 телевизја. Натпреварот се оддржа во Загреб, учествуваа повеќе од 500 натпреварувачи, вклучувајќи и бармени од Македонија. Во истиот беа вклучени различни предизвици, како што се: препознавање на пијалаци само по мирис, точење на пијалаци без гледање, припрема на оригинален коктел, тестови за познавање на вина и алкохолни пијалаци. Овие предизвици се дизајнирани да ги оценат сите аспекти на барменската професија и да им помогнат на учесниците да се развиваат и усовршуваат во својата работа. Сите учесници на овој натпревар добиваат сертификат „Badel MasterClass Expert”, што во идина многу ќе им помогне во нивната кариера. Фото: Бадел Мастерклас Денеска се завршува емитувањето на регионалното шоу „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“,идеална прилика да се потсетиме низ какви сè предизвици, полни со згоди и незгоди, поминаа нашите натпреварувачи во претходните епизоди. Во првата епизода на регионалниот натпревар за бармени „Бадел Мастерклас”, која беше емитувана на You Tube каналот на Канал 5, се поставија темелите за натпреварот, прикажувајќи ги учесниците и нивните вештини. Во оваа епизода, гледачите имаа можност да се запознаат со учесниците од различни земји а натпреварувачите беа соочени со првични предизвици кои ги тестираа нивните основни барменски вештини, како што се точење на пијалаци и препознавање на различни состојки. Жирито, составено од експерти во областа на миксологијата, ги оценуваше настапите на учесниците, фокусирајќи се на техничка прецизност, креативност и презентација. Епизодата беше исполнета со напнатост и возбуда, постави високи стандарди за натпреварот и го најави возбудливото патување што следуваше во наредните епизоди. Фото: Бадел Мастерклас Сараево Втората епизода учесниците ги одведе во Сараево, беа соочени со нови предизвици кои ги тестираа нивните вештини и креативност. Создадоа оригинален коктел користејќи специфични состојки, при што се оценуваа нивната креативност, техника и презентација. Бармените демонстрираа различни техники на подготовка на коктели, вклучувајќи прецизно мерење, мешање и декорација, што е клучно за создавање на уникатни и привлечно презентирани пијалаци. Високите стандарди на оваа епизода ги инспирира учесниците да ги покажат своите најдобри вештини и креативност. Фото: Бадел Мастерклас Љубњана Во третата епизода, во Љубњана учесниците создаваа коктел кој најдобро ја претставува нивната личност и стил. Овој предизвик ги тестираше нивните креативни способности и способноста да се изразат преку коктел. Епизодата беше исполнета со динамика, иновации и страст кон миксологијата, прикажувајќи ја високата конкуренција и талентот на учесниците. Белград Четвртата епизода учесниците ги однесе во Белград, град со вековна, угостителска традиција која го прави главна дестинација за забава и хедоизам. Некои натпреварувачи се истакнаа со иновативни рецепти и впечатлива изведба, додека други се соочија со критики за недоволна прецизност или недостаток на оригиналност. Епизодата заврши со елиминација на неколку учесници, додека најдобрите продолжија понатаму во натпреварот. Фото: Бадел Мастерклас Скопје Петтата епизода на „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“ беше во Скопје, нашиот град – убавата Македонија е последната станица на ова патување пред враќањето во Загреб. Секој од подготвените коктели на натпреварувачите раскажува приказна, а зад секоја чаша се крие страст, упорност и неограничена креативност. По епизодата од нашето прекрасно Скопје, дознавме дека некои од натпреварувачите од Македонија ќе стигнат до финалето. Коктел Мастер стигна во Скопје! Погледнете ја епизодата од шоу на Канал 5 YouTube Дали Македонец ќе биде победник?! Меѓу 100-те натпреварувачи- кој успеа да стигне до титулата? Загреб Во шестата епизода натпреварувањето се врати во Загреб, градот од каде започна ова возбудливо патување низ регионот. По претходните епизоди во Сараево, Белград, Љубљана и Скопје, оваа епизода ги обедини најдобрите натпреварувачи кои се соочија со нови предизвици и задачи. Во оваа фаза, натпреварувачите демонстрираа напредни вештини во миксологијата, комбинирајќи креативност и техничка прецизност. Гледачите имаа можност да уживаат во спектакуларни коктели и да го следат развојот на натпреварувачите кои се стремат кон врвот на регионалната барменска сцена. Во седмата епизода се најдоа најдобрите десет а атмосферата стануваше сè пожешка. Задачата беше поделена на два дела – секој од учесниците одбираше реден број, а под тој број се криеше овошје поставено пред жирито. Тоа овошје требаше да биде основа за безалкохолен коктел. Во вториот дел од задачата, натпреварувачите мораа да смислат како да го искористат преостанатото овошје за да подготват втор коктел – овој пат алкохолен. Осмата епизода ни донесе нови задачи и правила, но и го намали бројот на учесниците, бидејќи сепак најдобар може да биде само еден. Натпреварувачите покажаа извонредна креативност, комбинирајќи овошје, билки и сирупи за да создадат уникатни вкусови. Жирито внимателно ги оценуваше нивните креации, фокусирајќи се на вкусот, презентацијата и иновативноста. Останаа само 6 натпреварувачи. Во четврт финалето и полуфиналето следеше вистинска борба во која беа тестирани креативноста на нашите натпреварувачи, способноста за брзо размислување и адаптација под притисок. Како нашите финалисти ќе се снајдат со новиот предизвик? Кој најдобро и најбрзо размислува под притисок? Кој е најхрабар за да спои неспојливо? Кој е најкративен?...Кој е нашиот „Master of Mixology” дознајте денеска!Тагови: Бадел Мастерклас Коктел Мастер Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook