Ова се четворицата натпреварувачи од Македонија за Коктел Mастер на Канал 5 You Tube - Канал 5

Ова се четворицата натпреварувачи од Македонија за Коктел Mастер на Канал 5 You Tube

Натпреварувањето Badel Masterclass, кое го воодушеви целиот регион, од понеделник почнува да се емитува и кај нас, а меѓу 20-те натпреварувачи се најдоа четворица од Македонија!

Коктел Мастер - Badel Masterclass е натпревар во кој учеството е бесплатно а наградата е голема, организиран со цел промоција на регионалната барменска сцена, на производите од угостителската индустрија, културата на консумирање и подготовка на жестоки алкохолни пијалаци, вина и коктели.

Дарко Јованчевски

Давид Давидовиќ

Вања Головски

Љупчо Јаковлески

Натпреварот е наменет за сите лица постари од 18 години со живеалиште во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, а пред сè за лица кои се занимаваат или сакаат да се занимаваат со угостителство (келнери, бармени, коктел мајстори и други лица од угостителскиот сектор, како и други заинтересирани лица).

Претставниците на Македонија во Badel Masterclass ќе се натпреваруваат со останатите учесници од регионот во подготвување коктели.

Првата епизода, премиерно ќе биде прикажана на 14 април со почеток во 22 часот на YouTube каналот на Канал 5 телевизија!

Kомбинацијата од едукација и креативност создава динамична атмосфера која ги остава учесниците инспирирани, едуцирани и подготвени да ги унапредат своите коктел-креации.

Badel Masterclass ги обединува талентираните бармени и коктел-мајстори од пет земји од регионот, кои се подготвени да ги покажат своите вештини во подготвување и сервирање коктели, како и своето практично и теоретско знаење поврзано со вина, жестоки алкохолни пијалаци како и психологијата на потрошувачите. Освен знаење, се доделува и спектакуларна парична награда за победникот.

Домаќините на натпреварувањето, како и стручното жири, се харизматични и искусни миксолози кои ќе ги водат натпреварувачите низ низа возбудливи епизоди, исполнети со уникатни предизвици со кои ќе ги тестираат нивните вештини, прилагодливост и креативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер