ЖивотКоктел Мастер стигна во Скопје! Погледнете ја епизодата од шоу на Канал 5 YouTube Петтата епизода на „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“ започнува и нè води во Скопје, нашиот град – погледнете што сè правеа натпреварувачите токму во престолнината на Македонија!Убавата Македонија е последната станица на нашето патување пред враќањето во Загреб. Толку многу историја, култура и гордост – Скопје е идеално место. Сите што бараат незаборавна забава со одлична храна и светски угостителски дух, ќе ја најдат токму тука. Но, ние овде најдовме нешто повеќе од тоа. Можеби токму во Скопје се крие новата ѕвезда во светот на бармените! Скопје е на ред Во претходните епизоди ги видовме Сараево, Белград и Љубљана, а во оваа имаме можност да го видиме и нашиот град, како и нашите четворица претставници во регионалното шоу, на своја територија. Епизодата е полна со кадри од нашата престолнина, а прекрасниот плоштад и спомениците се вистински украс на овој шоу-програм. Како ја угостија екипата на Badel Masterklas шоуто, погледнете вечерва во 15 часот само на Јутјуб каналот на телевизија Канал 5! Ова се претходните епизоди: Почнува Коктел Мастер: Објавена првата епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО) Почнува Коктел Мастер: Објавена втората епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО) Почнува Коктел Мастер: Објавена третата епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО) Почнува Коктел Мастер: Објавена четвртата епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО)Тагови: Бадел Мастерклас Коктел Мастер Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter