ЗабаваКоктел Мастер на Канал 5 You Tube : Најголемиот и највозбудлив регионален спектакл за бармениУживајте во жестоко натпреварување на бармени само на официјалниот „You Tube“ канал на Канал 5 телевизија.Коктел Мастер – Бадел Мастерклас, најголемото и највозбудливо регионално натпреварување на бармени, започнува со емитување на YouTube каналот на Канал 5 телевизија. Првата епизода, премиерно ќе биде прикажана на 14 април со почеток во 22 часот! Уживајте во високобуџетното, регионално натпреварување со сензационални коктели направени од натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Шоуто Бадел Мастерклас брои вкупно 11 епизоди, секоја во траење од 40 минути, а нови епизоди ќе се емитуваат секој работен ден, од понеделник до петок, додека пак финалето е закажано за 27 април. Ова е шоу кое освојува на прв поглед, ја спојува креативноста, врвниот талент и страста кон миксологијата. Динамично натпреварување, зачинето со силна доза возбуда, кое ќе ве држи будни до самиот крај. Коктел Мастер ќе инспирира многу бармени на нови коктел креации, но ќе ги поттикне и гледачите да пробаат некој микс во својот дом. Учествуваа вкупно 100 натпреварувачи, од кои 4 се од Македонија Во трката за престижната титула Коктел Мастер, како и спектакуларната награда од 30.000 евра, учествуваа вкупно 100 натпреварувачи, од кои 4 се од Македонија. Секоја епизода носи нова возбуда за гледачите и жирито, но претставува и одлична можност за споделување на знаење и искуство меѓу натпреварувачите, како и интензивни предизвици со шокантни исходи. Изборот на кандидатите, чии вештини конечно ќе ги видиме на екраните, се одвиваше во три возбудливи круга, во кои учествуваа над стотина пријавени, врвни бармени. Првиот круг вклучуваше онлајн теоретска проверка на знаењата, додека вториот и третиот круг беа посветени на практичниот дел, кој се одржа во пет града – Загреб, Белград, Љубљана, Сараево и Скопје. За големото финале беше избран Загреб, каде натпреварувачите се соочија едни со други. Жирито, составено од тројца реномирани членови на регионалната барменска сцена – Тијана Клајн, Филип Липник и Марио Мајцен – имаше полни раце работа, и тоа буквално! Овој совршен спој на стручност, искуство и високи стандарди во оценувањето на талентите донесе многу пофалби, но и разочарувања. Иако често ја истакнуваа креативноста на натпреварувачите, не штедеа совети кога стануваше збор за професионални подобрувања. Нивната строга, но праведна евалуација беше голем предизвик за сите и го претвори ова натпреварување во вистинска борба за главната награда. Секој коктел раскажува приказна, а зад секоја чаша се крие страст, упорност и неограничена креативност. Дали знаевте дека постои коктел со вкус на пица, кој ќе го подготви единствената дама меѓу Топ 20 финалисти? Ќе ѝ донесе ли победа токму тој уникатен коктел? Кој ќе биде најдобриот од најдобрите во регионот? Дознајте ексклузивно на You Tube платформата на Канал 5 ТВ од 14 април – затоа што на тронот има место само за еден.Тагови: Бадел Мастерклас Коктел Мастер Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter