Четвртфинале Коктел Мастер: Објавена деветата епизода на You Tube на Канал 5 (ВИДЕО) - Канал 5

Четвртфинале Коктел Мастер: Објавена деветата епизода на You Tube на Канал 5 (ВИДЕО)

Осмата епизода на регионалното шоу Коктел Мастер – Бадел Мастерклас беше полна со изненадувања и ги издвои шестмината најдобри, меѓу кои се и нашите Давид Давидовиќ и Вања Головски.

Четвртфинале Коктел Мастер: Објавена деветата епизода на You Tube на Канал 5 (ВИДЕО)

Натпреварувачите покажаа извонредна креативност, комбинирајќи овошје, билки и сирупи за да создадат уникатни вкусови. Жирито, составено од Тијана Клајн, Филип Липник и Марио Мајцен, внимателно ги оценуваше нивните креации, фокусирајќи се на вкусот, презентацијата и иновативноста.​

Кога беше одлучено кој коктел е најдобро направен, останаа само шест натпреварувачи, а нашите Давид Давидовиќ и Вања Головски се пласираа во четвртфиналето!

Дали Македонец ќе биде победник?! Меѓу 100-те натпреварувачи- кој успеа да стигне до титулата?

Седма епизода на „Коктел Мастер“: Давид Давидовиќ нè изненади со неочекувано признание

Во деветтата епизода, натпреварувачите ќе се соочат со уште поголем предизвик: подготовка на коктели со ограничен број состојки и во ограничено време.

Оваа епизода ќе тестира не само нивната креативност, туку и способноста за брзо размислување и адаптација под притисок. Кој ќе успее да се истакне и да обезбеди место во финалето?

Не пропуштајте ја деветтата епизода на Коктел Мастер-Бадел Мастерклас за да дознаете!

Погледнете што ни носи денешната епизода, посетете го официјалниот YouTube на Канал 5:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плутон го губи статусот на планета

Плутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно.

Плутон го губи статусот на планета

На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем.

Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија.

По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел.

Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем.

На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон.

Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти.

Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер