Црн ден за Франција за едно деноноќие регистрирани 833 смртни случаи од Ковид-19 - Канал 5

Црн ден за Франција за едно деноноќие регистрирани 833 смртни случаи од Ковид-19

Црн ден за Франција за едно деноноќие регистрирани 833 смртни случаи од ковид-19, со што бројот на починати од почетокот на епидемијата до сега  е околу 9 000 .

Црн ден за Франција за едно деноноќие регистрирани 833 смртни случаи од Ковид-19

Информациите ги даде министерот за здравство, Оливие Веран, кој прецизира дека во Франција има 29.752 хоспитализирани лица од кои 7.072 се во сериозна состојба на интензивна нега.

Меѓу добрите вести е таа дека 17.250 лица ја напуштиле болницата излекувани, што од вчера претставува зголемување од речиси 1.000 пациенти. Но, сепак, во болниците постои напнатост.

Министерот за здравство предупреди дека епидемијата се уште е во нагорна линија и дека мерките на ограничено движење треба да продолжат и понатаму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат

Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува.

Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети.

Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и идентитет.

Филипче и СДС секогаш го ставале приватниот интерес пред државниот. Така беше и кога беа на власт изминатите 7 години, а доказ за тоа се нивните полни џебови и распродадените државни и национални интереси.

Мекото ткиво во Македонија предводено од Филипче и СДС, носи само штета на државата.

Затоа, граѓаните даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме исправено да ја претставуваме нашата историја, култура, јазик и идентитет пред оние кои тоа ни го негираат, а соработуваат токму со Филипче и СДС.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднина

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија

Трајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднина

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панелист на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост.

Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и демократски развој. Таа нагласи дека Македонија останува посветена на спроведување реформи кои обезбедуваат еднакви можности, поголемо учество на жените во процесите на одлучување и зајакнување на институционалната заштита на нивните права.

„Европската интеграција не е само усогласување со законодавството, туку и создавање општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да придонесува и да напредува. Родовата еднаквост е суштински дел од таа визија“, истакна Трајков.

На панелот беа разменети искуства и добри практики од земјите во регионот и од институциите на Европската Унија, со акцент на зајакнувањето на регионалната соработка во креирањето политики за еднакви можности и поголема вклученост на жените во јавниот и политичкиот живот.

Конференцијата обедини претставници на владини институции, меѓународни организации, дипломатски претставништва и експерти од регионот и Европа, со цел унапредување на дијалогот и партнерствата за изградба на поинклузивни и поправедни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата

Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура.

“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата

Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација.

Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, а дополнителен белег на вечерта дадоа музичките точки на самите ученици. Оваа прослава, која се одржува втора година по ред, е особено значајна бидејќи нејзиниот концепт беше креиран директно од младите, врз основа на нивните желби и замисли.

-Синоќа сведочевме на прекрасна енергија и вистинска радост. Кога неодамна ги поканив претставниците на учениците за да ги сослушам нивните идеи, знаев дека заеднички ќе создадеме настан за паметење. Нашата цел беше оваа прослава да биде осмислена исклучиво преку нивната призма и токму тоа го остваривме. Овие млади луѓе се доказ дека кога ќе им дадете простор да одлучуваат, тие носат одлични одлуки. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува нивниот глас и ќе биде нивна поддршка. Им посакувам многу успех во понатамошната едукација и верувам дека од тука ќе понесат прекрасни спомени пред да зачекорат во средношколските клупи- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер