Чернева: Не мислам дека повлекувањето на амбасадорот е најкорисен чекор

Скопје и Софија се во тензичен период, радикални групи од двете држави сакаат ескалација на состојбата, вели Чернева.

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје не е корисен чекор и не помага во враќање на довербата, вели во разговор за Канал 5, Весела Чернева од Европскиот совет за надворешна политика и советничка на екс премиерот Петков.

Џена Џејмсон стапи во брак со својата девојка Џеси

Актерката и поранешна ѕвезда на филмови за возрасни стапи во брак со својата девојка Џеси Лолес (40) на интимна свадбена церемонија во Лас Вегас на 23 мај.

„Ја најдов личноста со која навистина требаше да бидам засекогаш. Се обидувам да размислам зошто излегував или се мажев со мажи, себично и лошо е да се каже, но мислам дека мојата движечка сила беа моите деца. Сега кога станав навистина се пронајдов себеси, само го прифаќам сето она што го чувствувам внатре и не потиснувам ништо“, изјави Џена за „People“.

Џена го зела и презимето на новата сопруга.

Макс (7) почнал да дизајнира облека на 4 години, денес добива нарачки од познати личности

Седумгодишниот Американец Макс Александар стана интернет сензација откако почна да ја објавува својата дизајнерска работа на социјалните мрежи.

Момчето од Лос Анџелес почнало да прави облека кога имало само четири години. Посетувал часови по шиење, а минатата година ова талентирано момче ја имало својата прва ревија.

Бројот на гости бил ограничен поради тоа што ревијата се одржувала за време на пандемијата на коронавирус, но пристигна и еден моден критичар кој шоуто на Макс го нарече „женствено“.

Американските медиуми пишуваат дека Макс веќе добива барања од познати личности. Во 2021 година, тој го лансираше својот сопствен бренд „Couture to the Max“. Родителите на Макс го откриле интересот на момчето за модата кога за време на семејната вечера тој побарал кукла на која ќе ја покаже својата креација. Оттогаш тој е посветен на модата и постојано ги усовршува своите вештини.

"Макс е многу среќен и енергичен ученик. Тој е модно чудо, но сака и математика, наука, уметност и тенис", изјавила мајката на Макс за „Bored Panda“.

Првите креации ги изработи од пластична амбалажа, украсни ленти и остатоци од материјали, а потоа и од картон. Седумгодишното момче сака шарени дезени, светли бои и сјај. Неговите креации се карактеризираат со слоевитост и комбинирање на материјали.

Со помош на родителите, Макс продава фустани ширум светот, а доби можност да работи и со актерката Шерон Стоун. Неговиот сон, како што вели, е еден ден да биде шеф на модната куќа „Gucci“ или да отвори своја модна куќа.

Инаку, Макс е популарен и на социјалните мрежи. 1,5 милиони луѓе го следат на Инстаграм. Младиот дизајнер своите дела ги објавува на социјалната мрежа, а го поддржуваат бројни следбеници.

Видео: Сопственичката покажа слика насликана од нејзините кучиња

Таа на „TikTok“ сподели интересно видео.

Во видеото можете да видите слика насликана од нејзините кучиња, која воодушеви многу љубители на кучињата и модерната уметност.

Уметничката Кели Терел, која обично работи со деца, овој пат им помогнала на милениците да направат совршена слика.

На сликата се гледаат траги од шепи, нокти и места каде кучињата се лизнале, а со оглед на тоа дека имаат 10 и 15 години, како што вели самата сопственичка, нема да живеат уште многу, па таа слика и целата снимка еден ден ќе и значи уште повеќе.

„Ова е неверојатно“, „Се обидов да го убедам и моето куче да наслика нешто, но се плашеше од платното“, „Вашите миленици завршија прекрасна работа“, се само дел од коментарите.

@samsardina Follow @kellyterrellart on instagram!!! #nashville #art #dogartist #painting #nashvilleartists ♬ original sound - samsardina
притисни ентер