3Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаПочивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на РадовишДенес презентирам отчет за реализираните активности, проектите, преземените мерки и иницијативите што беа спроведени во изминатиот период, како и за дел од проектите кои се во тек на реализација.Работата на локалната самоуправа ја насочувме кон подобрување на условите за живеење, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги, поддршка на младите, образованието, културата, спортот, животната средина и создавање услови за локален економски развој. Посебно внимание посветивме на воспоставување соработка со граѓаните, институциите, јавните претпријатија, невладиниот сектор, спортските клубови, културните организации и меѓународните партнери. Во областа на инфраструктурата беа реализирани и започнати повеќе значајни активности: Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места; заврши реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш, изградбата на Градскиот пазар влезе во завршна фаза, реконструкцијата на објектот на Стоковната куќа во мултифункционален простор влезе во завршна фаза. Реконструкцијата на Домот на културата „Ацо Караманов е исто така во завршна фаза, реконструкција на градски стадион. Обезбедени се средства за решавање на имотно-правните работи за ГП на градски базент. Во тек е промена на проект за фекална канализација Карши Маале, изработка на основни проекти за изградба на кружна крстоскица на бул. А.Македонски, како и изработен проект за батерии за складирање на електрична енергија. Набавка на урбана опрема за изградба на нови дески игралишта и реконструкција на сите постојни во соработка со рудник за бакар „Бучим“, во тек е воведување на ГИС систем за општината. Поддршката на младите и образованието беше една од приоритетните области. Во овој сегмент: беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници. Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш. Во областа на културата беа реализирани и поддржани бројни манифестации, настани и активности. Општината даде поддршка на културните организации, невладиниот сектор, фолклорните друштва и здруженијата кои придонесуваат за културниот живот. Беа одржани сите традиционални фолклорни фестивали, повторно го обновивме Детскиот карневал и одржавме нова манифестација „Радовишки вински двор“. Во областа на спортот беа реализирани и поддржани повеќе активности. Покрај традиционалните турнири и спортски настани, градот беше домаќин на педесетото јубилејно издание на „Македонски Бисер“. Еден од најзначајните предизвици во областа на животната средина беше проблемот со градската депонија. Поради повеќекратното палење на депонијата, беше создадена сериозна опасност по квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните. Општината презеде активности за справување со состојбата. За ЈП „Плаваја“ обезбедени се три специјални возила за собирање на отпад. Општината учествуваше и во активности поврзани со регионалното управување со отпадот. Во областа на локалниот економски развој беа преземени активности за создавање услови за нови инвестиции и отворање на нови можности за стопанството. Во тек е постапка поврзана со пренамена на ТИРЗ зоната во индустриска зона со цел нивно ставање во функција. Во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните беа преземени активности за подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. За ТППЕ Радовиш беше обезбедена нова опрема. Професионални дрегери, теренско возило Фолксваген. Противпожарно возило комплет опремено со опрема за гасење пожари, справување со поплави и сообраќајни несреќи. РТЦ машинка за сообраќајни несреќи. Почитувани, Нашата обврска не е само да создадеме подобар Радовиш денес. Наша обврска е да создадеме Радовиш кој ќе биде подобро место за живеење и за идните генерации. Луѓето се важни. Тие се душата на еден град и на една општина. Можеме да изградиме најубава улица, најмодерен објект и најубав парк. Но ако човекот не се чувствува вреднуван, слушнат и поддржан – тогаш сме ја промашиле суштината и тоа е вистината. Затоа нашата цел е Општината да биде поблиску до граѓаните. Отворена за соработка. Отворена за идеи. Отворена за проблемите на секој наш жител. Токму во таа насока сум особено задоволен од огромниот интерес за субвенцијата за млади до 35 години, со која ги ослободуваме од плаќање на комуналии при изградба на нов дом. Затоа што сакаме младите да останат тука. Да градат тука. Да создаваат семејство тука. Да ја градат својата иднина во Радовиш. Љупче Почивалец, градоначалник на Општина РадовишТагови: Љупче Почивалец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКолку пати дневно треба да се шета кучето? Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленикОсобините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно. За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија. Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот. Колку прошетка е доволно во текот на денот? На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра. Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор. Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот. Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош. Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата. Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот. Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook