Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба - Канал 5

Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida), кој денеска го посети Уставниот

Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба

По средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со сите судии на Уставниот суд, на која се разговараше за актуелни прашања и предизвици со кои се соочува уставното судство, како и за улогата на судовите во заштитата на уставноста и човековите права и градењето доверба кај граѓаните.

Претседателот Костадиновски го информираше судијата Бајрон за процесот на унапредување на транспарентноста на Уставниот суд, особено за воведувањето директни преноси на седниците на Судот, со што граѓаните имаат можност непосредно да ја следат работата, дискусиите и аргументите на судиите.

Костадиновски посочи дека довербата во судството не може да се разгледува како одговорност единствено на судската власт.

„Овој состав на Уставниот суд, почнувајќи од 1 септември 2024 година, направи сериозни реформи во функционирањето на Судот, со посебен фокус на транспарентноста и ефикасноста на постапките. Довербата се гради со храбри и бескомпромисни одлуки, отвореност, но за довербата во судството не може да биде одговорно само судството. Многу пати во мои јавни излагања сум го посочил овој факт, одговорноста мора да ја споделуваат власти. Ако судството има 2% доверба и тоа е состојба што трае со децении, каде биле тогаш останатите две власти? На годишен одмор? Така што, не би се согласил дека има ниска доверба во судството, тоа е пресликано кон целиот државен апарат и за тоа се потребни револуционерни решенија и храброст“, истакна претседателот Костадиновски.

На средбата беа разменети искуства и за притисоците со кои се соочуваат судиите во различни демократски системи. Судијата Бајрон го поздрави воведувањето на директните преноси на седниците на Уставниот суд, оценувајќи ја транспарентноста како една од клучните алатки за градење доверба кај јавноста.

„Една од најмоќните алатки е транспарентноста, како одговор на сите напади и притисоци. Да бидеме јасни и подготвени на јавноста да ѝ објасниме што сме одлучиле. Со емитувањето во живо на дискусиите имате одлична алатка во рацете , на граѓаните да им покажете колку сте подготвени за седниците и да имате јасни и добро аргументирани образложенија. На тој начин граѓаните можат директно да ве видат и слушнат и да разберат за што се залагате. Нема поголема придобивка од довербата на граѓаните“, истакна Бајрон.

На средбите во Уставниот суд присуствуваа сите судии на Уставниот суд, како и претставници на Амбасадата на САД- Стив Мајгрант, федерален обвинител од Портланд, Орегон, и Каролајн Баденхаген, директорка на Канцеларијата за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL) во Амбасадата на САД.

Судијата Пол Бајрон е федерален окружен судија во Средниот округ на Флорида, со седиште во Орландо. Во 2001 година, бил избран да работи како обвинител во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, работел во Министерството за правда во Меѓународниот оддел на Единицата за одземање имот и перење пари, како експерт за банкарски надзор и спречување на финансирање тероризам. Во 2005 година, судијата Бајрон станал партнер во адвокатска канцеларија специјализирана за спорови поврзани со одговорност за производи и штети предизвикани од изложеност на токсични материи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер