Бритни Спирс е бремена - Канал 5

Бритни Спирс е бремена

Бритни Спирс е бремена.Поп ѕвездата објави дека го чека своето прво дете со вереникот Сем Асгари.

Бритни Спирс е бремена

Откако забележала дека се здебелила, решила да провери што се случува.

„И така купив тест за бременост и ... трудна сум“, напишала таа.

Бритни (40) ги има синовите Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) со Кевин Федерлајн.

„Очигледно нема да излегувам многу“, се пошегува таа по веста за бременоста.

Пејачката проговори за тешките моменти во претходната бременост.

„Беше тешко бидејќи се борев со депресија. Беше ужасно“, рече таа.

"Жените тогаш не зборуваа за тоа, затоа што луѓето се грижат кога жената се жали а има дете во себе. Денес жените отворено зборуваат за тоа. Фала Исусе, не мора да ја задржуваме болката во себе", додала таа.

Таа додаде дека сега планира да вежба јога секој ден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во јули регистрирани 11 нови ХИВ/СИДА случаи, девет се кај мажи

Во Македонија во текот на јули се регистрирани 11 нови случаи во категоријата ХИВ/СИДА, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје.

Во јули регистрирани 11 нови ХИВ/СИДА случаи, девет се кај мажи

Девет од новорегистрираните лица се мажи, а две се жени.

Сите случаи се кај лица на возраст од 20 до 49 години. Официјалните податоци на ИЈЗ покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2026 година, во Македонија од почетокот на евиденцијата во 1987 година биле регистрирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 508 живеат со ХИВ, 141 лице починало, а 116 се водат како изгубени за следење, главно поради иселување.

Важно е да се направи разлика меѓу ХИВ и СИДА. ИЈЗ во билтенот ги објавува новите пријави во заедничката категорија „ХИВ/СИДА“, но тоа не значи дека сите новодијагностицирани лица имаат Сида. ХИВ е вирусот кој го напаѓа имунолошкиот систем, додека сида е најнапредната фаза на нелекуваната ХИВ инфекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп одбива продолжување на меморандумот за примирје со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Оман, кој важи за близок сојузник на САД. Ако како што рече, се испречи на патот на американските разговори со Иран.

Трамп одбива продолжување на меморандумот за примирје со Иран

Неговото предупредување следи откако Оман почна паралелни преговари со Техеран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, кој е од витално значење за глобалната економија.

Иранските власти изјавија дека се блиску до финализирање на договорот со оман што дополнително ги покрена тензиите во Вашингтон во услови кога неговите разговори со иран подолго време се во ќорсокак.

Откако вчера истече важноста на меморандумот за разбирање од 60 дена до кога двете страни требаа да постигнат мировно решение, Трамп рече дека не размислува за негово продолжување..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија.

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија

По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од столбовите на безбедносниот систем.

„Од борбата за слобода и создавањето на македонската државност, преку осамостојувањето, па сè до денешната современа македонска Армија, низ генерациите се протега иста вредност – одговорноста да се чуваат татковината, слободата и безбедноста на граѓаните. Денес со гордост можеме да кажеме дека имаме модерна, професионална и почитувана Армија, која претставува еден од најцврстите столбови на македонската држава и нашиот безбедносен систем. Како Армија на земја членка на НАТО, денес рамноправно стоиме со нашите сојузници и придонесуваме кон колективната безбедност“, истакна министерот Тошковски.

Тој ја нагласи и важноста на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Армијата во рамки на целокупниот безбедносен систем на државата.

„Како министер за внатрешни работи, особено сум горд на соработката меѓу македонската полиција и Армијата. Кога станува збор за безбедноста на Македонија, имаме иста цел и иста обврска – да ги чуваме граѓаните, државата и нејзините интереси. Силна Армија, силна полиција и силни безбедносни институции значат сигурна и стабилна Македонија“, потенцираше Тошковски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, министерот Тошковски вчера положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, како и на вечните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски, оддавајќи почит на оние кои се вградиле во создавањето и развојот на македонската држава.

Министерот Тошковски на сите припадници на Армијата им упати искрена благодарност за нивната служба и посветеност кон татковината, честитајќи им го 18 Август – Денот на Армијата и 34-годишнината од формирањето на современата македонска Армија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер