Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума
1Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума
КултураСиљановска-Давкова: На Фестивалот „Игор Маџиров“, на мал и скромен простор, секоја година се случуваат театарски чуда!Во својство на покровителка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера вечер го отвори петтото издание на интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.За неа, годинашното мото на фестивалот, „СИТЕ СМЕ ИСТИ. И ЈАС И ТИ“ е уметнички и хуман повик на почитување на правото на секој човек на свој живот, свој свет, своја приказна. „Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите, да го слушнеме другиот и во неговото искуство да препознаеме нешто блиско и свое, наше, заедничко, човечко“, рече претседателката. Таа ги поздрави огромните уметнички успеси и високи дострели на Театарот за деца и младинци, постигнати на малиот и скромен простор, непроменет со децении. За неа, тука, во срцето на Скопје, со многу генерации на деца живееле, растеле, твореле и пораснале големи глумци, задоволувајќи ги нивните мечти и соништа, врзани за блиски и далечни култури. Богатото уметничко наследство на Игор Маџиров, според претседателката, не престана да постои со неговото прерано физичко заминување, туку продолжи да живее на старите тетарски даски, на коишто, секоја година се случуваат чуда. Сиљановска- Давкова ја повтори минатогодишната желба - детскиот театар конечно да добие пристоен дом, каков што заслужуваат неговите талентирани и вредни станари и нивните најчести и најверни гости- децата! Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Почитувани организатори, Почитувани уметници, Драги гости, Почитувани и сакани деца, И годинава, пак сме тука, а јас сè уште посакувам и се надевам на нов амбиент заради доброто на глумците, децата и младите, гледачите. Ама... Но...чудна дружина сме ние, не случајно овде собраните: талентираните и посветени театарски дејци, децата, како најискрени гледачи и ние, љубителите и обожавателите на театарот, ним сличните, по темперамент и големи очекувања. Верувам дека и годинава, кога глумците со збор и со тело ќе ги оживеат ликовите и ќе станат други, ние, чувствувајќи ги нивните радости и стравови ќе се идентификуваме со нив и ќе почнеме да размислуваме за изборот којшто го прават, небаре е наш. Преку играта, смеата и тагата, храброста и сомнежот, правдата и неправдата, театарот како уметност на неможното, ни помага да ги препознаеме човечките слабости и доблести, внатрешни борби, да се радуваме и да се нервираме, бурно да реагираме. Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, преку творечката енергија, уметничката храброст и недофатливите дострели, ја задоволува огромната љубопитност, поврзува блиски и далечни култури, генерации, светогледи. Знам дека творењето за најмладата публика и глумењето пред неа е голема и посебна одговорност зашто детето не е рутиниран гледач што мирно ја следи приказната, туку немирен, разбрануван, бистар, љубопитен ум што мисли брзо, поставува многу незгодни и смели прашања, остар и прецизен набљудувач и добар воочувач, бескомпромисен критичар, кој отворено, без преправање, директно го кажува она што го мисли за виденото и чуеното, односно – одиграното. Овогодишното мото „СИТЕ СМЕ ИСТИ. И ЈАС И ТИ.“ има демократска и рамноправна дикција, нè потсетува дека секој од нас без оглед на земја од која доаѓа, театар во кој твори, возраст, вера, религија, раса, пол, статус, има свој јазик, своја приказна и свој начин на доживување на светот, но дека сите ги делиме потребата и желбата да бидеме прифатени и разбрани. Токму театарот нè учи да погледнеме подалеку од разликите, да го слушнеме другиот и во неговото искуство да препознаеме нешто блиско и свое, наше, заедничко, човечко. Театарот, преку уметничкото доживување ја развива способноста да се гледа низ туѓите очи, да се преиспита сопственото уверување, а неговата вредност не е само естетска, туку и педагошка и хумана, просветителска и просветлувачка, освестувачка, зашто уметноста може да инспирира, да вознемири, да провоцира, но и да облагородува, смирува, духовно збогатува, учи, храни, милува... Знам дека името на Игор Маџиров го поврзува фестивалот со актер чиешто творештво остави оригинална, творечка, длабока трага во македонската култура. Неговото уметничко наследство потсетува дека вистинските сценски дострели не завршуваат со животот или со последниот аплауз, туку продолжуваат да живеат преку глумата на други актери или новите генерации актери, нивните остварувања, но и преку публиката којашто повторно ја открива магијата на театарот и волшебничките способности и дострели на актерите, режисерите, сценаристите... Драги деца, Гледајте и фантазирајте, размислувајте и кажете си ги мислењата, борете се и негувајте си ја слободата на мислата, коментирајте, хранете си ги љубопитноста, храбро откривајте ги тајните на животот и на светот. Не престанувајте да прашувате, да замислувате и да сонувате, зашто токму во детските пориви се крие тајната и силата на новото, незамисливото, чудното, неочекуваното. Фестивалските денови нека нè нурнат во театарската магија и во светот на детската фантазија и имагинација. Нека „Игор Маџиров“ ја разгори и овој пат искрата на љубовта и интересот кон театарот и уметноста, кон сцената, кон играта, нека отвори нови видици, нека овозможи фер и витешки натпревар, нека поттикне исчекувања и надежи. И оваа година, како и минатата, ќе ја повторам вашата и моја желба, детскиот театар да добие уметничка куќа, дом каков што заслужува, не само сцена на којашто ќе се играат претстави, туку простор којшто ќе овозможи, па и ќе стимулира креативност кај најмладите, ќе овозможува да дојде до израз творечката смелост и ќе му овозможи на Театарот за деца и младинци да расте и да се развива како што децата со растот имаат потреба од поголема облека и поширок простор! Со особено задоволство го прогласувам за отворено петтото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Ви благодарам. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сумаФилипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена.Откриен е планот на Филипче и СДС. Тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков српски свет, туку поради бизнис интереси на Филипче и неговиот ментор Заев. Целта на Филипче и СДС во случајот со Алта банка е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, дека банката е пред распаѓање и дека е неликвидна, за утре ден, близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена. Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ. Прочитани се. Освен криминал, пари и корупција ништо друго не ги интересира. Затоа, им порачуваме на граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник https://www.swisstransfer.com/dl/01a1a131-b418-707e-bc18-11e28bd56a29 Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банкаОваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија. Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на Алта банка, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура. Денес сакаме да кажеме две работи јасно. Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ. ДУИ сега вика „српски свет“. Но фактите покажуваат кој му ја отвори вратата: Во јули 2021 година српската компанија МТЕЛ влегува на нашиот пазар. Тогаш ДУИ е во Владата, а Бујар Османи е министер за надворешни работи. Османи имаше најмалку 11 средби со српски функционери. Записниците од тие средби до денес не се објавени. На 24 октомври 2024 година, АС Сењак, фирма на сватот на Али Ахмети, доаѓа до акции на Стопанска банка Битола од фирма поврзана со Сашо Мијалков. На 9 јуни 2025 година, фирма во која АС Сењак е сосопственик подигнува кредит од 5 милиони евра од Алта банка Белград. На 17 септември 2025 година акциите се продадени на Алта банка. Шест дена подоцна, општина водена од ДУИ му дава на АС Сењак два договори вредни 90 милиони денари. Ова не е случајност. Тоа е синџир што од Белград води до ДУИ, а од ДУИ назад до Белград. Истата партија што им зборуваше на Албанците за патриотизам правеше бизнис со луѓето на Вучиќ. Второ: паѓа Вучиќ, паѓаат и неговите сателити во ДУИ. Што се гради врз туѓа моќ, паѓа заедно со неа. Вучиќ ја изгуби власта, а Алта банка остана без дозвола. Сега се отвораат тајните во Белград, а со нив и сметките. ВРЕДИ го кажува ова уште од септември 2025 година. Документите ги доставивме до Државната комисија за спречување на корупцијата. Али Ахмети и ДУИ молчат веќе 13 месеци. Тој молк сега нема да им помогне. Затоа бараме: Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да ги истражат трансакциите на АС Сењак со Мијалков и со Алта банка, кредитот од 5 милиони евра и тендерите од општините на ДУИ. Надлежните институции да побараат податоци од српските органи за сите врски на Алта банка со фирми од Македонија. ДУИ да ги објави записниците од средбите на Османи и Ахмети со Вучиќ и со српски функционери. Али Ахмети лично да објасни зошто фирмата на неговиот сват купувала од Мијалков, се задолжила кај Алта и продавала на Алта. Албанците во Македонија заслужуваат политика што не се продава на Белград. Вучиќ падна. Редот е на неговите сателити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбраќање на претседателот Гаши на Дебата со средношколци и пратенициЌе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Почитувана амбасадорке на Обединетото Кралство, Ваша Екселенцијо, г-ѓа Маја Сивањанам, Почитувани претставници на Институтот за комуникациски студии, Почитувани пратеници, Драги млади, Ќе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Секогаш велам дека одговорот на ова прашање не е едноставен, бидејќи оваа одговорност подразбира бројни предизвици, но несомнено еден од најголемите е поврзан со начинот на кој нашите постапки и изјави се комуницираат, толкуваат и перципираат во јавниот простор. Во време кога вниманието на јавноста сè почесто го привлекуваат негативните вести, кога една изјава може да биде извадена од контекст, да биде протолкувана поинаку од она што навистина било кажано, па дури и да биде искривена, станува сè потешко граѓаните да направат јасна разлика меѓу објективните информации и нивните толкувања, како и меѓу фактите и обидите за манипулација. Се разбира, не го започнав ова обраќање за да зборувам за моите предизвици како претседател, туку за да ја истакнам важната улога што ја има точното и објективно информирање во разбирањето на реалноста и во развојот на демократијата. Затоа што денес се соочуваме со еден парадокс: имаме повеќе информации на располагање од кога било досега, но тоа не значи дека поседуваме и повеќе знаење, будност и способност за критичко расудување. Младите се особено изложени на влијанието на дигиталниот простор, бидејќи социјалните мрежи одамна не се само средства за комуникација и забава, туку и важни извори на информации и обликување на нивните ставови. Затоа, заштитата од дезинформации, во суштина, е заштита на демократијата и на нашата слобода да расудуваме независно. Токму тука започнува значењето на медиумската писменост и суштината на денешната дебата. Целта не е да им кажеме на младите што да мислат, туку да ги оспособиме самостојно да размислуваат; да не им определуваме кому да веруваат, туку да ги оспособиме како да ја проценуваат веродостојноста на една информација. Една од првите поуки во оваа насока ја наоѓаме во учењето на кинескиот филозоф Конфучие: „Да не им веруваме на зборовите без претходно да ги провериме и да не заземаме страна пред внимателно да размислиме”. Драги млади, Вие кои сакате да го промените светот, системот и општествените неправди, запомнете: не можеме да промениме нешто за кое не сме целосно свесни, а целосна свесност стекнуваме единствено преку целосното информирање. Во духот на Џон Лок: „Оној што суди без да биде информиран од сите можни извори, неизбежно е да донесе погрешни заклучоци“. Затоа, не ја мерете вистината според бројот на позитивните реакции, не ја мешајте популарноста со веродостојноста и не дозволувајте брзината на информациите да ја замени длабочината на вашето размислување. Застанете, прашувајте, проверувајте и барајте аргументи. Дури и разумното сомневање, кога нè води кон вистината, е знак на слободен ум. Затоа што на едно демократско општество не му се потребни граѓани кои веруваат или критикуваат сè, туку граѓани кои знаат правилно да расудуваат и критички да размислуваат. Собранието, во оваа насока, има важна улога. Како дом на сите граѓани и институција во која тие се претставени, тоа треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност. Исто така, сметам дека Собранието треба да биде отворена врата за општеството, особено за младите, кои не се само носители на иднината, туку и активни чинители на сегашноста. Токму затоа, особено ми е драго што заедно со Британската амбасада, Институтот за комуникациски студии и Клубот на млади пратеници, преку овој настан придонесуваме оваа способност да се негува, да се заштитува и да стане дел од нашата демократска култура. Нашата заедничка обврска е да создадеме услови младите да стекнуваат знаења, да развиваат критички пристап и да имаат доверба во сопственото расудување. На нашата држава ѝ се потребни млади луѓе кои знаат да ги преиспитуваат работите, одговорно да дејствуваат во општеството и да имаат капацитет да придонесуваат кон позитивни промени и напредок на државата. Ќе го завршам моето обраќање со цврсто уверување дека: „Вистинската слобода не се состои само во правото да го изразиме тоа што го мислиме, туку и во способноста слободно да размислуваме пред да поверуваме во она што ни се кажува и да станеме робови на дефиницијата на реалноста што ни ја наметнува некој друг“. Ви благодарам и ви посакувам плодна дискусија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter