СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите! - Канал 5

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите!

Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите!

Ива Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира. Двата пасоши одземени, а сепак излегла. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската полиција вели евидентиран нема влез. Епа како?

Полицијата во рацете на власта служи за гласање. Ништо друго. Safe City пуштен без закон кој ќе го контролира. Министерот рече дека имаат Пегазус софтвер и снимаат разговори на граѓани. Сè во партиски цели.

Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Пет тони дрога преку граница, а опремата за царина се предава свечено.

Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон.

ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери.

Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште.

Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот.

СДСМ не се меша во судството. Тоа го прави ВМРО-ОКГ. Бараме одговорност. Министерот да каже како излегла Михаилова. Како поминаа пет тони дрога. Зошто бодигардот е на слобода. Зошто пријавите за насилство не добија одговор. Зошто обвинителот работи преку телефон.

Законот или важи за сите, или не важи за никого. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар
Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница.
Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин.
Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар.
Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ...
Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар“.
Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома.
Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата.
Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност.
СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.
Оставка од Панче Тошковски како министер што раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата.
Граѓаните заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат.

На средбите беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата.

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Тековното портфолио опфаќа активности насочени кон унапредување на јавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство.

Во разговорите беше истакната и важноста на соработката со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во насока на поттикнување на приватните инвестиции, подобрување на деловното опкружување, поддршка на зелената транзиција и зголемување на конкурентноста на домашната економија.

Посебно внимание беше посветено на реализацијата на Рамката за партнерство со Светската банка за периодот 2024–2028 година, која предвидува значителна финансиска и техничка поддршка за земјата која е во износ од околу 700 милиони долари.

Во таа насока, акцентот беше ставен на забрзување на реализацијата на проектите, поефикасно користење на расположливите средства и постигнување конкретни резултати за граѓаните и економијата.

На средбите беше разговарано и за можностите за поддршка на нови стратешки инвестиции, како и за унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст.

Претставниците на Светска банка ја поздравија определбата на Владата за продолжување на реформите и ја потврдија подготвеноста на институцијата и во наредниот период да обезбедува експертска и финансиска поддршка за остварување на развојните приоритети на земјата.

На средбата покрај министерката присуствуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание.

На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Во среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. шпагети

250 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 ќесичка Болоњезе сос

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер