3Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
МакедонијаНатпревар за најдобри бизнис идеи кај средношколциКои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја?Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта. Патот до милионот е следен: од сите пријавени бизнис-идеи на средношколците од Македонија, на 10 ноември ќе бидат објавени 120-те најдобри, по што започнува јавното онлајн гласање кое ќе трае до 25 ноември. Во истиот период ќе бидат организирани и седум менторски работилници, на кои учесниците ќе добијат практични совети за развојот на своите идеи. На 25 ноември ќе бидат избрани 50-те најдобри тимови, кои на 28 ноември ќе имаат само 90 секунди за да ги убедат инвеститорите во потенцијалот на својата идеја, преку форматот познат како elevator pitch. Од нив ќе бидат избрани 20-те најдобри тимови кои ќе продолжат во големото финале. На 29 ноември финалистите ќе имаат по пет минути за презентација и уште пет минути за прашања од инвеститорите и жирито, по што ќе биде прогласена победничката идеја што ќе ја освои наградата од 1.000.000 денари влог во идејата. Пред десет години некој вложил милион во неговата идеја. Денес тој вложува милион во идеите на средношколците. Приказната за натпреварот започнува многу пред неговото прво издание. Пред десетина години, Петар Ниновски, основачот на Brainster, бил млад претприемач со големи амбиции, но и со неизвесност дали ќе успее. Зад себе веќе имал неколку претприемачки обиди, од препродажба на концертни билети до бизнис со накит, кој по неуспешниот почеток во Црна Гора го продолжил во Охрид. Но пресудниот момент дошол кога група бизнис-ангели поверувале во неговата визија за создавање на подобро образование и му дале почетна инвестиција од еден милион денари. Со тие средства Ниновски го започнал Brainster, кој во следните години прерасна во образовна групација што обучува илјадници луѓе, создава работни места и развива нови и иновативни образовни програми, а денес е и лидер во Македонија на полето на вештачката или супер интелигенција. „Пред 10 години некој веруваше во мене, денес ние веруваме во младите и идеите кои носат подобра иднина“, вели Ниновски. Тројца битолчани покажаа дека милионот не е само сон Минатогодишното издание на натпреварот покажа дека во Македонија постои огромен претприемачки потенцијал кај младите. Во конкуренција на стотици пријавени тимови, победата ја однесоа тројца средношколци од Битола – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, со тимот Stay BE и бизнис-идејата „Систем 4“. Нивното решение користи вештачка интелигенција за подобрување на работењето на хотели и ресторани, преку телефонски агенти, чет-асистенти и други дигитални услуги. Тие не понудија само идеја на хартија, туку реално бизнис-решение со потенцијал за развој и ширење на пазарот. За тоа освоија 1.000.000 денари, а нивниот проект привлече и дополнителен интерес од инвеститори. Инвестициска понуда доби и второпласираниот тим „ПаметПакет“. Целта е поголема од милионот Целта на натпреварот е да го поттикне претприемачкиот дух кај младите, да ги охрабри да размислуваат креативно, да препознаваат можности таму каде што другите гледаат проблеми и да научат дека за успешен бизнис не е пресудна возраста, туку идејата, знаењето и иницијативата. Во наредниот период се предвидени и презентации во средните училишта низ Македонија во координација со надлежните образовни институции, со цел што повеќе средношколци непосредно да се запознаат со можностите што ги нуди натпреварот. Минатогодишните победници покажаа дека средношколските години можат да бидат вистинскиот момент за развивање на претприемачките способности, а идеите што денес се раѓаат во училишните клупи утре можат да прераснат во успешни компании. Токму затоа, организаторите ги охрабруваат средношколците од цела Македонија да ја искористат можноста, самостојно или заедно со своите соученици да развијат бизнис-идеја и да ја пријават на натпреварот. Не е неопходно да имаат готов производ или веќе основана компанија, туку идеја во чиј потенцијал веруваат и подготвеност да работат на нејзиното развивање. Пријавувањето е отворено до 8 ноември 2026 година на milioner.mk , а на 29 ноември ќе дознаеме во кое средно училиште ќе заврши следниот милион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаВРЕДИ: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банкаОваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија. Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на Алта банка, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура. Денес сакаме да кажеме две работи јасно. Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ. ДУИ сега вика „српски свет“. Но фактите покажуваат кој му ја отвори вратата: Во јули 2021 година српската компанија МТЕЛ влегува на нашиот пазар. Тогаш ДУИ е во Владата, а Бујар Османи е министер за надворешни работи. Османи имаше најмалку 11 средби со српски функционери. Записниците од тие средби до денес не се објавени. На 24 октомври 2024 година, АС Сењак, фирма на сватот на Али Ахмети, доаѓа до акции на Стопанска банка Битола од фирма поврзана со Сашо Мијалков. На 9 јуни 2025 година, фирма во која АС Сењак е сосопственик подигнува кредит од 5 милиони евра од Алта банка Белград. На 17 септември 2025 година акциите се продадени на Алта банка. Шест дена подоцна, општина водена од ДУИ му дава на АС Сењак два договори вредни 90 милиони денари. Ова не е случајност. Тоа е синџир што од Белград води до ДУИ, а од ДУИ назад до Белград. Истата партија што им зборуваше на Албанците за патриотизам правеше бизнис со луѓето на Вучиќ. Второ: паѓа Вучиќ, паѓаат и неговите сателити во ДУИ. Што се гради врз туѓа моќ, паѓа заедно со неа. Вучиќ ја изгуби власта, а Алта банка остана без дозвола. Сега се отвораат тајните во Белград, а со нив и сметките. ВРЕДИ го кажува ова уште од септември 2025 година. Документите ги доставивме до Државната комисија за спречување на корупцијата. Али Ахмети и ДУИ молчат веќе 13 месеци. Тој молк сега нема да им помогне. Затоа бараме: Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да ги истражат трансакциите на АС Сењак со Мијалков и со Алта банка, кредитот од 5 милиони евра и тендерите од општините на ДУИ. Надлежните институции да побараат податоци од српските органи за сите врски на Алта банка со фирми од Македонија. ДУИ да ги објави записниците од средбите на Османи и Ахмети со Вучиќ и со српски функционери. Али Ахмети лично да објасни зошто фирмата на неговиот сват купувала од Мијалков, се задолжила кај Алта и продавала на Алта. Албанците во Македонија заслужуваат политика што не се продава на Белград. Вучиќ падна. Редот е на неговите сателити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбраќање на претседателот Гаши на Дебата со средношколци и пратенициЌе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Почитувана амбасадорке на Обединетото Кралство, Ваша Екселенцијо, г-ѓа Маја Сивањанам, Почитувани претставници на Институтот за комуникациски студии, Почитувани пратеници, Драги млади, Ќе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Секогаш велам дека одговорот на ова прашање не е едноставен, бидејќи оваа одговорност подразбира бројни предизвици, но несомнено еден од најголемите е поврзан со начинот на кој нашите постапки и изјави се комуницираат, толкуваат и перципираат во јавниот простор. Во време кога вниманието на јавноста сè почесто го привлекуваат негативните вести, кога една изјава може да биде извадена од контекст, да биде протолкувана поинаку од она што навистина било кажано, па дури и да биде искривена, станува сè потешко граѓаните да направат јасна разлика меѓу објективните информации и нивните толкувања, како и меѓу фактите и обидите за манипулација. Се разбира, не го започнав ова обраќање за да зборувам за моите предизвици како претседател, туку за да ја истакнам важната улога што ја има точното и објективно информирање во разбирањето на реалноста и во развојот на демократијата. Затоа што денес се соочуваме со еден парадокс: имаме повеќе информации на располагање од кога било досега, но тоа не значи дека поседуваме и повеќе знаење, будност и способност за критичко расудување. Младите се особено изложени на влијанието на дигиталниот простор, бидејќи социјалните мрежи одамна не се само средства за комуникација и забава, туку и важни извори на информации и обликување на нивните ставови. Затоа, заштитата од дезинформации, во суштина, е заштита на демократијата и на нашата слобода да расудуваме независно. Токму тука започнува значењето на медиумската писменост и суштината на денешната дебата. Целта не е да им кажеме на младите што да мислат, туку да ги оспособиме самостојно да размислуваат; да не им определуваме кому да веруваат, туку да ги оспособиме како да ја проценуваат веродостојноста на една информација. Една од првите поуки во оваа насока ја наоѓаме во учењето на кинескиот филозоф Конфучие: „Да не им веруваме на зборовите без претходно да ги провериме и да не заземаме страна пред внимателно да размислиме”. Драги млади, Вие кои сакате да го промените светот, системот и општествените неправди, запомнете: не можеме да промениме нешто за кое не сме целосно свесни, а целосна свесност стекнуваме единствено преку целосното информирање. Во духот на Џон Лок: „Оној што суди без да биде информиран од сите можни извори, неизбежно е да донесе погрешни заклучоци“. Затоа, не ја мерете вистината според бројот на позитивните реакции, не ја мешајте популарноста со веродостојноста и не дозволувајте брзината на информациите да ја замени длабочината на вашето размислување. Застанете, прашувајте, проверувајте и барајте аргументи. Дури и разумното сомневање, кога нè води кон вистината, е знак на слободен ум. Затоа што на едно демократско општество не му се потребни граѓани кои веруваат или критикуваат сè, туку граѓани кои знаат правилно да расудуваат и критички да размислуваат. Собранието, во оваа насока, има важна улога. Како дом на сите граѓани и институција во која тие се претставени, тоа треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност. Исто така, сметам дека Собранието треба да биде отворена врата за општеството, особено за младите, кои не се само носители на иднината, туку и активни чинители на сегашноста. Токму затоа, особено ми е драго што заедно со Британската амбасада, Институтот за комуникациски студии и Клубот на млади пратеници, преку овој настан придонесуваме оваа способност да се негува, да се заштитува и да стане дел од нашата демократска култура. Нашата заедничка обврска е да создадеме услови младите да стекнуваат знаења, да развиваат критички пристап и да имаат доверба во сопственото расудување. На нашата држава ѝ се потребни млади луѓе кои знаат да ги преиспитуваат работите, одговорно да дејствуваат во општеството и да имаат капацитет да придонесуваат кон позитивни промени и напредок на државата. Ќе го завршам моето обраќање со цврсто уверување дека: „Вистинската слобода не се состои само во правото да го изразиме тоа што го мислиме, туку и во способноста слободно да размислуваме пред да поверуваме во она што ни се кажува и да станеме робови на дефиницијата на реалноста што ни ја наметнува некој друг“. Ви благодарам и ви посакувам плодна дискусија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Автомобилизам„McLaren“ подготвува нов суперавтомобил, а првата трага се појави на неочекувано местоСе шпекулира дека новиот „McLaren McL 820“ ќе пристигне како наследник на моделот „750S“.„McLaren“ би можел да го претстави наследникот на својот суперавтомобил „750S“ уште следната година – иако производството на „750S“ моментално е планирано да продолжи до 2027 година. Можното име на новиот модел беше откриено сосема случајно, благодарение на скулптура од птицата киви, изложена во лондонскиот „Covent Garden“. Кивито е традиционален симбол за „McLaren“, поврзан со новозеландското потекло на основачот на компанијата, Брус Мекларен. Сепак, токму ознаката „McL 820“ – испишана со портокалови букви на скулптурата – го привлече вниманието на списанието „Autocar“. Доколку овие претпоставки се покажат како точни, името би можело да укажува на нов суперавтомобил со приближно 820 коњски сили – околу 70 коњски сили повеќе од сегашниот модел „750S“. Се очекува новиот „McLaren“ да биде опремен со „V8“ мотор со два турбополначи, за разлика од „V6“ моторот кај „Ferrari 296 GTB“, кој развива 830 коњски сили. Сепак, компанијата сè уште официјално нема потврдено ниту името, ниту техничките спецификации на новиот модел. Нова ознака и враќање на мануелниот менувач Префиксот „McL“ веќе се појави кај моделот „McL 6GT“ – суперавтомобил од ограничена серија со цена од приближно 1,5 милиони долари. Овој модел исто така привлече внимание бидејќи поседува мануелен менувач – прв од ваков вид во понудата на „McLaren“ уште од легендарниот модел „F1“ од 1990-тите години. Промените во компанијата опфаќаат повеќе од само нови модели и ознаки. „McLaren“ сега е во сопственост на инвестицискиот фонд „L'imad“ со седиште во Абу Даби и поминува низ поширока корпоративна реорганизација. Исто така, постојат планови за развој на „SUV“ возило, дизајнирано да им конкурира на модели како „Lamborghini Urus“ и помоќните верзии на „Porsche Cayenne“. Понатаму, „McLaren“ има намера да изгради втора фабрика во Обединетото Кралство и да започне со производство на сопствени мотори, со што ќе стави крај на досегашната зависност од компанијата „Ricardo“. Засега, „McL 820“ останува неофицијална можност, но еден детаљ на скулптура во Лондон поттикна шпекулации во врска со следното големо ново издание на „McLaren“. Извор: Б92Тагови: McLaren Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00