Бредли Купер меѓу две суперманекенки: Ирина Шајк не ја одобрува неговата врска со Џиџи Хадид

Џиџи Хадид и Бредли Купер станаа официјална двојка.

Новите фотографии ги покажуваат љубовниците како уживаат на јахта, покрај италијанскиот брег за време на нивниот летен одмор.

Супермоделот е во врска со актерот од минатиот октомври, но ниту една страна не сакаше да ја потврди романсата.

За време на нивното патување низ Медитеранот, тие се дружеа со други познати личности, меѓу кои и бремената Маргот Роби и нејзиниот сопруг, како и Бенедикт Камбербах.

На парот подоцна им се придружи и седумгодишната ќерка на Бредли, Леа Де Сеин, која ја има со руската манекенка Ирина Шајк.

Според анонимен извор кој зборувал за Page Six, рускиот супермодел наводно „не е среќна“ поради расцутената романса.

- Ирина е изненадена и не ѝ се допаѓа што Џиџи е дваесет години помлада од него, што работат во иста индустрија и што лично таа ги запознала - пренесува „Грација“.

Алармантно предупредување од Берлин: Русија би можела да го нападне НАТО до 2030 година

Русија ќе биде способна да изврши напад врз НАТО до 2030 година и ги засилува напорите да ги саботира западните сојузници на Украина, предупреди шефот на германската надворешна разузнавачка служба БНД.

Германија, која е вториот најголем воен сојузник на Киев по Соединетите Американски Држави, сѐ повеќе станува цел на руска шпионажа и саботажа, објави „france24.com“.

„Сакале или не, ние сме во директна конфронтација со Русија“, рече Бруно Кал, шеф на надворешната разузнавачка служба на БНД, за време на парламентарното сослушување.

Кал изјави дека долгорочната цел на рускиот претседател Владимир Путин е да го ослабне Западот, додека воениот конфликт со НАТО станува „опција за Русија“.

„Во однос на работната сила и опремата, руските вооружени сили веројатно ќе бидат способни да извршат напад врз НАТО до крајот на оваа деценија“, додаде Кал.

Тој зборуваше на сослушувањето во Бундестагот заедно со шефовите на домашното и военото разузнавање, кои исто така предупредија на растечката закана од Русија во контекст на инвазијата на Украина.

„Руското шпионирање и саботажа во Германија се зголемува, и квантитативно и квалитативно“, изјави Томас Халденванг, шеф на домашната разузнавачка служба.

Халденванг спомена неколку сомнителни диверзантски активности, вклучително и инцидент со експлодирачки пакет што речиси го загрози товарниот авион на DHL. Пакетот се запали на теренот на аеродромот во Лајпциг во јули, пред да биде натоварен во авионот, во она што Халденванг го опиша како „среќна околност“.

„Ако експлодираше во текот на летот, авионот ќе се урнеше, а остатоците можеше да ги загрозат сите луѓе овде во Германија кои, отворено или тајно, го симпатизираат Путин“, рече тој.

Халденванг рече дека Русија исто така се вклучува во кампањи за дезинформација, користи беспилотни летала за шпионирање на критичната инфраструктура и се обидува да регрутира луѓе, вклучително и оние од светот на организираниот криминал.

Кампањата на Москва за дестабилизација се разви од бура во „вистински ураган“ кој се движи кон запад, рече Халденванг, истакнувајќи дека источните соседи на Германија, Полска и балтичките земји, се соочуваат со уште по „брутална“ закана.

Германија е потресена од неколку случаи на наводно шпионирање за Русија и саботажа од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Во април, истражителите уапсија двајца германско-руски државјани под сомнение дека шпионирале за Русија и планирале напади во Германија, вклучително и врз американските воени бази, за да се заканат со воена помош за Украина.

Потоа, германската воена база беше затворена кога беше откриена дупка во оградата, за која се верува дека е саботажа, бидејќи натрапниците, наводно, се обиделе да влезат во камповите на НАТО во земјата.

„Германските вооружени сили забележаа „значителен пораст“ на шпионажните и диверзантските активности поврзани со Русија“, изјави на парламентарното сослушување Мартина Розенберг, шеф на военото разузнавање.

Меѓу руските активности беа „извидување на испораките на германско оружје за Украина“, како и следење на воената обука и проектите за вооружување, додаде таа.

Тројца шефови на германските разузнавачи апелираа за поголеми овластувања за борба против руските активности и други закани на германска територија.

„Разузнавачките служби гаснеа пожари на сите страни“, рече Халденванг, посочувајќи на заканите од кинеските и иранските активности, како и од радикалните исламисти и екстремната десница во Германија.

Количината на планктони во океаните се зголемува, што може да влијае на синџирот на исхрана

Сите мориња во светот се населени со овие ситни организми кои се во основата на синџирот на исхрана.

Невидливата шума од планктони што ги населува океаните се шири во подлабоките води поради климатските промени и би можела значително да влијае на целиот синџир на исхрана, се вели во студијата објавена во списанието „Климатски промени во природата“ предводена од Јоханес Вилјоен од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија.

Сите мориња во светот се населени со овие ситни организми кои се во основата на синџирот на исхрана, а преку фотосинтезата произведуваат половина од органските материи што ги користат сите живи суштества на планетата, наведува агенцијата Ansa.

Анализирајќи ја количината и дистрибуцијата на фитопланктонот во последните 33 години во Саргасовото Море, огромен дел од Атлантскиот Океан помеѓу Антилите и Азорите, истражувачите забележале дека вкупната биомаса, односно количината на микроорганизми, се зголемува со температурите.

Микроорганизмите на површината на водата имаат стабилно присуство, додека длабоките фитопланктони реагираат поинаку.

-Нашата студија покажува дека длабоките океански фитопланктони кои се развиваат во услови на слаба осветленост реагираат различно на затоплувањето на водата и климатските промени, рече Виљон.

Оваа промена би можела да има големо влијание врз целиот синџир на исхрана во океанот, од мали риби до големи цицачи, велат научниците.

Бидејќи овие слоеви на длабок фитопланктон се помалку видливи, потребни се повеќе инвестиции во подводни мрежи за мониторинг за да не останат невидливи овие значајни промени, предупредуваат истражувачите. /МИА

Душчик: Белорусија планира „жешка гранична и миграциска криза“

Неговата изјава уследи откако полскиот премиер Доналд Туск пред неколку дена го најави планот за суспендирање на правото на азил.

Плановите на Полска привремено да го суспендира правото на азил се засноваат на претпоставката дека соседна Белорусија се обидува да прати голем број мигранти кон заедничката граница, изјави денеска полскиот заменик-министер за внатрешни работи Мачеј Душчик.

- Информациите што ги имаме за различни сценарија, кои се развиваат во Белорусија и Русија го оправдуваат таков сигурносен вентил. Белорусија работеше на жешка гранична и миграциска криза, планирајќи насилно да принуди стотици луѓе кон надворешната граница на ЕУ, за да ја дестабилизира ситуацијата во Полска, посочи Душчик.

Неговата изјава уследи откако полскиот премиер Доналд Туск пред неколку дена го најави планот за суспендирање на правото на азил.

Полска и ЕУ ги обвинуваат рускиот и белорускиот претседател, Владимир Путин и Александар Лукашенко дека ги туркаат мигрантите од кризните региони кон надворешната граница на ЕУ со цел да извршат притисок врз Западот.

И покрај изградбата на ограда висока 5,5 метри и електронски систем за надзор долж полската граница, мигрантите сè уште секојдневно се обидуваат илегално да ја преминат границата. Од почетокот на годината, полските граничари веќе регистрирале речиси 28.000 такви обиди. /МИА

притисни ентер