Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
ЕкономијаМаск: На секое дете во САД ќе му подарам по една акција во Спејс ИксЅpaceX на Илон Маск и технолошката компанија за вештачка интелигенција Anthropic најавија големи донации во форма на нивните акции.ЅpaceX на Илон Маск и технолошката компанија за вештачка интелигенција Anthropic најавија големи донации во форма на нивните акции бидејќи технолошките гиганти се соочуваат со зголемен притисок за можните последици од вештачката интелигенција за човештвото. Маск најави дека следната година ќе подари по еден од своите акции во вселенската компанија Спејс Икс, која е сопственик на компанијата за вештачка интелигенција xAI, на секое дете во САД. Најавата на милијардерот дојде откако Антропик објави дека ќе издвои пет отсто од своите акции за фонд кој ќе финансира донации за „општото добро“. Антропик се подготвува за потенцијално ИПО соборување на рекорди, што би можело да ја вреднува компанијата на повеќе од 1 трилион долари. Во јуни SpaceX постави рекорд за најголема иницијална јавна понуда (IPO) во историјата, собирајќи 85,7 милијарди долари. Маск сака акциите директно да им бидат распределени на граѓаните Овие најави доаѓаат во време кога индустријата за вештачка интелигенција е под зголемена контрола поради безбедносни грижи и стравувања од последиците што нејзиниот развој може да ги има врз општеството и работните места. Деталите за тоа како секое дете во САД би добило дел од SpaceX сè уште не се објавени. Маск на социјалните мрежи напиша: „Следната година ќе му дадам една од моите акции на SpaceX на секое дете во Америка. Тоа ќе биде првото од многуте“. Next year, I will give one of my SpaceX shares to every kid in America. This will be the first of many. — Elon Musk (@elonmusk) October 19, 2026 Тој го објави ова откако одговори на најавата на Антропик за основање на фондот со порака: „Препорачувам акциите да се поделат директно на граѓаните. Јас сам ќе го направам тоа“. Приходите на Антропик рапидно растат Антропик објави дека акциите во својот Фонд за општото добро нема да се користат за лобирање или за политички донации во САД или во странство. Компанијата која стои зад вештачката интелигенција Клод најави и дека одборот на директори, според сопствената проценка, би можел да додели дополнителни два отсто од акциите на фондот, пишува Би-Би-Си. Антропик им кажа на потенцијалните инвеститори минатата недела дека нејзиниот приход се зголемил за 45 отсто на 16,8 милијарди долари во трите месеци до крајот на септември. Како и другите компании во секторот за вештачка интелигенција, Anthropic се обидува да се претстави како компанија која може да оствари огромни профити, и покрај тоа што инвестира милијарди долари во развојот на технологијата и изградбата на инфраструктурата потребна за водење на нејзините модели. Компаниите ширум светот, пред се во технолошкиот сектор, укинаа илјадници работни места откако инвестираа во вештачка интелигенција. Многумина од нив како причина ја наведуваат поголемата ефикасност што ја носи примената на таа технологија. Истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 2024 година покажа дека вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места во светот, а во развиените економии овој удел би можел да достигне и до 60 отсто. Драматично предупредување од истражувач кој го напуштил Антропик Во септември, истражувач кој го напушти Антропик рече дека луѓето кои работат на развојот на вештачката интелигенција се „искрено исплашени“ од брзината на нејзиниот напредок и можните последици за човештвото. „Ако не го забавиме сегашното темпо на напредок, верувам дека постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“, изјави тој. Џејкоб Коксон зборуваше за Би-Би-Си откако неговото писмо за оставка за опасностите од вештачката интелигенција стана вирално. Ова се случи во време на зголемена загриженост за безбедноста на индустријата. Неговиот поранешен шеф, шефот на Антропик, Дарио Амодеи, претходно повика на забавување на развојот на вештачката интелигенција, иако некои ги доведуваат во прашање мотивите зад таквите повици. Шефовите на две конкурентски компании за вештачка интелигенција, Сем Алтман и Маск од OpenAI, исто така рекоа дека се согласуваат со предлогот на Амодеи да го забави развојот на технолошката индустрија ширум, да го регулира и независно да го надгледува развојот на моделите за вештачка интелигенција. Трамп формираше работна група за вештачка интелигенција Претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп и шефовите на големите компании за вештачка интелигенција потпишаа документ опишан како „морално обврзувачки“. Со него тие презедоа обврска да бидат одговорни за безбедноста на сопствените технологии. Трамп постојано ја отфрла идејата за донесување закони за регулирање на развојот на оваа технологија, и покрај дискусиите за можните ризици од вештачката интелигенција и нејзините последици за човештвото. Претседателот потоа го назначи директорот на националното разузнавање Џеј Клејтон да раководи со новата работна група за вештачка интелигенција. Како што рече, таа ќе ја координира соработката на Владата со потрошувачите, компаниите и „верските организации“.Тагови: Илон Маск Спејс Икс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter