МакедонијаБорел: Македонскиот како еден од официјалните јазици во ЕУ е реалностПретседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со Жозеп Борел, висок претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. На средбата присуствуваа и потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторите на пратеничките групи во Собранието, Јован Митрески и Арбер Адеми, заменик-координаторите Дафина Стојановска и Халил Снопче, претставниците на помалите партии во Собранието, Сафије Садики Шаини, Бастри Бајрами и Антонијо Милошоски, член на НСЕИ, соопшти собраниската прес-служба. Џафери изрази задоволство за реализацијата на посетата и динамиката на одржување на средби со претставници на Унијата, изразувајќи особена благодарност за нејзината финансиска помош наменета за справување со последиците од пандемиската, енергетската и економската криза. Истовремено, беше нагласена нашата подготвеност за продолжување со континуираното и целосно усогласување со надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ, вклучително и во однос на случувањата во Украина. Тој го изнесе своето видување за актуелната политичка ситуација, тековните собраниски активности и информираше за нашиот придонес во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ и ПСЈИЕ оваа година, за унапредување на нивните утврдени цели и вредности. Борел ги поздрави заедничките позиции на политичките чинители во изминатите децении за европската перспектива на земјата и за добросостојбата на нејзините граѓани. Осврнувајќи се на изминатите циклуси на проширувања и искуството на неговата земја, Борел нагласи дека процесот на проширување е најдоброто нешто што секоја од денешните земји членки го направила за просперитет и за мир на европскиот континент. Случувањата во Украина беа посочени како двигател за забрзување на проширувањето и историскиот момент, кој пружа исклучителна шанса што не треба да се пропушти. - Потпишувањето на Договорот со Фронтекс е непобитна реалност и гаранција за македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на Европската унија, изјави Борел. Во однос на Собранието во тој процес, Борел истакна дека неговата улога е од исклучително значење, заради фактот што неговите претставници доаѓаат по избор на граѓаните. Пораките кои беа упатени до соговорниците се однесуваа на потребата од поголема координација меѓу власта и опозицијата и нивно заедничко делување заради државните интереси. Беше издвоено значењето и улогата на Комисијата за европски прашања, како и измените кои треба да се внесат во Деловникот за работа на Собранието за овозможување на непречено донесување на потребното европско законодавство до стапувањето во членство во Унијата. Присутните од страна на Собранието, искажаа различни видувања за евроинтеграциите, од кои голем дел беа за поддршка на претстојните уставни измени, но беа искажани и стравови за можни следни барања од страна на Република Бугарија во овој процес. Во таа насока, беше информирано и за ниската поддршка на граѓаните на последните анкети за зачленувањето во ЕУ заради барањата на Бугарија и беа побарани гаранции овој процес да се води според принципите и стандардите од изминатите проширувања на Унијата, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 10 Прилеп, Битола, Претор, Тетово, Зајчев Рид, Велес, Скопје Петровец, Охрид, 11 Кавадарци, Демир Капија, Штип, 12 Виница, Берово, 15 Струмица, 16 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 19 Ѓуриште, 12 Кавадарци, 9 Виница, Попова Шапка, Велес, 8 Битола, Крива Паланка, 7 Струмица, Берово, 6 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 5 Зајчев Рид, Штип, 4 Крушево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, 3 Лазарополе, 2 Скопје Петровец, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Денеска одржавме состанок со претставници на ГРЕКО, посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво. Како претседател на ЗЕЛС, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за одговорно управување со јавните средства. Нашата определба е општини што работат транспарентно, чесно и во интерес на граѓаните!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран објави снимка од нуклеарна експлозија и упатства за граѓаните како да се заштитатИранските државни медиуми објавија осумминутно видео кое содржи упатства за граѓаните како да преживеат нуклеарен напад.Снимката објаснува како да се заштитите од експлозија, како да најдете засолниште и како да избегнете изложеност на радиоактивни материи. Видеото е објавено во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел. Иранската државна новинска агенција ИРНА го објави видеото на 29 октомври, како дел од Националната недела на цивилна заштита. Упатствата се подготвени од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа иранскиот нуклеарен објект Натанц. Објаснување за граѓаните како да преживеат нуклеарна експлозија Во видеото се предупредуваат граѓаните да не гледаат директно во блесокот од нуклеарна експлозија. Доколку се затекнат на отворен простор, треба да побараат заштита зад цврста пречка, да легнат на земја и да си ги заштитат главата и лицето. Откако ќе помине ударниот бран, се советува што побрзо да влезат во најблискиот цврст објект – најдобро во подрум или во просторија во центарот на градбата – притоа држејќи се што подалеку од прозорците и надворешните ѕидови. Исто така, се советува граѓаните да ги затворат сите врати и прозорци, како и да ги исклучат клима-уредите и системите за вентилација што вовлекуваат воздух однадвор. Се препорачува престој во засолништето најмалку 24 часа Во случај на можна изложеност на радиоактивни честички, граѓаните треба внимателно да ја соблечат горната облека, да ја стават во затворена кеса и да се измијат со млака вода и сапун. Иранските служби, исто така, советуваат користење на флаширана вода и спакувана храна. Граѓаните треба да останат во засолништето најмалку 24 часа и да ги следат официјалните известувања пред да излезат. Упатствата се објавени во рамките на иранската Недела на цивилна заштита, која се одбележува со години. Сепак, ваквата детална јавна подготовка за можна нуклеарна експлозија привлече внимание поради моменталните односи меѓу Техеран и Вашингтон. Такер Карлсон тврди дека Трамп размислува за нуклеарен напад Објавувањето на видеото предизвика дополнително внимание откако американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран во текот на следните неколку дена. Карлсон на социјалната мрежа „X“ напиша дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно врши притисок врз Трамп да го нападне подземниот комплекс познат како „Планина Пикекс“, кој се наоѓа недалеку од нуклеарниот објект во Натанц. Според Карлсон, израелските разузнавачки служби сметаат дека Иран таму повторно го започнал процесот на збогатување ураниум. Тој исто така тврди дека конвенционалното американско оружје не е во состојба да ги уништи длабоко вкопаните тунели. Карлсон не понуди никакви независно проверливи докази за своите тврдења дека се подготвува нуклеарен напад. Ниту американските, ниту израелските власти не потврдија дека се размислува за таков напад. Трамп претходно ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Американскиот претседател претходно зборуваше за можноста за нови напади врз иранските нуклеарни постројки, вклучително и „Планина Пикекс“, но јавно ја отфрли употребата на нуклеарно оружје. Во интервју за „Newsmax“ кон средината на октомври, тој изјави дека на САД не им е потребно да користат нуклеарно оружје против Иран. Тврдењата на Карлсон предизвикаа бројни реакции во американската јавност, но засега нема потврда дека Вашингтон подготвува нуклеарен напад. Иранските власти официјално не го поврзаа објавувањето на безбедносните упатства со конкретна закана од страна на САД. Видеото е дел од програмата за цивилна заштита, а самото негово објавување не значи дека иранските служби имаат сознанија за претстоен нуклеарен напад. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter