Барселона одби 200 милиони долари за Џамал - Канал 5

Барселона одби 200 милиони долари за Џамал

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта изјави дека клубот одбил понуда од 200 милиони евра за Ламин Џамал.

Барселона одби 200 милиони долари за Џамал

На почетокот на октомври 2023 година, младиот шпански фудбалер го продолжи договорот со Барселона до летото 2026 година.

- Имаме доверба во тимот што го имаме во моментов, не сакаме да потпишуваме со играчи кои би можеле да ни ја нарушат хармонијата. Не ни требаат големи засилувања, не гледаме потреба од инвестиции кои би можеле да го оштетат она што го градиме, а тоа е избалансиран тим. Не сакаме да продаваме големи имиња. Ако сѐ оди според планот, нема да бидеме принудени да продаваме ниту еден играч - изјави Лапорта за Мундо депортиво.

Тој додава дека клубот одбил понуда од 200 милиони евра за Ламин Џамал ​​и дека Барселона не е под притисок да продава играчи.

- Напротив, ние сме во процес на економско закрепнување и навистина можам да ја видам светлината на крајот од тунелот. Добивме понуди и за Балде, Фермин, Гави, Педри, Де Јонг, Араухо, но не сакаме да ги продадеме. Само од споменатите имиња би имале приход од една милијарда евра. Мислам дека и Кансело и Феликс ќе останат во Барса и следната сезона. Се надевам дека Атлетико нема да биде проблем, Сити исто така. Тоа ќе биде продолжување на кредитот со фиксна куповна цена - заклучил Лапорта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Патнички воз во Есекс, источна Англија, излета од шините денес, помалку од 24 часа откако во сличен инцидент во воз на релација Лондон-Истборн беа повредени 20 лица.

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф.

Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако лидерите во индустријата инсистирале дека железниците се безбедни за употреба во топло време.

Инцидентот се случил на најжешкиот ден во годината, кога температурите достигнале 38 степени Целзиусови.

Сликите од местото на несреќата покажуваат дека возот тргнувал од Саутенд Викторија кон Лондон Ливерпул Стрит во 13:51 часот.

Засега нема информации дали има повредени во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес известија за прекини на електричната енергија, кои се случија „поради ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, објави Министерството за енергетика на Казахстан.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Министерствата за енергија на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија. Тие изјавија дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Репортерите на Ројтерс во Алмати, најголемиот град во Казахстан, и Бишкек, главниот град на Киргистан, известија за прекини на електричната енергија. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главниот град Душанбе и вториот по големина град Хуџанд.

Прекините на електричната енергија се чести во Централна Азија

Узбекистанските власти известија за прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан.

Недостатокот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија, каде што традиционалното потпирање на хидроенергија предизвикува проблеми бидејќи климатските промени ги прават хидроцентралите ранливи на недостиг на вода.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер