Барселона го отпушти Чави - Канал 5

Барселона го отпушти Чави

Тренерот на Барселона Чави Ернандез доби отказ, соопштија Каталонците.

Барселона го отпушти Чави

Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја дозна својата судбина по состанокот со претседателот на клубот Жоан Лапорта претходно денеска. На средбата присуствуваа и останатите челници во клубот.

Четириесет и четири годишниот Чави ќе ја предводи Барселона на неделниот меч со Севиља, кој ќе биде последен за него.

Чави ја презеде тренерската функција во Барселона на крајот на 2021 година, заменувајќи ја другата легенда на Каталонците - Роналд Куман.

Тој го предводеше тимот до титулата во сезоната 2022/23, а во есента минатата година потпиша нов договор до летото 2025 година.

На почетокот на оваа година тој најави дека ќе го напушти клубот, но потоа беше разубеден токму од Лапорта и реши да остане. Сепак, односите меѓу двајцата повторно се влошија во последните недели, што доведе до разделба меѓу двете страни./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

Горивата од полноќ значително поевтинуваат.

Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари.

„ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна.

Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата.

„Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 13 жртви во украински напад на руската Република Татарстан

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.

Најмалку 13 жртви во украински напад на руската Република Татарстан

Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти.

Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар.

Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Високата вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот.

Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз.

Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер