Атлетико Мадрид би може да добие американски сопственици - Канал 5

Атлетико Мадрид би може да добие американски сопственици

 Шпанскиот фудбалски гигант Атлетико Мадрид би можел да има нови сопственици, јавија денеска медиумите во Шпанија.

Атлетико Мадрид би може да добие американски сопственици

Шпанскиот медиум „Експанзија“ ексклузивно објави дека сопствениците на Атлетико Мадрид се во финални преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“, кој треба да стане нов мнозински акционер на клубот.

„Аполо“ ја проценува вредноста на клубот на 2,5 милијарди евра.

Сегашниот мнозински акционер на клубот е „Атлетико Холдко“, компанија која поседува повеќе од 70% од акциите. Компанијата е првенствено управувана од Мигел Анхел Хил, додека други акционери се американската фирма за приватен капитал „Арес Менаџмент“ и Енрике Серезо, претседателот на Атлетико. Останатите акции се во сопственост на „Квантум Пацифик“, британска компанија основана од израелскиот тајкун Идан Офер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави фотомонтажа од Барак и Мишел Обама

Доналд Трамп повторно предизвика контроверзии на својата социјална мрежа „Truth Social“ објавувајќи бизарна фотомонтажа од американскиот претседателски авион „Air Force One“.

Трамп објави фотомонтажа од Барак и Мишел Обама

Фотомонтажата ги прикажува поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел како мавтаат од вратата на претседателскиот авион, кој е целосно покриен со графити. Меѓу другото, трупот е украсен со зборовите „Yes We Can“ (слоганот на кампањата на Обама), акронимот за движењето „BLM“ (Black Lives Matter) и арапскиот натпис „Алхамдулилах“, што се преведува како „Фала му на Бога“.

Оживување на старите теории на заговор

Додавањето на арапско писмо на трупот на авионот е јасен обид да се оживее стара, постојано негирана теорија на заговор што самиот Трамп ја промовира со години - дека Барак Обама е таен муслиман кој дури и не е роден во Соединетите Држави.

Тимот на Трамп редовно користи вакви визуелни провокации за да поттикне културно и религиозно непријателство кон семејството Обама меѓу своите гласачи.

Скандалот со расистичко видео и префрлање на вината

Оваа објава доаѓа како продолжение на долгогодишниот, честопати отворен расистички наратив на Трамп насочен против поранешната претседателска двојка. Јавноста сè уште се сеќава на скандалот од почетокот на оваа година кога на официјалниот профил на Трамп на „Truth Social“ се појави одвратно видео генерирано од вештачка интелигенција, во кое Барак и Мишел Обама беа изменети како мајмуни во џунглата.

Овој потег предизвика широко огорченост и непосредна осуда од јавноста, како и од водечките политичари од двете страни на спектарот - вклучувајќи ги и истакнатите републиканци како сенаторот Тим ​​Скот, кој го нарече видеото „најрасистичкото нешто што некогаш го видел од таа Бела куќа“.

По дванаесет часа интензивен притисок, контроверзното видео беше избришано, а Белата куќа првично се обиде да го оправда како „безопасно интернет меме од Кралот лав“ и ги нападна медиумите за „лажен бес“.

Кога тоа не успеа, одговорноста официјално беше префрлена на подредените, со образложение дека „член на персоналот погрешно го објавил видеото“. Самиот Трамп им рече на новинарите во „Air Force One“ дека „го гледал само првиот дел од видеото“ за наводната изборна измама во 2020 година и дека дури и не го видел спорниот расистички дел на крајот. Иако рече дека не му се допаѓа тој дел, гордо одби да упати какво било извинување до семејството Обама, отсечно велејќи: „Не направив грешка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни.

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Во првата половина од годината, односно во периодот јануари-јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9 па ги заокружив) милијарди денари што е раст за 8,6% во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45%.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на Буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики.

„Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност. Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката.

Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7%, данокот на добивка за 14,5%, данокот на додадена вредност 16,4% и раст од 8,3% кај увозните давачки бележат раст.

Според министерката ова е директна потврда дека економската активност продолжува, дека компаниите работат, дека платите растат и дека институциите успешно ја реализираат политиката на подобра наплата и намалување на сивата економија.

Социјалните придонеси во овој период од шест месеци, а како најзначаен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст за 7,5% во споредба со истиот период минатата година.

На расходната страна на Буџетот, која е реализирана во износ од 205,9 милијарди денари е во насока на исполнување на законските обврски кон граѓаните.

Во првата половина од 2026 година се исполнети обврските кон стопанството, односно извршен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарди денари. За исплата на пензии се издвоени 58,1 милијарди денари и е обезбедена редовна исплата на пензиите за сите пензионери. За финансирање на здравствениот систем се реализирани 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита на најранливите категории на граѓани се исплатени 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации за образование, детска заштита, култура, противпожарна заштита и останатите пренесени надлежности, како и дополнителни 2,4 милијарди денари средства од данокот на додадена вредност. Истовремено, во првата поволина од годината државата дисциплинирано ги сервисираше сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати се исплатени 12 милијарди денари, додека за отплата на главнина по основ на домашен и надворешен долг се сервисирани 60,7 милијарди денари.

Според министерката, како што наведе во експозето, ова е исклучително важно, бидејќи финансиската дисциплина и навременото сервисирање на долгот се предуслов за зачувување на довербата на инвеститорите, меѓународните финансиски институции и кредитните агенции.

Таа потенцира дека на расходната страна, политиката останува непроменета – навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики.

Министерката истакна дека она што претставува најсилен показател за развојната политика на Владата е реализацијата на капиталните расходи којашто во првата половина од годината достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Тоа, смета министерката, значи дека државата инвестира повеќе во патишта, железници, комунална инфраструктура, училишта, градинки, здравствени установи, водоводи, канализации, енергетски проекти и локален развој. За изградбата на Коридорите 8 и 10-д до крајот на мај се реализирани 6,3 милијарди денари, а дополнително, за инфраструктурните проекти во општините се реализирани 2,1 милијарди денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Ригатони тестенини

Во понеделник (29.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Мите Стоилков.

„Гответе со Дракче“ - Ригатони тестенини

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување Ригатони тестенини

1 коцка путер

3 чешниња лук

1 црвен кромид

150 гр. печурки

50 мл. бело вино

200 мл. солена павлака за готвење

150 гр. кашкавал

150 гр. панчета или сланина

половина китка магдонос

масло

сол бибер и др. зачини

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер