ЕК останува на препораката за старт на преговорите со земјава, но порачува: „не треба да се живее на стара слава" - Канал 5

ЕК останува на препораката за старт на преговорите со земјава, но порачува: „не треба да се живее на стара слава"

Главни теми на денешниот втор ден од состанокот се владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата и изборниот систем и предложените реформи во тој домен.

ЕК останува на препораката за старт на преговорите со земјава, но порачува: „не треба да се живее на стара слава"

Европската комисија останува на својата препорака за старт на преговорите за членство Македонија, бидејќи таа ги исполнува условите за тоа, но ваквиот став „не е статичка категорија и не може да се живее на стара слава", порачаа претставниците на Еврокомисијата на денешното продолжение на вчера започнатото дводневно заседание на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, што се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА, шефот на Одделот за Македонија во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување, Дејвид Кулен во обраќањето на заседанието порача дека Еврокомисијата има мандат да помогне и да советува, нагласувајќи дека помошта и советите треба да бидат содржајни и критички.

Тој порача дека во овој контекст пред избори, кога ќе има нов Парламент и нова извршна власт, Комисијата смета дека „не треба да се измислува топла вода".

– Сите кажавте дека имате висока усогласеност со стандардите на ЕУ и Комисијата го кажува тоа. Зборувавте за судска стратегија, таа е добра, но треба да ја спроведете и дозволете му на судството да функционира. Се разбира лесно е тоа да се каже, истакна Кулен.

Собранието во Скопје, според Европската комисијата, се уште може да стори многу од денеска, па до неговото распуштање, со оглед дека има уште многу работи на дневен ред. Комисијата како главен приоритет на Собранието го смета усвојувањето на предлог законот за интеграцијата на СЈО во ОЈО.

Кулен најави дека Комисијата ќе ги зајакне проектите насочени кон младите и ќе понуди помош за да се спречи одливот на мозоци, не само од земјава, туку и од целиот регион на Западен Балкан.

Главни теми на денешниот втор ден од состанокот се владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата и изборниот систем и предложените реформи во тој домен.

Македонската собраниска делегација што учествува на заседанието ја сочинуваат нејзината претседателка Соња Мираковска и пратениците Бетиане Китев, Жаклина Лазаревска, Никола Попоски, Шпреса Хадри, Ивана Туфегџиќ, Иван Стоиљковиќ и Мерал Узеири Ферати.

На крајот на состанокот се очекува да бидат усвоени Завршни препораки кои се упатуваат до институциите на Република Македонија и на Европската унија. Меѓу предложените препораки е и повикот до сите земји членки на ЕУ „да се заложат да донесат позитивна одлука што е можно поскоро" за започнување на пристапните преговори со земјава и Албанија, најдоцна до состанокот на Советот во март 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на Шведска

Шведските вооружени сили соопштија дека два пара борбени авиони „JAS 39 Gripen“ полетале за да пресретнат руски борбени авиони во областа на Балтичкото Море, во близина на шведскиот воздушен простор.

Аларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на Шведска

Според соопштението на војската, инцидентите се случиле во јужните и северните делови на Балтичкото Море, при што шведскиот воздушен простор не е нарушен, објави порталот „Nordic Defence Sector“. „Gripen“-ите биле испратени да идентификуваат и следат руски авиони.

Се вели дека вклучените руски авиони се „Su-24“ и „Su-34“, додека сојузничките борбени авиони, исто така, учествувале во операцијата за да се обезбеди регионот.

Вицеадмиралката Ева Скуг Хаслум оцени дека руското однесување претставува „сериозен и повторувачки модел“ што ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на Шведска и нејзините сојузници од НАТО, наведувајќи дека авионот реагирал „брзо и решително“.

Шведските вооружени сили соопштија дека поради зголемената активност во регионот, го зголемиле своето присуство и нивото на готовност во областа на Балтичкото Море.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

Вистина е дека младите сакаат да ја напуштат Македонија.

СДММ: „Твоја држава, твоја шанса“ - за младите:  30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

Правично е да добијат шанса во својата земја, да останат, да работат, со добро платена работа, сопствен дом и систем.

СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина:

-2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места.

-Целосно бесплатни студии на државните универзитети - знаењето не е привилегија, туку право.

- Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието.

-30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома - за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија.

Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз.

Евтини станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.

Така се гради иднина за младите.

Праведно е Македонија да стане држава во која младите остануваат, напредуваат и веруваат.

Твоја држава, Твоја шанса!

YouTube video

Прес конференција на СДММ, Бојан Цветаноски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки

На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети.

притисни ентер