Јанева од септември ќе остане без пари за киријата од 400 евра - Канал 5

Јанева од септември ќе остане без пари за киријата од 400 евра

Извори од СЈО потврдуваат дека на специјалната обвинителка Катица Јанева , која е во притвор,  и се стопираат државните пари.

 Јанева од септември ќе остане без пари за киријата од 400 евра

Откако Канал 5 ја објави информацијата дека четиристотини евра месечно СЈО, односно граѓаните, одвојувале за живеачката на Јанева во луксузната куќа во скопската населба Козле, извори од СЈО потврдуваат дека на специјалната обвинителка која е во притвор и се стопираат државните пари.

Ваквата одлука доаѓа по одредувањето на 30-дневен притвор за Јанева за случајот „Рекет“ и се поизвесноо разрешување, вклучително и фактот дека таа не живее повеќе во куќата под наем.

Од СЈО за Канал 5 пред неколку дена посочија дека потенцираа дека таа , како обвинител кој е надвор од Скопје во изминатиот период имала право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Во случај, киријата на обвинителот да поголема, тогаш сумата си ја доплаќа самиот, велат од обвинителството. Како што веќе објави Канал 5, Јанева четири години од стапувањето на функцијата, нема направено никакви суштински промени во нејзиниот анкетен лист. Од недвижен имот поседува куќа во Гевгелија и два стана во Скопје кои се на име на нејзините деца. Нема информации од кога Јанева ја изнајмувала куќата во скопско Козле.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу Македонија и Турција

Министерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги.

Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу Македонија и Турција

Документот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, на Македонија, Ѓоко Велковски и министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Гокташ.

Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните.

Соработката опфаќа области поврзани со јакнењето на семејството, развојот и унапредувањето на социјалните услуги за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица, како и подобрување на социјалната интеграција на лицата со зависности.

Посебно внимание е предвидено и на унапредувањето на политиките и услугите за вработување на лицата со попреченост и нивното целосно и ефективно учество во општеството, поддршката на активното стареење, развојот на услугите за деца, јакнењето на жените и развојот на механизми за соработка во борбата против насилството врз жените.

Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на социјалната помош, практиките на социјалните услуги, нивното следење и евалуација, како и примена на културни, демографски и социоекономски анализи за унапредување на условите за живот на граѓаните Роми.

Соработката меѓу двете министерства ќе се реализира преку размена на знаења, документи и најдобри практики, размена на експерти, како и организирање конференции, семинари и стручни состаноци.

„Со потпишувањето на овој Меморандум создаваме дополнителна основа за размена на искуства и знаења и за унапредување на социјалните политики и услуги. Нашата цел е добрите практики и искуства да ги претвориме во конкретни решенија кои ќе придонесат кон подобар квалитет на живот и посилна социјална заштита за граѓаните“, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Со Меморандумот се воспоставува рамка за континуирана институционална комуникација и координација меѓу двете министерства, со цел размена на искуства и заедничко унапредување на политиките и услугите во областа на социјалната заштита.

Меморандумот е склучен за период од пет години, со можност за автоматско продолжување, соопштуваат од МТСП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку десет загинати во експлозија во воен објект во Боливија (ВИДЕО)

Во експлозија што се случи вчера во воен објект во Вијача, во департманот Ла Паз во Боливија, повредени се најмалку 60 лица, вклучувајќи 52 цивили и шест војници, изјави министерот за одбрана Ернесто Хустинијано. 

Најмалку десет загинати во експлозија во воен објект во Боливија (ВИДЕО)

Првичните извештаи покажуваат дека бројот на жртви е 10.

Експлозијата се случила во област каде што била складирана пиротехничка опрема, изјави Хустинијано на социјалните мрежи.

„Постојат прелиминарни извештаи за можни смртни случаи, но сакам да бидам одговорен: нема да објавиме никаков број на жртви додека оваа информација не биде целосно потврдена“, додаде тој. Причината за експлозијата е под истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се двајца кавадарчани, одземени им с епари и дрога за време на „Тиквешки гроздобер“

Лишени од слобода две лица во Кавадарци, при преглед пронајдена дрога и пари, соопштуваат од МВР. 

Уапсени се двајца кавадарчани, одземени им с епари и дрога за време на „Тиквешки гроздобер“

На 04.09.2026 во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Г.П.(42) и В.Ќ.(42), двајцата од Кавадарци. При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.П. му биле измерени 0,53 промили, а на В.Ќ. му биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер