Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Македонија Јанева од септември ќе остане без пари за киријата од 400 евраИзвори од СЈО потврдуваат дека на специјалната обвинителка Катица Јанева , која е во притвор, и се стопираат државните пари.Откако Канал 5 ја објави информацијата дека четиристотини евра месечно СЈО, односно граѓаните, одвојувале за живеачката на Јанева во луксузната куќа во скопската населба Козле, извори од СЈО потврдуваат дека на специјалната обвинителка која е во притвор и се стопираат државните пари. Ваквата одлука доаѓа по одредувањето на 30-дневен притвор за Јанева за случајот „Рекет“ и се поизвесноо разрешување, вклучително и фактот дека таа не живее повеќе во куќата под наем. Од СЈО за Канал 5 пред неколку дена посочија дека потенцираа дека таа , како обвинител кој е надвор од Скопје во изминатиот период имала право на 300 евра кирија и 100 евра трошоци за комуналии. Во случај, киријата на обвинителот да поголема, тогаш сумата си ја доплаќа самиот, велат од обвинителството. Како што веќе објави Канал 5, Јанева четири години од стапувањето на функцијата, нема направено никакви суштински промени во нејзиниот анкетен лист. Од недвижен имот поседува куќа во Гевгелија и два стана во Скопје кои се на име на нејзините деца. Нема информации од кога Јанева ја изнајмувала куќата во скопско Козле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет. Засега нема информации за повредени. Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петминаЛишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежаПочнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин.На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара? Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ. Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми. Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски . Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07