3Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаКанал 5 дознава: Во петок средба на македонскиот и францускиот премиер Во рамките на конференцијата ЕУ –Западен Балкан, кон крајот на неделава во Познан, Полска, средба на премиерот Заев со неговиот француски колега Едуард Филип, дознава Канал 5 од свои извори.Состанок на кој што ќе се разговара за отворањето на преговорите за нашето членство во ЕУ, доаѓа по барање на Францускиот премиер. Покрај Едуард Филип, во Познан ќе бидат и лидерите на сите држави кој учествуваат во „Берлинскиот процес“, а меѓу нив секако и Германската Канцеларка Ангела Меркел. Од владата велат дека настанот во Полска ќе биде можност повторно да се лобира и да се убедат европските лидери во октомври да дадат „зелено светло“ за почеток на преговори со ЕУ. Вчерашната изјава на Меркел дека не очекува брз прием на нови земји членки во ЕУ е очекувана, бидејќи реално ниту една земја од Западен Балкан во овој момент не е подготвена за такво нешто. Сепак од владата уште еднаш кажаа дека Македонија дефинитивно е подготвена веднаш да ги отвориме првите поглавја, А Европа си има и свои внатрешни проблеми. По маратонска расправа од речиси 18 часа, вчера во Брисел не беше постигнат договор за наследникот на Јунекер. Дел од земјите членки биле лути што лидерите на Франција, Шпанија, Холандија и Германија во рамките на самитот Г-20 се договориле Франс Тимерманс да биде нов претседател на Европската Комисија . Дел од конзервативните групи биле гневни поради овој предлог, а германскиот весник Де Велт напиша дека неколку лидери од ЕПП, меѓу кои и бугарскиот премиер Борисов, хрватскиот Пленковиќ, унгарскиот Орбан и ирскиот Варадкар, ја обвиниле Меркел дека недоволно ги почитува интересите на ЕПП, како и дека на самитот на Г-20 во Осака не направила доволно за нивниот кандидат Манфред Вебер. Во меѓувреме новиот претседавач со Европската унија е Финска која од Романија го презема шестмесечното ротационо претседателство... Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПобедата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за заканаИзраелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“. „ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор. Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУнгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра. Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter