3Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
2Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
МакедонијаДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабостиСистемот за заштита и спасување во Македонија функционира претежно реактивно. Наместо да правовремено да превенираат, институциите ресурсите ги активираат откако кризите ќе се случат. Ова е еден од клучните наоди во извештајот на Државниот завод за ревизија, кој открива сериозни слабости во планирањето, координацијата, опремата и финансирањето. По рекордниот број пожари, но и штети од над 130 милиони евра во последните години, ревизорите повторно укажуваат на недостиг од луѓе. Особено загрижува состојбата со воздушните сили за гаснење пожари. Недостигот од пилоти, како и проблемите со логистиката и набавките ја намалува способнота на државата веднаш да реагира во катастрофи но и пожари. Во 2024 година во земјава според ДЗР биле регистрирани над 97.000 хектари опожарена површина, што е најмногу во последнава деценија. -Податоците на ЈП „Национални шуми“, наведени во анализата во периодот од 2023 до 2025 година изгореле 82.714 хектари шума и 914.657 кубни метри дрвна маса. Вкупната штета се проценува на речиси 134 милиони евра, од кои над 83 милиони евра се само од пожарите во 2024 година. Документот нотира слабости и кај Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Службата која покрива подрачје со речиси 617.000 жители, располага со само 172 пожарникари од предвидени 384. Тоа значи дека скопската противпожарна бригада практично функционира со помалку од половина од предвидениот кадар. „Канал 5“ за ова побара став од првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Во телефонски разговор Ангелов уверува дека најголемиот дел од слабостите нотирани од ДЗР се веќе значително подобрени. Посочува дека ова лето „ер тракторите“ навреме биле сервисирани и ставени во функција, зголемен е бројот на противпожарни возила, а со законските измени е поедноставено и командувањето при итни интервенции. Инаку, за надминување на слабостите, ДЗР во своите заклучоци во извештајот бара реформа на целиот систем – нова Национална стратегија, јасни правила, стабилно финансирање, повеќе капацитети и поефикасен мониторинг и надзор. Целта е како што наведуваат ревизорите, системот да стане интегриран и функционален и да реагира пред да се случи евентуална катастрофа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизДип Парпл со важна порака од Иан Гилан, откако итно е однесен во болница „Дип парпл“ објавија важна порака од пејачот Иан Гилан по неговата хоспитализација.Ја објавуваме целосно. „Важна порака од Иан Гилан Драги пријатели, Ви благодарам за сите ваши желби за добро здравје и поддршка во последните неколку дена, тоа ми значеше сè. Имав медицински проблем додека бев во Лајпциг, кој бараше итен болнички третман. Се надевав дека мојот лекар ќе ми даде дозвола да продолжам со турнејата, но ова ќе значеше многу сериозни ризици за мене. Како резултат на тоа, и по совет на мојот медицински тим и менаџмент, донесовме одлука да го одложиме остатокот од европската/британската турнеја до понатамошно известување. Многу ми е жал за евентуалните непријатности што ова може да ги предизвика, но тоа е во најдобар интерес на сите. Ви благодарам за разбирањето. Со почит, IG“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп се подготвува за изборен пораз- најавува помилувања на соработниците, меѓу кои е и Маск Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен однапред да ги помилува своите соработници за да ги заштити од евентуално гонење доколку демократите ја преземат контролата врз Конгресот по утрешните конгресни избори. Тој исто така рече дека ќе го заштити милијардерот Илон Маск доколку тој биде цел на истраги. Трамп зборуваше за ова во интервју со новинарката Миранда Девајн за подкастот „Pod Force One“, кој беше објавен денес, еден ден пред среднорочните избори во САД. Кога беше прашан дали превентивно би помилувал луѓе кои работеле во неговата администрација доколку им се закани со гонење, тој одговори: „Би го направил тоа, доколку е потребно. Секако.“ Кога новинарот дополнително го праша дали би им обезбедил таква заштита на сите свои соработници, Трамп беше уште порешителен. „Не би ни помислил на тоа. Едноставно би го направил тоа“, рече тој. Во исто време, Трамп потсети дека по враќањето во Белата куќа, помилувал околу 1.500 луѓе поврзани со нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Трамп: Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме Тој конкретно се осврна на Елон Маск, сопственикот на Тесла и СпејсИкс, кој за време на вториот мандат на Трамп учествуваше во работата на американската администрација и ја предводеше иницијативата за намалување на владините трошоци позната како DOGE. Кога беше прашан за можноста демократите да покренат истраги против Маск или да се обидат да му ги запленат средствата, Трамп одговори дека таквите најави засега се само зборови. „Ова се само приказни. Но, ако тоа се случи, ќе мора да ги заштитиме“, рече тој. Во исто време, Трамп ја отфрли можноста за национализација на SpaceX, за која дискутираа некои демократски политичари. Тој го спомена и Едвард Користин, млад соработник кој работеше во проектот DOGE на Маск. Пред изборите, Маск е еден од најважните финансиски поддржувачи на републиканците. Според „Аксиос“, тој потрошил речиси половина милијарда долари за антидемократски политички активности за време на овој изборен циклус. Трамп се повикува на помилувањата на Бајден Трамп, исто така, ја оправда најавената можност за помилување со постапките на неговиот претходник, Џо Бајден. Пред крајот на неговиот мандат, Бајден превентивно помилува членови на своето семејство и неколку лица за кои се плашеше дека би можеле да станат мети на политички мотивиран прогон по враќањето на Трамп на власт. Меѓу нив беа поранешниот главен американски епидемиолог Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на конгресниот комитет што го истражуваше нападот врз Капитол. „Тоа е она што го направи Бајден. Тој им даде помилувања на сите“, рече Трамп. Демократите најавуваат истраги ако го преземат Конгресот Неговите коментари доаѓаат во време кога демократите се обидуваат да ја преземат контролата врз барем еден дом на Конгресот на изборите на 3 ноември. Доколку успеат, ќе можат да започнат парламентарни истраги за администрацијата на Трамп, да повикаат службеници на сослушувања и да бараат документација за нејзината работа. Демократскиот претставник Џејми Раскин веќе најави истраги за можна корупција во администрацијата, додека демократската сенаторка Елиса Слоткин зборуваше за потребата од гонење на лица кои олесниле евентуални нелегални дејствија од страна на администрацијата на Трамп. Сепак, конгресните истраги не се кривични постапки сами по себе. Агенциите за спроведување на законот, а не претставниците во Конгресот, се одговорни за нивно поведување. Што всушност може да направи Трамп? Претседателот на Соединетите Американски Држави има широки овластувања за помилување, вклучително и можноста за превентивни помилувања за федерални злосторства што веќе се извршени, дури и кога не се поднесени обвиненија против одредено лице. Сепак, ваквите помилувања не можат да спречат конгресни истраги, граѓански тужби или гонења според поединечни државни закони. Исто така, изјавата на Трамп не значи дека Маск е обвинет или кривично гонет. Досега, Трамп не објави план за конкретни помилувања или список на луѓе кои би биле опфатени со нив. Неговите изјави покажуваат дека е подготвен да ги користи претседателските овластувања за да ги заштити своите соработници од евентуално идно гонење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПродолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба. Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба поради наводите за протекување информации и потенцијално лажно обложување поврзано со победата на Хари Кејн од Англија минатиот вторник, објави АФП. „Интегритетот на „Златната топка“ е апсолутен приоритет“, соопшти групацијата „Амаури“ во соопштение за медиумите испратено до АФП и потврди дека „многу сериозно ги сфаќа наводите за протекување резултати и потенцијално лажно обложување“. Сомнителни облози Финансискиот новински портал „Апсајд“ објави во последните денови дека неколку потенцијално сомнителни облози биле поставени на платформата за обложување „Полимаркет“, која нема лиценца за работа во Франција, пред церемонијата минатиот вторник во Лондон. Според „Апсајд“, само неколку дена пред церемонијата, речиси 265.000 долари биле исплатени преку 12 сметки за кои се верува дека се од исто лице. Редоследот на првите пет кандидати за „Златната топка“ е прецизно предвиден: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси. „Во тек се проверки за да се утврдат фактите и да се утврди кој би можел да биде одговорен“, објави групацијата Амаури.Тагови: Златната топка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter