3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаОдземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?Нов закон – стари навики, брзото возење, најчесто без кациги, но и на несоодветна површина и натаму останува најчестата слика кај возачите на електрични тротинети, кои и натаму се носат себеси и сите останати во опасност.- Покрај тоа што ретко кој носи кациги, велосипедистите се жалат дека возачите на електрични тротинетите не го почитуваат ниту ограничувањето на брзината од 20 кмч, ниту пак некој дека истата ја мери. Нечујни се, а оние кои ги возат не сигнализираат соодветно, туку претекнуваат и пресекуваат пат, се жалат дел од велосипедистите, кои велат дека често влегуваат и во расправии со нив, оти безбедните вело-патеки, се претворени во опасни. - Брзо возат, можам да кажам и небезбедно. Често се вози брзо и во обратна насока. - Ве довеле во опасна ситуација? -Да, можам да кажам дека да, возам и дете со мене, претекнуваат, набрзина не можеш да видиш каде е што е. Јас возам електричен точак, лимитиран е на 26, тие ме поминуваат, возат - Ве довеле во опасност? -Два три пати и до расправии и се. Камерата на Канал 5 забележа дел од нив како возат и по коловоз, помеѓу автомобили и автобуси, а, просведочивме и на една опасна ситуација, каде за „влакно“ се избегна судир помеѓу велосипед и тротинет кој возеше спротивна насока.. - Ако малку не забавев, можеби ќе се судревме. Тука има и луѓе, на улицата, па мора да бидат повнимателни. Иако по законските измени не смеат да ги возат додека не наполнат 18 години, малолетниците и натаму често се на електричните тротинети, кои, покрај тоа што ги возат брзо, на нив се качуваат по два-тројца, сведочат оние кои ги анкетиравме. Полицијата во последниве четири месеци затекнала 81 дете на тротинет. - Колку има дечишта што се возат на тротинети по двајца, по тројца. Претежно во ноќните часови се по двајца тројца на тротинет и тоа се се’ малолетници. Кажуваат казни, повторно истото се случува, ниту кациги носат ниту ништо. Според последните статистики на МВР, во изминатите четири месеци регистрирани се над 10.000 прекршоци. Најмногу од нив се за неносење на кацига кај сите возачи на две „тркала“ над 7.000. Полицијата одзела и над 400 превозни средства од ваков тип, меѓунив и 20 тротинети. Од јуни навака детектирани се речиси 620 кривични дела, а друри 604 се однеуваат на возење без возачка дозвола. 14 од нив биле под дејство на алкохол. Регистрирани се и над 400 нерегистрирани возила во сообраќај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБелата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумитеБелата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби. „Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа. Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања. Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПобедата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за заканаИзраелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“. „ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор. Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25