Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија
2Берлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и Молдавија
МакедонијаПремиерот Заев се сретна со претседателот на НДИ, Дерек МичелНашата соработка ќе продолжи, земјата бележи напредок во спроведувањето на сложените реформски и демократски процеси, било речено на средбата.Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денеска, се сретна со делегација на Националниот демократски институт (НДИ) од Вашингтон (САД), предводена од претседателот на Институтот, Дерек Мичел. На средбата беше позитивно оценета соработката и поддршката која ја дава Националниот демократски институт и беше истакнато дека Северна Македонија спроведувајќи ги сложените реформи клучни за демократијата и транспарентност на институциите бележи напредок и претставува пример во регионот. Премиерот Заев, се заблагодари за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт, потенцирајќи дека таа е од голема помош за зајакнување на демократските процеси во земјата и е голем поттик дека земјата се движи во вистински правец, обезбедувајќи бенефити и просперитет за сите граѓани. „Ние одржуваме политички дијалог со опозицијата, кој е важен за продолжување на реформите и за стабилноста на земјата, што е позитивен сигнал за инвеститорите. Ја обновивме демократијата и сме посветени на нејзиното подобрување. Главниот стимул, сила и капацитет за сложените реформи, како што се владеењето на правото, судството, антикорупцијата и реформите на јавната администрација доаѓаат од перспективите, кои се и наша цел, а тоа е членството во НАТО и Европската Унија“, рече премиерот Заев потенцирајќи ги очекувањата за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ ова лето. Претставниците на НДИ, изразија задоволство од напредокот и соработката на јавните институции, како и проектите кои се однесуваат за подобрување на работата на Собранието и негово доближување до граѓаните. Беа истакнати иницијативите и соработката во насока на унапредување на вклучувањето на жените во што повеќе активности и раководства, истражувањата на јавното мислење и други граѓански и политички права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБерлин и Париз предлагаат постепена интеграција и пристап до единствениот пазар за Западен Балкан и МолдавијаПред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори..Во овој неформален документ, до кој дојде Канал 5 од извори во Брисел, Берлин и Париз ја повикуваат комисијата да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите-кандидатки на нивниот пат кон пристапување во ЕУ. Ова според предлогот, треба да вклучува преференцијален пристап до внатрешниот пазар врз основа на нивниот значаен напредок во преговорите и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки, на пример со доделување статус на набљудувач на земјите-кандидатки на состаноците на институциите на ЕУ под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки на ЕУ. Политиката за проширување има потреба од нов моментум, се вели во нон пејперот, во кој меѓудругото се потенцира дека целта за постепената интеграција не е да го замени полноправното членство во ЕУ, туку да се стимулараат земјите кандидати кон побрз напредок и да се поедностави тековниот процес.. Во документот, меѓудругото се предлагаат заеднички состаноци на Европската комисија и Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан, како и нивно учество на неформалните состаноци на Европскиот совет и Советот на Европската унија како набљудувачи без право на глас..Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно време со сончеви периоди и температура до 32 степениДенешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди во поголемиот дел од Македонија. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот ќе преовладува стабилно и топло време, но во планинските региони и на повисоките места попладне се очекува развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на одредени места повремено ќе го засилува чувството на топлина. Највисоки дневни температури ќе бидат измерени во југоисточните делови од земјата, каде живата во термометарот ќе достигне до 32 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 31 степен. Во западните делови на државата максималните температури ќе се движат од 22 до 24 степени, додека во јужните и централните региони ќе достигнат од 28 до 31 степен. Во источна Македонија температурите ќе се движат меѓу 26 и 32 степени. Утринските температури ќе бидат релативно свежи и ќе се движат од 8 до 13 степени, во зависност од регионот. Метеоролозите препорачуваат внимателност при престој во планинските подрачја во попладневните часови поради можноста за локални невремиња со грмежи и засилен ветер. За останатите делови од земјата се очекува пријатен летен ден со повеќе сончеви периоди и поволни услови за активности на отворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 5. јуни 2026 година Дневен хороскоп за петок, 5. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот. Кариера Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност. Кариера Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто. Кариера Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас. Здравје и совет Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската. Кариера Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте. Здравје и совет Душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите. Кариера Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине. Кариера Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите. Здравје и совет Немојте да го наметнувате своето мислење. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите. Кариера Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот. Кариера Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира. Кариера Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции. Кариера Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно. Здравје и совет Замор , нервоза и лошо расположение. Овен 21.3-20.4. Љубов Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение. Кариера Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале. Кариера Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација. Здравје и совет Потребно ви е релаксирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter