СветПо заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј за Фокландските Острови ја истакнуваат потребата Британија да ги зголеми трошоците за одбрана.Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија да ги зголеми своите трошоци за одбрана. Деси рече дека британската влада треба да ги зголеми трошоците за одбрана на три проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2030 година, објави Гардијан. „Важно е премиерот Енди Бернам и министерот за финансии да не ги одложуваат овие одлуки до следната година“, рече Деси. Тој рече дека заканите од Аргентина дополнително ја истакнуваат потребата Велика Британија да биде подготвена да ги заштити Фолкландските Острови. Порано оваа недела, во среда, Деси го праша премиерот дали ја поддржува целта трошоците за одбрана да достигнат три проценти од БДП до 2030 година. Бернам тогаш изјави дека ја презел обврската, но кабинетот на премиерот подоцна соопшти дека не е преземена цврста обврска за исполнување на целта од три проценти до 2030 година. Наместо тоа, британската влада се обврза на долгорочната цел на НАТО за трошење 3,5 проценти од БДП за одбрана до 2035 година, потсетува лондонскиот весник. Деси рече дека сè уште има недостаток на јасност во врска со британската одбранбена политика и дека затоа неговото прашање во парламентот е оправдано. Оваа недела, аргентинскиот претседател Хавиер Милај го повтори ставот на неговата земја за Фолкландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвински Острови. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање американската поддршка за британскиот суверенитет над островите. Трамп изјави за GB News дека Обединетото Кралство не ги поддржало САД за време на војната во Иран и посочи на зависноста на Велика Британија од нафтата што минува низ Ормутскиот теснец.Тагови: Аргентина Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопНеделен хороскоп за 7. -14. септември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 7. до 14. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд западнонилска треска почина 70-годишник од ДрачевоОд западнонилска треска почина и 70 годишник од Драчево. Ова е осма жртва на вирусот Западен нил во земјава.Починатиот се лекувал на Инфективната клиника.. Пацинтот бил во критична состојба и имал придружни болести.. Според последните информации бројката на заболени од вирусот оваа година е 55 лица, а сите починати биле мажи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски по состанокот со Виткоф и Кушнер: Ќе се сретнат и со европските партнери Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат две сесии разговори во Киев за начините за завршување на војната во Украина.Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат две сесии разговори во Киев за начините за завршување на војната во Украина, прво со украинската страна, а потоа и со европските партнери, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со Виткоф и Кушнер во Киев. „Многу е важно што делегацијата пристигна тука. Долго време ги чекавме Стив и Џаред и му благодариме на претседателот Трамп што им дозволи да дојдат. Ова е важно од од гледна точка на безбедноста“, нагласи Зеленски, пренесува Укринформ. Коментирајќи го фактот дека Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев со воз од Полска, а не со авион од Москва откако претходно се сретнаа таму со рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски рече дека „Русите покажаа со своите напади дека не можат да се користат авиони“. „Сè подготвивме, нашите авиони работат“, рече тој. Кушнер и Виткоф пристигнаа во Киев порано денеска со воз од Полска, каде што нивниот авион слета утрово по синоќешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Ова е прва заедничка посета на двајцата американски претставници на Киев од почетокот на војната во 2022 година. Зеленски претходно изјави дека целта на Киев е посетата и разговорите со американската страна да бидат што е можно поконструктивни и суштински. Специјалните претставници на американскиот претседател беа вчера во Москва, каде што се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин. Според медиумските извештаи, разговорот меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траел повеќе од три часа. Путин вчера нареди да не се вршат напади врз Киев три дена почнувајќи од полноќ поради подготовката и одржувањето состаноци меѓу украинските и американските претставници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook