3Норвешка прави огромен тунел низ планина за да поминуваат бродови- прв ваков потфат во светот (ВИДЕО)
Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
1Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
2Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
ХороскопНеделен хороскоп за 7. -14. септември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 7. до 14. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење. Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас.Потребно еподобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќер покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечетѕе и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БизарноТри години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години. Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди. Не секогаш имал поддршка Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра. „Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој. Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање. Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари. На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј. Тој имаше и поскапа желба Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени. Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа. View this post on Instagram A post shared by India Trend | Viral News (@indiatrend.in) Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети. Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии. Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.Тагови: монети скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветНаставничка призна вина, откако роди дете чиј татко е нејзин 13 – годишен ученик (ВИДЕО)Сега веќе поранешна наставничка за петто одделение се изјасни за виновна во Њу Џерси откако роди дете за кое обвинителите велат дека било зачнато од ученик кој во тоа време имал 13 години!Лора Карон, 36, се изјасни за виновна за кривично дело од втор степен за загрозување на благосостојбата на дете преку сексуално однесување, како дел од спогодбата за признавање на вина што бара од неа да се откаже од лиценцата за наставник и од секое идно јавно вработување, објави Пипл. Карон првично беше обвинета за тешка сексуална злоупотреба, сексуален напад и загрозување на благосостојбата на дете откако обвинителите рекоа дека таа била во врска со ученикот со години, почнувајќи од кога тој имал 11 години и бил во нејзиното петто одделение. NJ teacher who had baby with 13-year-old student pleads guilty - despite victim defending her https://t.co/pKHwNGxVZN https://t.co/ugolhNCrmJ — New York Post (@nypost) October 31, 2026 Според наводите на обвинителите на рочиштето за старателство во 2025 година, сексуалниот контакт со ученикот започнал во 2016 година и траел четири години, што резултирало со раѓање на дете во 2019 година, наводно чиј татко бил тогаш 13-годишно момче. Обвинителите рекоа дека Карон била пријателка на семејството на жртвата и договорила детето да остане во нејзиниот дом. Ова на крајот доведе до тоа момчето да живее со неа, сè додека полицијата не интервенираше во случајот. Случајот излезе на виделина по објава на Фејсбук. Таткото на жртвата објави на социјалните мрежи во 2024 година дека неговото дете, кое сега има пет години, личи на неговиот син. Директорот на училиштето ја видел објавата, го привлекол вниманието на неа и започнал истрага. Кога детективите разговарале со жртвата, тој потврдил дека имал сексуален однос со Карон и дека е татко на нејзиното дете. На рочиштето за изрекување на пресудата во 2025 година, обвинителите рекоа дека го пресметале бројот на сексуални напади врз основа на интервјуа со жртвата и процениле дека тој бил сексуално нападнат вкупно 416 пати. Во соопштението за медиумите во кое се објавува признавањето на вината од Карон, обвинителите рекоа дека таа се согласила на петгодишна казна во државен затвор. Сепак, пред да може да почне да ја издржува казната, таа ќе биде подложена на проценка за да се утврди дали е „склона да го повторува таквото однесување и/или има компулсивни тенденции“, што би можело да влијае на нејзината казна. По отслужувањето на затворската казна, Карон ќе биде должна да се регистрира во регистарот на сексуални престапници на Меганс Ло и да биде под условна казна до крајот на животот. Казната на Лаура Карон е закажана за 8 јануари 2027 година.Тагови: наставничка ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветКаде завршија танкерите со со руски дизел за САД?Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки.Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки, откако два од првите три танкери што го носат руското гориво ги сменија своите првични дестинации. Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ, се пренасочи од својата рута кон американскиот атлантски брег и влезе во Средоземното Море, објави „Фајненшл тајмс“ (FT). Бродот е во близина на брегот на Алжир и испраќа сигнал „чекајќи инструкции“, што укажува дека сè уште не потврдил купувач или пристаниште каде што ќе го истовари својот товар. Вториот танкер, „Леруо“, кој е под знамето на Сиера Леоне и е во сопственост на компанија од Хонг Конг, ја смени својата дестинација во Бразил. Тој брод е исто така под санкции наметнати од ЕУ, Велика Британија и Канада. Регулаторните и санкциите ризикуваат да ги запрат испораките Третиот танкер, „Агиои Фанедес“, кој првично го сигнализираше Њујорк како своја дестинација, сè уште плови кон североисточниот брег на САД, но ниту тој нема потврдено пристаниште за истовар. Неговиот сопственик, грчката компанија „Истерн Медитеран Маритим“, изјави дека бродот продолжува со своето патување во исчекување на инструкции, бидејќи пристаништето каде што ќе се истовари товарот сè уште не е одредено. Мат Смит, аналитичар во „Кплер“, рече дека не би било изненадувачки ако и тој танкер го промени курсот и го напушти американското пристаниште, со оглед на претпазливоста на потенцијалните купувачи поради регулаторни, правни и санкциони ризици. Во меѓувреме, друг танкер, „Бист“, исто така плови кон американскиот атлантски брег. Овој брод натоварил дизел во руското пристаниште Приморск на 27 октомври. Според податоците што ги цитира „Фајненшл тајмс“, првите три танкери требало да транспортираат вкупно околу 140.000 тони руски дизел. Ова се првите пратки опфатени со привремена дозвола од американските власти, издадена откако Трамп објави договор со Путин на 9 октомври за ублажување на ограничувањата за извоз на руски дизел.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter