Дескоска: Не гледам никакво прекршување на законот во изборот на новите антикорупционери - Канал 5

Дескоска: Не гледам никакво прекршување на законот во изборот на новите антикорупционери

Да оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина, рече Дескоска .

Дескоска: Не гледам никакво прекршување на законот во изборот на новите антикорупционери

Јас не гледам никакво прекршување на законот во постапката за избор новите членови на Антикорупциската комисија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за член на ДКСК, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според неа, ако се гледа правнo, роднинските врски со овој степен не се опфатени. – Но надвор од тоа, дури и да се опфаќаше нема формално прекршување на законот, затоа што постапката беше според законите, рече министерката.

Останува на ДКСК, како што посочи Дескоска, дали ќе си ја врши работата совесно, чесно и така како што е пропишано со законот.

– Да оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина, рече Дескоска и додаде дека сега тие имаат и нови надлежности – ќе ценат јавни набавки, финансирање на политички партии, изборните кампањи...

Министерката потсети дека законот за спречување на корупцијата бил носен во транспарентна процедура во консултации со европските експерти и со невладини организации, а селекцијата и изборот на кандидатите гарантирале траспарентен избор.

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ако јавноста смета дека изборот на Бајрами е голем проблем требало да се реагира додека траел изборот, како што се реагираше и за многу други кандидати.

-Оваа мешана комисија ги оценила овие кандидати за најдобри. Следниот период на функционирање на оваа комисија, особено вопредизборен период ќе покаже колку е искрена намерата на било кој да се бори против корупцијата, рече Манчевски.

Тој додаде дека му пречи што долго време Законот за спречување на корупцијата бил блокиран од страна на опозицијата во Собранието.

На прашање за вработувањето во администрацијата на блиски владини функционери, Манчевски одговори дека Антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.

Тој рече дека 10 години сите членови на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им беше забрането да се врабуваат во јавен и приватен сектор.

-Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата... Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа, рече Манчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи

Од државните свечености, до спортот, културата и институциите - Албанците се исклучуваат секаде, додека ВЛЕН молчи.

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи

35 години по независноста, оваа влада покажува дека државата може да биде независна, но стариот менталитет може брзо да се врати со вазалите на ВЛЕН на власт. На одбележувањето на 35-годишнината од независноста, албанскиот јазик беше игнориран во државните настани. Ниту еден збор. Ниту една буква. Ниту еден знак. Како Албанците да не постојат во оваа држава. Но Албанците „не постојат“ ниту кога треба да бидат наградени. На државните награди „8 Септември“, и оваа година резултатот е срамен: 0 Албанци. Ниту еден спортист, ниту еден тренер, ниту едно албанско име меѓу наградените. Значи, за оваа влада, Албанецот е добар само кога треба да ја претставува државата и да носи медали, но станува невидлив кога доаѓа моментот државата да го признае и награди неговиот успех. Ова не е случајност. Ова е политика. И во оваа политика на исклучување, ВЛЕН избра да биде нем набљудувач. Оние кои дојдоа на власт со ветувања за еднаквост, соодветна застапеност и права на Албанците, денес немаат ниту еден збор за Албанците кои се исклучуваат. Каде е ВЛЕН? Каде се вицепремиерите? Каде се министрите? Каде се ветувањата за „правична и соодветна застапеност“? Кога Албанците се исклучуваат, ВЛЕН молчи. Кога Албанците се дискриминираат, ВЛЕН молчи. Кога придонесот на Албанците се брише, ВЛЕН повторно молчи. Ова е нивното лице по повеќе од две години на власт. Време е ВЛЕН да престане да ја крие главата во песок. Албанците не се невидливи. Невидливи стануваат само оние кои наводно ги претставуваат - ВЛЕН, се наведува во партискот соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека до изборите остануваат околу педесет дена и дека ќе поднесе оставка кога ќе ги заврши сите државнички обврски и планираните посети во странство.

Вучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува

„Ќе имам многу посети и многу важни работи што ја засегаат државата. Во меѓувреме имате и национален празник, 15 септември, Денот на националното единство и знамето. Пред тоа имаме голема воена вежба на Пештера, потоа патување во Бања Лука на свечена академија, патување во Њујорк и говор во Обединетите нации и многу, многу средби со светски претставници“, изјави Вучиќ за Pink во Ниш, пренесе Телеграф.

Тој додаде дека пред тоа ќе биде домаќин на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и дека најверојатно ќе оди во Париз и ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Потоа, кога ќе се вратам, ќе поднесам оставка и ќе бидам обичен граѓанин кој оди да разговара со граѓаните, со народот и да се бори за нивната поддршка и доверба“, рече Вучиќ.

Осврнувајќи се на неодамнешната прес-конференција на „студентите во блокадата“ на која беше наведено дека државата ги шпионирала, Вучиќ рече дека дури и тие знаат дека не биле прислушкувани.

„Кога не знаете што да правите, тогаш извадете некои деца и оставете ги да кажат дури и она што не знаат како да го кажат. Затоа имаше голема трема, не можат ни да кажат што некој им рекол да кажат. А службата дури знае дека тие знаат дека не биле прислушкувани, но тоа е работата на службата, не сакам да се занимавам со такви работи“, рече Вучиќ.

Во врска со ова, Вучиќ изјави дека поединци користеле вакви трикови и во Македонија.

„Потоа, Македонија го смени името и сè друго. Понекогаш кога го правите тоа, тој оригинал може да помине. Тоа повторување и копии секогаш изгледаат како фарса. Па така, се обидоа да го повторат истото по 5 октомври, а сега се обидуваат да го применат македонското сценарио. Сè е фарса и не поминува. Нашиот народ е многу попаметен од тоа“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест куќи изгореа ноќеска во албанското летувалиште Химаре, пожарникарите и натаму на терен (ВИДЕО)

Пожарот што ноќеска изгоре шест куќи и колиби во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија е ставен под контрола, изјави денеска албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи.

Шест куќи изгореа ноќеска во албанското летувалиште Химаре, пожарникарите и натаму на терен (ВИДЕО)

Нуфи рече дека пожарникарите се уште се на терен за конечно да го изгаснат пожарот, објавува „Еуроњуз“.

„Во Химаре е целосно мирна ситуацијата, целосно контролирана ситуација“, рече Нуфи.

Според него, повеќе од 170 припадници на вооружените сили, над 300 пожарникари и повеќе од 21 противпожарни возила учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, а воздушната интервенција во познатото летувалиште започнала утрово во 6:30 часот.

„Немало загуба на животи или штети на бизниси, благодарение на интервенцијата и посветеноста на сите службени лица“, нагласи Нуфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер