Мицкоски: Му забивте нож во грб на Македонецот - Канал 5

Мицкоски: Му забивте нож во грб на Македонецот

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа 27. годишна конференција под мотото „Иднина во која веруваме“.

Мицкоски: Му забивте нож во грб на Македонецот

Пред присутните се обратија в.д. Претседателот Јован Јаулевски и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.Оценија дека власта ги разочарала младите, а доказ за тоа е непрестаното иселување.

Годината што изминува не може да се смета за успешна, кога власта посегна по името и идентитетот и на насилен начин тргна да го менува Уставот, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријава

На 09.06.2026 во 12:50 часот во с.Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од с.Новаци.

Лишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријава

Тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во с.Новаци физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања

Од средбата со бугарската колешка Илијана Јотова ни стана јасно дека не се само уставните измени туку и други барања поврзани со протоколите – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања

Според неа, јасно е дека двете земји имаат различни интерпретации за преговарачката рамка и протоколите, но оцени дека важно е што воопшто има дијалог меѓу двете страни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе.

Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржа работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе.

За време на посетата се разговараше за зајакнување на професионалниот интегритет на вработените и унапредување на внатрешните капацитети. Страните разменија искуства за организацијата и функционирањето на институциите за полициски надзор, методологиите за оперативни истраги, постапувањето по претставки од граѓани, механизмите за отчетност, како и предизвиците поврзани со зголемувањето на транспарентноста и јавната доверба.

Од особена важност беше истакнато зајакнување на регионалната соработка и споделување на најдобрите практики во областа на полицискиот надзор.

Претставниците на Агенцијата го презентираа албанскиот модел на полициски надзор, организациската структура и работните практики на Дирекцијата за истраги и Дирекцијата за инспекции и претставки, додека делегацијата од Одделот ја претстави организациската структура и ги сподели искуствата од приоритетите на Планот за професионален интегритет 2026–2028.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер