Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие - Канал 5

Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 10.06.2026 во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.(45) со кого биле во бракоразводна постапка.

Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 08.06.2026 во 20:04 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријави дека на 08.06.2026 на подрачјето на општина Аеродром неговата поранешна сопруга Е.А. физички ги нападнала нивните две малолетни лица и него, при што употребила и тврд предмет.

На 09.06.2026 во 15:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 35-годишна поранешна партнерка.

На 09.06.2026 во 22:00 часот во СВР Штип, 57-годишна жена од Штип пријави дека нејзиниот поранешен партнер А.М.(48) од демиркаписко село ѝ се јавил телефонски и ѝ упатил закани нејзе и на нејзиното семејство. За настанот е запознаен јавен обвинител и претставник на Центарот за социјални работи Штип.

На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години. Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, а детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово.

На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово, 38-годишна жена од Република Албанија, со привремен престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот сопруг Ј.М.(48) од гостиварско, со кого се во бракоразводна постапка, со месеци не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел.

На 09.06.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки. Тој бил задржан во полициска станица и бил известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер