ВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
1ВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
МакедонијаЛишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕНа денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети.Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво. Во прилог, новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. ИЕ4 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова 4. Кавадарци – Тони Нешковски 5. Гевгелија – Димитар Вегов 6. Валандово – Јулија Тушевска 7. Богданци – Марјан Пеев 8. Дојран – Илија Тентов 9. Струмица – Методија Пасков 10. Босилово – Мито Андонов 11. Ново Село – Петар Марков 12. Василево – Славе Андонов 13. Конче – Ацо Митев 14. Радовиш – Бојан Митевски 15. Могила – Драганчо Саботковски 16. Кривогаштани – Александар Богданоски ИЕ5 1. Демир Хисар – Ненад Шундовски 2. Долнени – Сашко Велјановски 3. Крушево – Пеце Стојчески 4. Ресен – Кире Божиновски 5. Охрид – Сашо Донев 6. Дебарца – Златко Силјановски 7. Струга – Ален Деребан 8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски 9. Дебар – Афет Амедоски 10. Центар Жупа – Денис Хасан 11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери 12. Пласница – Луме Адемоглу 13. Боговиње – Алишериф Синани Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква: Побараа средба - ќе добијат средба (ВИДЕО)Амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија побараа средби со руската страна, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.„Не е тајна дека амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија побараа средба со мојот заменик. Ќе ја одржиме таа средба, ќе ги слушнеме што имаат да кажат. Ќе биде интересно да се чуе дека овие луѓе ќе кажат нешто конструктивно откако нивните лидери, Мерц, Стармер и Макрон, кажаа апсолутно навредливи работи за Руската Федерација“, рече Лавров на прес-конференција по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОДКБ во Казан, објави „RT“. Дипломатски гледано, Русија ќе седне, но вратата што ја отвора Москва не е онаа низ која се обидува да помине Е3. Трите земји - заедно Е3, водечката европска дипломатска група за Украина - поминаа месеци составувајќи мировна рамка што ја поддржа Киев, додека Вашингтон остана на дистанца. Сега нивните амбасадори бараат пристап до Москва, која останува неубедена. ❗️ Аmbassadors of the UK, France and Germany have been requesting meetings — FM Lavrov ‘We will have these meetings, we will listen to what they have to say’ pic.twitter.com/dDGx4PtGxx — RT (@RT_com) June 10, 2026 Проблемот е што амбасадорите претставуваат влади чии лидери, од перспектива на Москва, имаат акумулирано историја на личен антагонизам кон Русија што само дипломатските љубезности не можат да ја прикријат. Истите европски влади кои сега инсистираат на дипломатски контакти се оние што Русија јавно ги смета за одговорни за она што го опишува како кампања на непријателство. Лавров не прецизираше кој заменик-министер за надворешни работи ќе ги прими тројцата амбасадори, ниту кога ќе се одржи средбата.Тагови: москва Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ЗдравјеД-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвотоД-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто. На Клиниката за урологија ние имаме историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези. Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, сепак се недоволни да ги задоволиме потребите на нашие пациенти за органи. Кај линвиг-донор трансплантацијата мотивацијата кај донорите е многу поголема затоа што донираат орган за својот најблизок член на фамилијата. Меѓутоа кога се работи за кадаверична трансплантација, тука имаме недоволен број на регрутирани донори, што зависи од нас самите граѓани. Ние сме потенцијални дарители на органи после нашата смрт. Затоа апелирам до сите граѓани на нашата држава да се подигне свеста за органодарителството, затоа што голем број на пациенти чекаат за добивање на орган за трансплантација. Од еден починат донор може да се спасат четири нови животи, ако се направи успешна трансплантација. Тоа се два пациенти што ќе добијат бубрези, да се спасат и да живеат нормален и убав живот. Еден пациент со црн дроб и еден пациент со трансплантирано срце. Затоа е многу важно да ја подигнеме свеста, да знаеме дека од секој починат човек, нормално, според утврдени критериуми, од националиот координатор биде потенцијален донор и да сите ние ги даруваме нашите органи после нашата смрт. Со тоа ќе спасиме многу животи за да може да профункционираат во иднина“, вели д-р Дохчев, хирург од Универзитетската клиника за урологија. Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година. Министерството за здравство, заедно со сите чинители продолжува со оваа кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста! Тагови: Д-р Дохчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter