Бактериолошки загадена вода во велешко и тиквешко

Во водата од селските водоводи во велешко но и во тиквешкиот регион многу често е забележано присуство на бактерија ешерихија коли.
Надлежните апелираат што поскоро да се постават хлоринатори со цел да се избегнат посериозни здравствени проблеми.

Повеќе за ова од Ана Милевска Ѓеоргиева. .



Меј за референдумот: Импресивна демонстрација на демократија

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска.

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска со кој се отвора патот за легализирање на абортусот, нарекувајќи го “импресивна демонстрација на демократија која покажала јасен и недвосмислен резултат“.

Меј им ја честита на граѓаните на Ирска успешната кампања “да“, пренесе „АП“.

Откако референдумот во Ирска изгласа за правото на абортус, целото внимание е насочено кон парламентот на таа земја, кој би требало сега да ги донесе новите закони за абортус.

Официјалните резултати од регерендумот кој е одржан во петокот покажаа дека 66 отсто од граѓаните на Ирска гласале за укинување на осмиот амандман на уставот на Ирска, која забранува абортус, наспрема 34 отсто од оние кои гласаа за зачувување на тој амандман.

Ирскиот премиер Лео Варадкар, после објавување на официјалните резултати порача дека денот кога референдумот се одржал претставува историски ден за неговата земја и голем чин на демократија и истакна дека неговата влада забрзано ќе работи на донесувањето на новите закони со кои абортус ќе биде легализиран во првите 12 недели од бременоста.

Повеќе од 64 отсто од граѓаните со право на глас излегле на овој референдум, што е еден од рекордите во таа земја.

Протести во Берлин: „Без ислам во Германија“, „Меркел мора да си оди“ (фото)

Неколку илјади приврзаници на германската партија Алтернатива за Германија (AfD) прошетаа низ центарот на Берлин протестирајќи против канцеларката Ангела Меркел.

Демонстрантите носеа германски знамиња, транспаренти со натписот „Без ислам во Германија“ и извикуваа „Меркел мора да си оди“, пренесува „АП“.
 

Foto: Tanjug/AP/Markus Screiber

На улиците има околу 2000 полицајци, кои се распоредени за да спречат можни инциденти, бидејќи во Берлин се организираат и контрамитинзи.

Во групите кои планираат контрамитинзи се наоѓаат и уметници и здружението на музички клубови во Берлин кои се надеваат дека ќе го “одвеат“ собирот на AfD со гласните звуци на техно музиката.

Foto: Tanjug/Markus Screiber



 

Агенцијата пренела дека на денешниот собир на AfD се очекува присуство на околу 10.000 луѓе на кои ќе им се обратат лидерите на партијата.

Алтернатива за Германија стана најголемата опозициска партија во таа земја откако минатата година на парламентарните избори освои 12.6 отсто од гласовите, под влијание на се поголемото расположение на граѓаните против мигрантите и против естаблишментот, наведува „АП“.

притисни ентер