Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс - Канал 5

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Растат цените на енергенсите на европските и американските пазари

Растат цените на енергенсите на европските и американските пазари цената на нафтата од типот Брент ја премина границата од 107,50 долари за барел додека европскиот природен гас повторно се приближи на ниво од околу 82 евра за мегават-час.

Растат цените на енергенсите на европските и американските пазари

Цената на американската нафта моментно е 103,24 долари за барел за идни договори.

Кај нас дизелот е поевтин за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари и за првпат по почетокот на кризата надминаа 100 денари за литар..

Со владината мерка за намалување на акцизата и последната за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто според Мицкоски дневно ќе се заштедат по 250 илјади евра.

Поради ценовните шокови не се исклучува и можноста за нов ребаланс на буџетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карим Бензема се сели во Бундеслигата?

Според германски извори,  некогашниот капитен на Реал Мадрид, Французинот Карим Бензема би можел да ја продолжи кариерата во Бундеслигата, поточно во Баер Леверкузен.

Карим Бензема се сели во Бундеслигата?

Еден од најскапо платените светски фудбалери, Карим Бензема моментално е без клуб, а според германскиот „Билд“, францускиот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата во Бајер Леверкузен.

Наводно, Бензема веќе разговарал со поранешниот соиграч Лукас Васкез, како и со Муса Дијаби, со кого играше во Ал Итихад, за да се распраша за состојбата во клубот.

Дополнително внимание привлече и фактот што Бензема неодамна почна да го следи Бајер на Инстаграм.

Сепак, кога „Билд“ стапи во контакт со спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, доби прилично воздржан одговор, па засега нема потврда дека искусниот Французин навистина ќе го носи дресот на германскиот клуб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)

Наглиот пораст на цените на горивото за време на викендот предизвика протести низ цела Сирија – тоа се најголемите демонстрации во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад пред речиси две години.

Сирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)

Демонстрантите палеа гуми и блокираа главни патишта – вклучително и автопатот што го поврзува главниот град Дамаск со индустрискиот центар Алепо – откако сириската влада во саботата ја зголеми цената на дизелот за 40 отсто. Новата цена изнесува 175 сириски фунти за литар, што е еквивалентно на 1,32 американски долари за литар.

Зголемувањето на цените дополнително го отежна товарот за Сиријците, кои со години се соочуваат со економска криза. Програмата на Обединетите нации за развој проценува дека 90 отсто од Сиријците живеат под прагот на сиромаштија, во споредба со околу една третина од населението пред почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година.

Како дел од најголемото во низата поскапувања воведени од почетокот на војната, владата исто така ги зголеми цените на гасот за домаќинствата и индустријата за 9 отсто, на бензинот со 95 октани за 28 отсто и на бензинот со 90 октани за 26 отсто.

Демонстрантите исто така блокираа конвои со цистерни за нафта кои се упатуваа кон рафинериите во централна Сирија, при што некои од нив бараа смена на министрите за енергетика и економија, како и на шефот на Сириската нафтена компанија.

Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдулхамид Салат, во неделата изјави дека зголемувањето на цените е привремена мерка наметната од повисоките глобални трошоци за набавка и големата зависност на Сирија од увоз, додавајќи дека цените може да се зголемат или намалат во зависност од променливите околности. Сирија во голема мера се потпира на руска нафта, увезувајќи околу 60.000 барели дневно оваа година, иако Дамаск му соопшти на Вашингтон дека е подготвен значително да го намали тој увоз.

Тоа снабдување е под зголемен притисок поради украинските напади врз руските рафинерии, кои го намалија производството и ја поттикнаа Москва да го ограничи извозот на бензин и дизел.

Цените ги одразуваат не само трошоците за сурова нафта, туку и недостигот на рафинирани производи и повисоките трошоци за преработка, транспорт и снабдување, рече Салат во изјавата.

Недостигот дополнително се влоши поради тримесечното затворање на рафинеријата Банијас – најголемата во Сирија – заради нејзиниот прв сеопфатен ремонт. По најновото поскапување, цената на бензинот со 95 октани е зголемена за околу 86 отсто од февруари, додека цената на дизелот е повеќе од двојно зголемена. Референтната цена на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за приближно 44 отсто, зголемувајќи се од 72,48 на 104,61 долар за барел.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер