Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ЖивотОва е популарното вежбање 10-2-20 со кое губите 15 килограми за 2 месеца! (видео)Салото се топи ако редовно вежбате.Може ли секојдневното 20 минутно пешачење да биде клуч за губење на тежината? Се чини дека фитнес фанатиците на Тикток веруваат во ова. Популарното вежбање 10-2-20 се појави на социјалните мрежи како тренинг со низок интензитет, но сепак исклучително ефикасен начин за слабеење до 15 килограми за два месеци. Вежбањето вклучува одење по лента со наклон од 10% со брзина од 3,2 км/час (2 милји на час), 20 минути четири пати неделно. Ова се предлага како алтернатива на рутината 12-3-30, која бара одење со брзина од 4,8 км/час (3 милји на час) под наклон од 12 проценти во траење од 30 минути. Втората верзија исто така дава ефект Сепак, експертите велат дека помалку интензивната верзија е сепак ефикасен начин за слабеење. Вежбањето 10-2-20 додека кревате тегови и се храните здраво може да ви помогне да изгубите осум до десет килограми масти за шест до осум недели, изјави Никол Раух Винтер, фитнес тренер во фитнес програмата„Ladder“ базирана на Тикток апликацијата. Иако првичниот тренинг можеби не изгледа толку тежок за почеток, тој е всушност интензивен, вели Дин Дејвис Брукс, професорка по кинезиологија на Универзитетот во Северна Каролина Гринсборо. - Мора да бидете во прилично пристојна форма за да одите 30 минути со такво темпо, по таква угорнина, изјавила таа за „Health“. Според тоа, корисниците создале малку поблага верзија која би била полесна за постигнување за просечен човек. - Наместо да тренирам погрешно, или уште полошо, воопшто да не вежбам, јас го модифицирав според себе, 10-2-20, што сепак е предизвик, но нешто што јас можам да го издржам, изјавила една корисничка на Тикток со име Џенифер Никол. Некои од корисниците на социјалните мрежи биле воодушевени од постигнатите резултати. - Ослабев 1 кг за две недели само со помош на лента за трчање, коментирала корисничката Наима на објавата на г-ѓа Винтер. - За девојките кои ја користеле оваа апликација и се заблагодариле за правилото 10-2-20 на Тикток, споделила во видео корисничката со име Миранда Чејен, наведувајќи дека оваа рутина ќе ѝ помогне да го доведе своето „тело“ во форма пред одморот. Тренинзите на лента за трчање стануваат сè попопуларни Овој тип на вежбање, според г-ѓа Џорџи Спарлинг, основач на онлајн платформата GS Method, обезбедува одличен кардиоваскуларен тренинг кој истовремено ги зајакнува мускулите на долниот дел од телото и ја зголемува издржливоста. Таа нагласува дека овие вежби го зголемуваат отчукувањата на срцето без премногу оптоварување на зглобовите, што ги прави помалку страшни како вовед во вежбањето за оние кои можеби не се чувствуваат подготвени за поинтензивна рутина. Додека г-ѓа Спарлинг го препорачува овој вид вежбање како дел од здравиот начин на живот, таа ја нагласува важноста на варијациите и комбинирањето со други форми на кардио вежби или физички активности како пилатесот или различни спортови за да се избегне монотонијата при вежбањето. Исто така, важно е да се земат предвид потенцијалните ризици од прекумерното оптоварување на зглобовите и грбот, како и можноста за болки во колената, зглобовите или потколениците кај некои луѓе кои не се навикнати на интензивни вежби, како што се одењето или трчањето. @nicolemwinter_ Its that simple ill show you 🔗 in b!0 #howtolosefatfast #strengthandcardioworkout #bestworkoutforfatloss #fatlosstipsandtricksforwomen #workoutsthathelpwith #strengthandrunning #zone2cardio ♬ original sound - EX7STENCE™ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Црна хроника20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрогаTask Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода.Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи. Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка. Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во еден од случаите полициските службеници пронашле и одзеле 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, додека во друг случај пронајден е и одземен голем патнички куфер полн со марихуана. На подрачјето на СВР Скопје, при претреси на три локации што ги користело едно лице, одземени се осум кеси со околу 800 грама марихуана, при што лицето е лишено од слобода. На подрачјето на СВР Велес, при претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра. Во рамки на активностите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, извршени се претреси на четири локации, при што две лица се лишени од слобода, а пронајдени и одземени се околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и 4,58 грама марихуана. За преземените активности ќе следуваат соодветни кривични пријави. Ова се конкретни резултати од координираната работа на полициските службеници на терен и продолжение на засиленото постапување против лицата и криминалните структури инволвирани во производство и недозволена трговија со наркотична дрога. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на лицата инволвирани во овој вид криминал, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter