Груевски: САД останува стратегиски партнер на Македонија

САД остануваат стратешки партнер на Македонија, истакна премиерот Груевски по средбата со американскиот потпретседател Џозеф Бајден која заврши доцна синоќа.
На средбата станало збор за реформите во Македонија, добрите односи меѓу двете земји како и позитивните работи и предизвиците кои се случиле во периодот помеѓу двете средби односно од 2011 до сега.

Груевски и Бајден говореле и за безбедбосната состојба во регионот, а на средбата станало збор и за влезот на Македонија во НАТО.

Премиерот Груевски во Вашингтон се сретна и со претседателот на Законодавниот комитет на Конгресот Пити Сешн, што всушност е еден од највлијателните комитети и со помошник сектерат за национална безбедност Ален Берсин.Во фокусот на разговорите биле безбедноста на регионот, трговската размена и мигрантската криза. Сешен како што соопштува ја поддржал економската политика на земјата .

На средбата со Бесин клучна тема биле можностите за унапредување на соработката на САД во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици.


30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

Заврши распитот на Кичеец, во тек е распитот на Боки 13

Пред околу половина час заврши распитот на втроосомничениот во случајот, Зоран Милевски – Кичеец.

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер