Бебето го истисна Принцот Хари од третата позиција во редот за Крал на Империјата

Британските ројалисти кои што со денови чекаа на радосната вест денеска први го видоа изводот на родени на новиот престолонаследник

Принцезата од Кембриџ роди здраво машко дете со што принцот Чарлс доби внук а  кралицата Елизабета правнук кој што е трет во редот за кралскиот трон.

Нејзиното височество, Војвотката од Кембриџ попладнево роди здраво машко дете, тешко 3.8 килограми. Сопругата на принцот Вилијам успешно се породила по природен пат во болницата сент мери во западен Лондон а кралското семејство соопштило дека Кејт се породила во 16.24 часот и дека на свет донела машко бебе тешко 3.790 грама.

Породувањето на кое присуствувал и гордиот татко принцот Вилијам. траело 11 часа.

Веста за продувањето за разлика од предходно наместо од Бакингемската палата сега дошле од од Кенсингтонската палата, што дел од набљудувачите го сметаат како сигнал дека наскоро ќе има промени во кралското семејство. Внукот на чарлс кој што сеуште нема име може да стане крал на англија ако од тронот се откажат неговиот дето и татко му вилијам. Принцот Хари сега е четврти во редот кој води до кралска позиција.
притисни ентер