Арифи најави обнова на спортскиот центар во Тетово - Канал 5

Арифи најави обнова на спортскиот центар во Тетово

Преземање на потребни активности за обновување на Спортскиот центар во Тетово.

Арифи најави обнова на спортскиот центар во Тетово
Ова го најави градоначалничката на општината Теута Арифи при денешното примопредавање на обновениот терен на градскиот стадион што беше активност финасирана од страна на Фудбалската Федерација на Македонија. ФФМ има обврска да постави и рефлектори за одигрување на ноќни натпревари додека општината со јавно приватно партнерство треба да ги обнови трибините , потрибинскиот простор и другите делови и од овој и од стариот градски стадион.

-Полека, полека, едно по едно. Денеска ете како што гледате после 20 години реновираме стадион. И таму 20 години за жал ништо не е направено така да ќе стигнеме и таму, изјава, Теута Арифи, градоначалничка на општина Тетово.
.
Од своја страна дел од младите веќе не можат да чекаат надлежните општината и концесионерот што го има добиено Центарот пред десеттина години и натаму да оставаат тој да пропаѓа и да се користи за се друго а не за спорт и рекреација на тетовци.
-Ако тие за две недели не започнат со работа тука ние сами започнуваме. И сега може да очекуваат во наредниве две недели сите оние компании што добија признанија за општествена одговорност може да не очекуваат да им тропнеме на врата и да им побараме помош, изјава, Александар Мановски, Граѓанска иницијатива за обнова на Спортскиот центар Тетово.
-Имаше феноменални услови тука а не како сега возила на сите страни, депонија, нема ни вода тука и веќе две децении нема ниту клинец ставено тука, ништо не е инвестирано, изјава, Ике Јовановски, Граѓанска иницијатива за обнова на Спортскиот центар Тетово.
Пред дваесеттина години Спортскиот центар во Тетово беше едно од најпостените места во градот од младите, спортистите и другите граѓани. Негрижата на надлежните и забот на времето придонесоа тогашните случувања и состојби да бидат само сеќавања за едни подобри минати времиња.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отровни змии преплавија село во Кина по поплавите- жителите се борат за живот (ВИДЕО)

Стотици змии преплавија село во Кина откако обилните дождови предизвикани од моќен тајфун поплавија фарма за змии, дозволувајќи им да избегаат во надојдената вода.

Отровни змии преплавија село во Кина по поплавите- жителите се борат за живот (ВИДЕО)

Морничави снимки ги прикажуваат влекачите како се лизгаат со голема брзина низ матните поплавни води во селото Хангжу, објави Дејли Меил.

Едно особено застрашувачко видео покажува кобра како ја крева главата од водата на заканувачки начин, додека друго ги прикажува селаните како користат метли за да ги избркаат змиите додека се движат низ поплавените улици.

Според локалните медиуми, змиите избегале од блиската фарма за змии, што ги натерало властите да се снабдат со противотров и да им дадат инструкции на жителите што да прават ако наидат на змија.

Најмалку еден локален жител бил каснат од змија и бил однесен на лекување, според локалните медиуми. Драматичните сцени доаѓаат во време кога 39 лица загинаа во Кина откако тропска бура донесе обилни дождови и предизвика широко распространети поплави.

Бројот на жртви е најголем во Хангжу, каде што делумно пукање на браната на резервоар предизвика ненадејни поплави во кои загинаа 26 лица, изјави на прес-конференција Динг Веи, заменик-градоначалник на градот Нанинг, чија администрација го покрива подрачјето.

Девет лица сè уште се водат како исчезнати во поширокиот регион Гуангкси. Тропската бура Мајсак донесе рекордни врнежи од дожд во Гуангкси од саботата, предизвикувајќи прелевање на резервоарите и оставајќи ги луѓето заробени во домовите и другите згради со денови.

Бројот на жртви претходно беше пријавен на шест во вторник.

Во меѓувреме, друга бура, тајфунот Бави, е над морето и се предвидува дека ќе помине северно од Тајван, носејќи обилни дождови на островот со 23 милиони жители, пред да ги погоди кинеските провинции Џеџијанг или Фуџијан во сабота.

Националниот метеоролошки центар соопшти дека јужните делови на Гуангкси се погодени од пообилни врнежи од дожд со денови, при што некои области добиваат помеѓу 100 и 400 милиметри дожд, додека најтешко погодените области добиваат повеќе од 900 милиметри.

Спасувачките екипи продолжија да евакуираат повеќе од 10.000 ученици и наставници заробени во училишен комплекс во градот Гуиганг, североисточно од Хангжу, во четврток.

Голем број животни беа исто така заробени или однесени од надојдените води додека бурата ја зафати областа. Зоолошката градина Гуиганг соопшти дека повеќе од 100 животни се водат како исчезнати, вклучувајќи две зебри, четири ежови и десетици тропски птици.

Сопственик на засолниште за животни во округот Бинјанг, северозападно од Хангжу, се бореше да спаси околу 200 мачки и десетици кучиња во последните денови, носејќи ги кучињата по две истовремено низ силни струи.

Дронови и околу 5.700 чамци беа користени во масовна спасувачка операција за да се стигне до луѓето заробени во водата, а спасувачите се борат со силни струи и остатоци за да стигнат до нив. Околу 130.000 луѓе се евакуирани.

Динг рече дека поплавните води се повлекуваат, но се очекуваат повеќе дождови во некои области во следните два дена. Екипи се распоредени за чистење на калта и остатоците и дезинфекција на неколку градови во Хангжу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синот на Нетанјаху си го смени името и презимето

Јаир Нетанјаху, најстариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, официјално го смени своето име во Јонатан Хун, објави израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на даночни документи.

Синот на Нетанјаху си го смени името и презимето

Според весникот, Нетанјаху ја поднел својата даночна пријава за 2026 година под ново име, но со ист идентификациски број и адреса како и неговата даночна пријава за 2024 година, која била поднесена под неговото родено име.

Јонатан беше името на неговиот чичко

Во Израел, по официјалната промена на името, името не може повторно да се промени во период од седум години. Не е познато дали Нетанјаху планира да се претстави под ново име во иднина или го променил од други причини. Тој продолжува да го користи своето оригинално име на социјалните мрежи.

Името Јонатан го носел чичкото на Јаир, братот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Јонатан (Јони) Нетанјаху бил убиен во 1976 година за време на операцијата Ентебе, во која израелските сили ослободиле заложници држени од киднапери во Уганда. Хун е оригиналното презиме на неговиот дедо по мајчина линија, Шмуел Бен-Арци, кој пред хебреизацијата се викал Самуел Хун.

„Хаарец“ наведува дека најстариот син на премиерот со години го користи презимето Хун на одредени профили на социјалните мрежи, но не е познато зошто решил официјално да го усвои токму сега.

Тој живее во Флорида во последните неколку години

34-годишниот Јаир е познат како десничарски активист и водител на подкасти, а во последните неколку години живее во Флорида. Се издвојува по своите провокативни објави на социјалните мрежи и врските со крајно десничарски политичари и јавни личности во Европа и САД.

Неговиот помлад брат Авнер исто така официјално го променил своето име порано. Откако купил стан во Лондон, бил регистриран во земјишниот регистар како Ави Сегал, користејќи законски одобрен псевдоним земен од моминското презиме на неговата баба по таткова линија. Минатата година, тој изјави дека одлучил да го промени своето име од безбедносни причини за време на студиите во британската престолнина.

И Бенџамин Нетанјаху за време на студиите на МИТ во 1970-тите го променил своето име во Бенџамин „Бен“ Нитаи. Подоцна објаснил дека го направил ова за да им го олесни на Американците да го изговараат неговото презиме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доктор доби доживотна казна поради убиство на 15 пациенти, се истражуваат уште 76 случаи

Доктор за палијативна нега во Германија е осуден на доживотен затвор за убиство на 15 од неговите пациенти, а обвинителите се сомневаат дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем.

Доктор доби доживотна казна поради убиство на 15 пациенти, се истражуваат уште 76 случаи

Суд во Берлин го прогласи 41-годишниот доктор, идентификуван само како Јоханес М. според германските закони за приватност, за виновен за убиствата на 12 жени и тројца мажи помеѓу септември 2021 и јули 2024 година.

Според властите, овие убиства би можеле да бидат само врвот на ледениот брег. Обвинителите во моментов истражуваат 76 други случаи во кои осудениот доктор е осомничен за вмешаност.

Неговите жртви биле на возраст помеѓу 25 и 94 години. На судењето се слушна дека сите пациенти биле сериозно болни, но дека нивната смрт не била веднаш очекувана, објави Би-Би-Си.

Обвинителите тврдат дека докторот дал смртоносна комбинација од различни лекови за време на домашните посети, без знаење или согласност на пациентите.

За да ги прикрие своите траги, тој неколку пати палел пожари, според обвинението.

Во јули 2024 година, кратко пред неговото апсење, обвинителството тврди дека убил двајца пациенти во ист ден: 75-годишен маж во својот дом во центарот на Берлин, а неколку часа подоцна 76-годишна жена во соседна општина.

Потоа наводно се обидел да ја запали куќата на жената, но не успеал.

Во поголемиот дел од судењето, кое траело околу една година, докторот не се изјаснил за обвиненијата. Сепак, минатиот месец признал дека убил 12 тешко болни пациенти.

Тој му рекол на судот дека се убедил себеси дека го прави правилното нешто и дека ги штеди од „страдање и беспомошност“.

„Секогаш мислев дека ова е најдоброто решение за сите“, рекол докторот, додавајќи дека се извинил за страдањето што го предизвикал.

Германските медиуми известуваат дека доколку се докажат другите случаи и тој биде прогласен за виновен, тој би можел да стане еден од најголемите сериски убијци во германската историја.

Обвинетиот рекол дека „ќе соработува многу порано“ со истражните органи во претстојната постапка.

За време на судењето, членовите на семејството на жртвите сведочеа дека сè уште не можат да поверуваат што се случило.

Мајката на најмладата жртва, 25-годишна жена која починала во 2021 година, низ солзи изјави дека нејзината ќерка „никогаш не рекла дека повеќе не сака да живее“.

Синот на 72-годишната жена која почина во 2024 година рече дека неговата мајка планирала патување до Балтичкото Море со неговата сестра.

„Мајка ми сакаше да продолжи да живее“, рече тој.

Судот заклучи дека степенот на вина на осуденото лице е особено сериозен. Покрај доживотната казна, беше наредено тој да биде држен во превентивен притвор по истекот на казната, а му беше забрането и доживотно да се занимава со медицина.

Во Германија, доживотната казна е формално доживотна, но осудениот може да побара условна слобода, обично по 15 години, освен ако судот не утврди дека постои „особено сериозна вина“. Во тој случај, ослободувањето по 15 години практично се одложува.

Покрај тоа, постои посебна мерка наречена превентивен притвор. Не се извршува за време на издржување на казната, туку само ако осудениот еден ден стекне право да го напушти затворот, а се процени дека сè уште претставува сериозна опасност за општеството. Во тој случај, тој не е ослободен, туку останува во посебна установа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер