Драма во основно училиште во Словенија: Ученик наводно прободел соученик со нож учениците итно евакуирани - Канал 5

Драма во основно училиште во Словенија: Ученик наводно прободел соученик со нож учениците итно евакуирани

Во основното училиште „Милан Јарц“ во словенечкиот град Чрномељ, ученик наводно прободел свој врсник со нож. 

Драма во основно училиште во Словенија: Ученик наводно прободел соученик со нож учениците итно евакуирани

Учениците биле итно евакуирани, голем број полицајци се присутни околу училиштето, а повреденото дете е пренесено во болница.

Голем број полициски службеници и криминалистички истражители се на терен уште од утринава во словенечкиот град Чрномељ, додека граѓаните преку социјалните мрежи предупредуваат да се избегнува подрачјето околу училиштето каде што се случил напад.

Информации за настаните во училиштето се појавија на социјалните мрежи денес во 9:43 часот.

„Нешто се случи во основното училиште 'Милан Јарц' во Чрномељ. Не знаеме што. Има многу полицајци, а децата се надвор. Избегнувајте ја областа околу училиштето!“ – напиша член на една Фејсбук група.

Вработен во училиштето и полицијата од Ново Место за „Словенске новице“ потврдија дека децата се надвор и дека полицијата е на лице место.

„Според првичните сознанија, детето се здобило со полесни повреди. На самото место му била укажана прва помош, по што екипа на итната медицинска помош го пренела детето во болница на преглед и понатамошен третман“, соопштија од полицијата. Полицијата сè уште нема потврдено информации за напад со нож, а се очекува и одговор од управата на училиштето во врска со тоа што точно се случило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции

Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции, интензивно ќе се работи на изградба на автопатските и железнички делници, ќе се градат пречистителни станици.

Стојаноски: Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции

Буџетот за 2027 година претставува јасна потврда за определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со одговорно управување со јавните финансии, да ја зајакнува економската стабилност, да создава услови за нови инвестиции и да го забрзува развојот на државата, со јасна цел економскиот напредок да се почувствува преку нови работни места, подобра инфраструктура, посилно стопанство и поголеми можности за граѓаните.

Капиталните инвестиции заземаат централно место во Буџетот, за кои се предвидени 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, средства кои што се наменети за реализација на проекти кои имаат долгорочно значење за економскиот развој и подобрувањето на инфраструктурата во државата.

Дополнително, преку Јавното претпријатие за државни патишта се планирани уште 18 милијарди денари инвестиции, од кои над 12 милијарди денари се проектирани за изградба на патните делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, како дел од стратешките инфраструктурни коридори 8 и 10д.

Продолжува и реализацијата на автопатските делници Кичево–Охрид, Кичево–Букојчани и Скопје–Блаце, со што се создаваат услови за подобра поврзаност на регионите, побезбеден сообраќај, полесен транспорт на стоки и услуги и поголема конкурентност на македонската економија.

Посебно значајни се инвестициите во железничката инфраструктура, каде што за 2027 година се предвидени 6,2 милијарди денари, што претставува зголемување од 53,6% во однос на претходната година.

Продолжува изградбата на железничката делница Бељаковце–Крива Паланка, а се планираат и активности за делницата Крива Паланка–граница со Бугарија, како и изградба и опремување на заедничката железничка гранична станица Табановце и започнување на проектот за набавка на нови дополнителни локомотиви.

Паралелно со патната и железничката инфраструктура, продолжуваат и инвестициите во комуналните проекти, меѓу кои се и пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, како и планираните активности во Велес, Штип и Виница.

За владината програма „Економски развој“ во 2027 година се планирани 9,7 милијарди денари, што претставува зголемување од 30,5% во однос на 2026 година, а средствата се насочени кон поддршка на инвестициските вложувања, привлекување на нови инвеститори и создавање подобри услови за раст и развој на домашните компании.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага секоја инвестиција, секој проект и секој потрошен денар да донесе реална вредност за државата и за луѓето, поради што успешноста на Буџетот нема да ја мериме само преку планираните средства, туку пред сè преку реализираните проекти, изградените патишта, модернизираната железница, новите инвестиции и работните места што ќе бидат отворени.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство: Продолжуваме да градиме партнерства засновани на доверба

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Маја Сивањанам, амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија.

Мицкоски се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство: Продолжуваме да градиме партнерства засновани на доверба

„Остварив средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, нејзината екселенција Маја Сивањанам.

На средбата разговаравме за традиционално добрите македонско-британски односи, стратешкото партнерство и можностите за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Продолжуваме да градиме партнерства засновани на доверба, пријателство и заедничка посветеност на стабилноста и просперитетот.“- објави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер